Holdfast Nations At War
Шутерска игра од времето на Наполеон.. играш со британци или со французи и играш со флинтлок пушки.. Многу се непрецизни и многу време треба за да се наполнат.. Има повеќе класи на пешадиски војници, кавалисти, тапанџии, офицери, мускетари, гренадиери, знаменосци, столари и доктори со различен вид на предности и улоги во играта...
Мене јако ми е оти никогаш не си начисто.. имаш 1 куршум во директен дуел, и нишанот за нишање ти е колку пола екран.. Мене барем ми е многу пореално...
Инаку играта ја зедов на стим за 15 евра.. Во скор секое време има барем еден сервер со игра за army battlefield а поретко има за coastal siege, naval warfare и army siege...
Инаку апсолутно нај-јаката работа во оваа игра е што официерите имаат In-game погласен микрофон од другите, и вообичано се крајни role-players.. Зборуваат исто како британски команданти од 19ти век и пробуваат да формираат линија која ќе пука по нивните наредби.. рол плејот е прејак.. скоро сите играчи играат рол плеј, а офицерите имаат акцент и сите нешта на британски officer and gentleman...
Сакам да ми препорачате игра што не е фантазија .. т.е игра што е историска...
1060 GTX Nvidia, i7-6700, 16 GB DDR4, така да би требало било која да можам да ја играм.
Би преферирал да е шутерска/стратегија или тактика.. Да не е RPG/MMORPG оти за тоа треба многу време...