chocolate chip cookies
chocolate chip cookies
220 грама несолен путер, на собна температура
150 грама бел шеќер и 150 грама темен (кафеав) шеќер (ако нема може 300 грама бел.. иако вкус му дава тој темниот)
2 големи јајца
2 чајни лажички ванила
420 грама брашно
1 чајна лажичка - сода бикербона
малку сол (1/4 мала чајна лажичка)
270 грама исечкано млечно чоколадо на мали парчиња (0.5cm x 0.5cm)
На крај додадете ореви или лечници по желба
Продготовка:
Загревате на 170 степени еден плех (неизмрсен) само го прекривате со хартија за печење.
Во сад со миксер ги мешате путерот, шеќерот, околу 2 мин. Потоа ги додавате јајцата па пак мешате, кога ќе стане смесата хомогена додавате ванилата, и мешате уште малку.
Во друг сад додавате брашно, сода-бикербона и сол и ги мешате со лажичка. Потоа ја додавате оваа смеса во првиот сад и мешате додека не стане хомогено. Тогаш ги додавате исечканите чоколадца, и мешате повторно додека тие не се распоредат низ цела смеса. АКо е премногу меко го оставате ова 30 мин во фрижидер, доколку не веднаш продолжувате.
Правите нешто како жетони со големина: 3-4 цм дијаметар и дебелина пола до 1 сантиметар.
Правите такви 12 и ги ставате во загреаниот плех. Се печат околу 12-14 минути...
Тоа го повторувате уште 3 пати и ако сте работеле добро ќе ви излезат 4х12 колачиња.
Се оставаат да се изладат.
Премногу се вкусни, рецептов е од Нестле
