Premier League - Season 2020/2021

Кој ќе биде шампион во сезоната 2020/2021?


  • Вкупно гласачи
    166
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.648
Поени од реакции
8.238
свесен сум дека ако фати ЛШ ке го остават ама ако да видам и вашето трпение колкаво е
не бе брат таман работа Пеп само праи формација и по некоја измена, останатото Артета и по уште некој потрчко а Пеп си лапа титули


Sent from my iPhone using Tapatalk
Пишав мислам во нашиот фан клуб, ама ај како одговор и овде! Пошто оваа ситуација не се однесува само на Солскјер, туку и на Лампард па држи вода да биде во оваа тема.
Оле ја има таа комоција што ни Ферги ја немал, има Јунајтедовско педигре, плус отров менаџери пред него, па секој кога ќе прави анализа на неговата работа и резултати си вика: ќути бар не играме автобуси и гаѓај го Фелаини :mad: . Со Погба се справува многу покалма отколку Мурџо, кој му се скара како со мало дете. Овој тихо тихо му кажа: респект за залагањето и желбите, ама никој не е поголем од клубот. Појачувањата му се попогодени од на претходните менаџери, дури и со оставштината се справува релативно добро(треба да имаш живци да мораш да го играш Ајсмен).
Тоа што е ќути-бути ние го гледаме како недостаток, оти навикнавме на инати и кокодакања на нашите менаџери во овој преоден период, после Ферги, ама на крај може ќе испадне и не така лошо.
Ај да не трујам тука, имам и јас забелешки на почетните состави и ротациите, ама лесно е да си генерал од фотеља.
Истава тирада се однесува и за Челзи и Лампард, мање-више!
За тактики и потрчковци сети се на Ди Матео, ќе видиш како функционира оооогромен клуб!
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.064
Поени од реакции
19.450
Вечер јак натпревар би требало да биди Челзи Вест Хем, Вест Хем на големите екипи им го зеде скалпот, а со Челзи имаат само еден пораз на последните 6 натпревари.
Автоматски споено мислење:

Уф, не знам Тино дали е спремен и колку е. Па и Пулишиќ не знам дали е 100%..

Ова второво и јас го мислам, може да испадне нешто добро, мислам дека тоа е можеби и најдоброто во моментов што треба да се проба
Многу малку доверба има во ... и покрај тоа што немаме здрав играч на таа позиција тој го форсира уште Вернер крило а Тино нема одиграно ни 10 минути во ПЛ.
Премногу контрадикторно ми звучи се кога ќе се сетиш дека со години ги критикувавме поради краткорочно работење, избрзани откази и слично. Сега кога клубот конечно покажа некаква намера за нешто подолгорочно, со добар план, потребни беа четири месеци за се да се сврти и да се вратиме на старото?

Секој кој следи подетално верувам знае дека и следните три натпревари да се порази, не би требало да има во клубот било какви муабети за откази. Ќе има премногу критики, ама нема да е тоа повод да се фрли се во вода и да се почнува од старт.

И да, ситуацијата не е идеална затоа што после сите инвестиции требаше да се во подобра позиција моментално. Ама никако не смее да не се зема во обзир фактот дека сезонава не е нормална, дека сите киксаат и дека моментално уште не сме ни до пола. Секој резултат предизвикува промени на табелата и исто како што Челзи падна 6 позиции, толку лесно може и да се искачи сега пак 6 позиции. Така да не треба воопшто да се гледа табелата така моментално.




На Тино не му е крило природна позиција. А и ако игра крило, игра лево. Каде што треба Пулишич да игра, и каде што игра Вернер ако веќе игра на крило. Нема поента и да го форсираш било каде само колку да игра, па да се изгуби скроз и толку да е од него во клубов.
Тино во младински играше крило. Секако дека му е поприродно да игра крило нему отколку на Тимо Вернер.

Легитимно е луѓе да зборуваат за отказ. Легитимно е да се зборува. Колку е тоа паметно или не, не знам. Односно знам, Лампард мора да има трета сезона во Челзи.

Но, но. Болдирано е ова ,,но" и многу проблематично.

Никој не очекуваше сезонава дека Челзи ќе освојува титули. Титула во куп и некој прогрес во 1/4 финале од ЛШ, ќе претставуваа одличен капитал за во иднина.

Очекувањата беа и тука сме сите согласни:

1) Создавање идентитет, филозофија на игра и препознатлив пристап. Според мене и најважното. Многу поважно и од места на табела и титули во моментов. Челзи тоа го нема. Сезона ипол со Лампард, Челзи тоа го нема. Ние на еден натпревар изгледаме како Ливерпул, на друг како Барнли. Нема континуитет, нема играчки и тренерски печат. Ова највеќе ме загрижува.

2) Намалување на ,,гапот" помеѓу првиот и Челзи. ,,Гапот" е намален, ама најмалку поради самите ние. Намален е поради тоа што Ливерпул не може дури и во нормални околности да го повтори ланското, бројните повреди и далеку полоши изданија на тимови што минатата сезона изгледаа сосема добро. Челзи во споредба со лани има помалку бодови во во Премеир Лига.

3) Конкурентност, да сме ,,тука некаде" и да немаме маки за топ 4. Ние конкурентни не сме, а како што тргна работава борбата за ЛШ ќе биде слична на онаа од минатата сезона.

4) Индивудален и тимски прогрес. Не е пронајдено. Освен Рис Џејмс, не гледам кој фудбалер прогресирал поради Лампард. Тука името на Ентони Бери повеќе би го врзал, но ајде, да не биде дека не добива тренерот кредит. Напротив, многу од фудбалерите регресираат. Томори не постои, Хаверц е послаб одошто треба да биде, шетањата на Вернер низ позиции му ја урнисаа самодовербата и формата, најдобриот фудбалер од Челзи лани, двапати е послаб. Па и Абрахам би го додал тука.

Затоа, можеш да мислиш што ти душа сака и тоа е, ќе повторам, легитимно. Како што е легитимно некој да го става Лампард во контекст на отказ и бркање.
Јас не сум за тоа, ама совршено разбирам од каде произлегува.
Ху да фак из Тино :eek:
 
Последно уредено:

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Вечер јак натпревар би требало да биди Челзи Вест Хем, Вест Хем на големите екипи им го зеде скалпот, а со Челзи имаат само еден пораз на последните 6 натпревари.
Автоматски споено мислење:





Ху да фак из Тино :eek:
Еден од двајцава, никад не сфатив кој е кој

 
Член од
1 август 2015
Мислења
412
Поени од реакции
702
Искрено се надевам дека ќе пропадне во Чемпионшип, заедно со неговите приказни и посраниот стил и клуб. :smirce:
Со тој посран стил, 100 милионски играчи никад не би биле само на гол и асистенција на 15 утакмици :love:
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.573
Поени од реакции
5.618
Ако се прилагодуваат на секој брзоног играч, треба секоја утакмица да не излегуваат од свои 20 метри ко посраниот барнли. Замисли да си од тој град и да треба да навиваш за нив, знаејќи дека никогаш твојот тим нема да игра убав фудбал, нема да даде петарда, да направи акција за око, буквално мизерија од појава е тој тим. Би ги отпишал во весник, ќе шетам низ град со дрес на најголемиот ривал, а онај жолтиот тренер би го прогласил за персона нон грата и би го тужел за злосторство против гледачите на фудбал :D
Ги имаш ли ти момче некогаш гледано Барнли?
Знаеш ли нешто за клубот и слично?

По муабетов осеќам 2 пати у последниве 4 години ги имаш фатено дур си листал канали. А мислење строго од Кајгана имаш формирано за нив. :)
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.648
Поени од реакции
8.238
Еве му шанса да ги гледа, на СК 1 играат со Вулфс! Додуша сеуште не излегле од шеснаесет овие 10 минути, ама кај е да е ќе биде ;)
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Не е толку тешко, подобар тренер е од Лампард.
Тажно би било на 30+ тренерска кариера да не биде подобар од тренер-почетник.
Мислам, ништо не ми значи ова само по себе. Ниту пак ваквата безлична компарација ќе го направи него добар тренер вреден за хајпот создаден околу него.

Најјако е тоа што големото тренериште кое несомнено е подобро од Лампард, прелани со најскапиот тим во Чемпионшип загуби во полуфинале од аматерот и од играчи како Томори, Маунт и Хари Вилсон.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.573
Поени од реакции
5.618
Еве му шанса да ги гледа, на СК 1 играат со Вулфс! Додуша сеуште не излегле од шеснаесет овие 10 минути, ама кај е да е ќе биде ;)
Штета шутот на Вуд што не идеше у рамки на гол... Еден од поубавите голови у лига сезонава ќе беше :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom