Тино во младински играше крило. Секако дека му е поприродно да игра крило нему отколку на Тимо Вернер.
Легитимно е луѓе да зборуваат за отказ. Легитимно е да се зборува. Колку е тоа паметно или не, не знам. Односно знам, Лампард мора да има трета сезона во Челзи.
Но, но. Болдирано е ова ,,но" и многу проблематично.
Никој не очекуваше сезонава дека Челзи ќе освојува титули. Титула во куп и некој прогрес во 1/4 финале од ЛШ, ќе претставуваа одличен капитал за во иднина.
Очекувањата беа и тука сме сите согласни:
1) Создавање идентитет, филозофија на игра и препознатлив пристап. Според мене и најважното. Многу поважно и од места на табела и титули во моментов. Челзи тоа го нема. Сезона ипол со Лампард, Челзи тоа го нема. Ние на еден натпревар изгледаме како Ливерпул, на друг како Барнли. Нема континуитет, нема играчки и тренерски печат. Ова највеќе ме загрижува.
2) Намалување на ,,гапот" помеѓу првиот и Челзи. ,,Гапот" е намален, ама најмалку поради самите ние. Намален е поради тоа што Ливерпул не може дури и во нормални околности да го повтори ланското, бројните повреди и далеку полоши изданија на тимови што минатата сезона изгледаа сосема добро. Челзи во споредба со лани има помалку бодови во во Премеир Лига.
3) Конкурентност, да сме ,,тука некаде" и да немаме маки за топ 4. Ние конкурентни не сме, а како што тргна работава борбата за ЛШ ќе биде слична на онаа од минатата сезона.
4) Индивудален и тимски прогрес. Не е пронајдено. Освен Рис Џејмс, не гледам кој фудбалер прогресирал поради Лампард. Тука името на Ентони Бери повеќе би го врзал, но ајде, да не биде дека не добива тренерот кредит. Напротив, многу од фудбалерите регресираат. Томори не постои, Хаверц е послаб одошто треба да биде, шетањата на Вернер низ позиции му ја урнисаа самодовербата и формата, најдобриот фудбалер од Челзи лани, двапати е послаб. Па и Абрахам би го додал тука.
Затоа, можеш да мислиш што ти душа сака и тоа е, ќе повторам, легитимно. Како што е легитимно некој да го става Лампард во контекст на отказ и бркање.
Јас не сум за тоа, ама совршено разбирам од каде произлегува.