Фан Клуб: Челзи

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Уф, не знам Тино дали е спремен и колку е. Па и Пулишиќ не знам дали е 100%..

Ова второво и јас го мислам, може да испадне нешто добро, мислам дека тоа е можеби и најдоброто во моментов што треба да се проба
 
B

Beginner

Гостин
Многу малку доверба има во Тино... и покрај тоа што немаме здрав играч на таа позиција тој го форсира уште Вернер крило а Тино нема одиграно ни 10 минути во ПЛ.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
Премногу контрадикторно ми звучи се кога ќе се сетиш дека со години ги критикувавме поради краткорочно работење, избрзани откази и слично. Сега кога клубот конечно покажа некаква намера за нешто подолгорочно, со добар план, потребни беа четири месеци за се да се сврти и да се вратиме на старото?

Секој кој следи подетално верувам знае дека и следните три натпревари да се порази, не би требало да има во клубот било какви муабети за откази. Ќе има премногу критики, ама нема да е тоа повод да се фрли се во вода и да се почнува од старт.

И да, ситуацијата не е идеална затоа што после сите инвестиции требаше да се во подобра позиција моментално. Ама никако не смее да не се зема во обзир фактот дека сезонава не е нормална, дека сите киксаат и дека моментално уште не сме ни до пола. Секој резултат предизвикува промени на табелата и исто како што Челзи падна 6 позиции, толку лесно може и да се искачи сега пак 6 позиции. Така да не треба воопшто да се гледа табелата така моментално.



Многу малку доверба има во Тино... и покрај тоа што немаме здрав играч на таа позиција тој го форсира уште Вернер крило а Тино нема одиграно ни 10 минути во ПЛ.
На Тино не му е крило природна позиција. А и ако игра крило, игра лево. Каде што треба Пулишич да игра, и каде што игра Вернер ако веќе игра на крило. Нема поента и да го форсираш било каде само колку да игра, па да се изгуби скроз и толку да е од него во клубов.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Премногу контрадикторно ми звучи се кога ќе се сетиш дека со години ги критикувавме поради краткорочно работење, избрзани откази и слично. Сега кога клубот конечно покажа некаква намера за нешто подолгорочно, со добар план, потребни беа четири месеци за се да се сврти и да се вратиме на старото?

Секој кој следи подетално верувам знае дека и следните три натпревари да се порази, не би требало да има во клубот било какви муабети за откази. Ќе има премногу критики, ама нема да е тоа повод да се фрли се во вода и да се почнува од старт.

И да, ситуацијата не е идеална затоа што после сите инвестиции требаше да се во подобра позиција моментално. Ама никако не смее да не се зема во обзир фактот дека сезонава не е нормална, дека сите киксаат и дека моментално уште не сме ни до пола. Секој резултат предизвикува промени на табелата и исто како што Челзи падна 6 позиции, толку лесно може и да се искачи сега пак 6 позиции. Така да не треба воопшто да се гледа табелата така моментално.




На Тино не му е крило природна позиција. А и ако игра крило, игра лево. Каде што треба Пулишич да игра, и каде што игра Вернер ако веќе игра на крило. Нема поента и да го форсираш било каде само колку да игра, па да се изгуби скроз и толку да е од него во клубов.
А бе сфаќам се тоа, ама ако планот не е на прав пат ваљда треба да се смени.

Значи, онака од око планот беше:

Лани: топ 4

Сега: топ 3

Догодина: компетитивност со прво место

Потоа: Борба за титула и компетитивност во ЛШ

Така?

Е па, ако изгубиме денеска и не ги тепаме Арсенал...тогаш нема да бидеме на прав пат за планот.

Пошто ете, долгорочен план е супер и се тоа..

Ама што ако Лампард остане до крај на сезонава..и завршиме на 5 место?
Паѓа во вода планот и треба да донесеме нов тренер кој магично ќе треба да го наследи тимот и преку ноќ од 5 место да го однесе во борба за титула?

Затоа муабетот ми е...кога делува дека застрануваме од долгорочниот план..треба промена.

И пак, да напоменам, не го велам ова сега дека треба да се случи туку доколку застраниме од патот.

А ако кикснеме со Вест Хем и Арсенал...може да се каже дека не сме баш на прав пат.
И оптимист сум за утакмициве, не е дека "hehe vi rekov", пошто не сакам да верувам дека ќе имаме два лоши меча неделава.

И тоа е проблемот со лигава што е стисната:

Победа = ок, се е по план, се враќаме у игра ок е, ништо пресериозно, се дешава, нема простор за негатива

реми или пораз = Ууууф....
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Тино во младински играше крило. Секако дека му е поприродно да игра крило нему отколку на Тимо Вернер.

Легитимно е луѓе да зборуваат за отказ. Легитимно е да се зборува. Колку е тоа паметно или не, не знам. Односно знам, Лампард мора да има трета сезона во Челзи.

Но, но. Болдирано е ова ,,но" и многу проблематично.

Никој не очекуваше сезонава дека Челзи ќе освојува титули. Титула во куп и некој прогрес во 1/4 финале од ЛШ, ќе претставуваа одличен капитал за во иднина.

Очекувањата беа и тука сме сите согласни:

1) Создавање идентитет, филозофија на игра и препознатлив пристап. Според мене и најважното. Многу поважно и од места на табела и титули во моментов. Челзи тоа го нема. Сезона ипол со Лампард, Челзи тоа го нема. Ние на еден натпревар изгледаме како Ливерпул, на друг како Барнли. Нема континуитет, нема играчки и тренерски печат. Ова највеќе ме загрижува.

2) Намалување на ,,гапот" помеѓу првиот и Челзи. ,,Гапот" е намален, ама најмалку поради самите ние. Намален е поради тоа што Ливерпул не може дури и во нормални околности да го повтори ланското, бројните повреди и далеку полоши изданија на тимови што минатата сезона изгледаа сосема добро. Челзи во споредба со лани има помалку бодови во во Премеир Лига.

3) Конкурентност, да сме ,,тука некаде" и да немаме маки за топ 4. Ние конкурентни не сме, а како што тргна работава борбата за ЛШ ќе биде слична на онаа од минатата сезона.

4) Индивудален и тимски прогрес. Не е пронајдено. Освен Рис Џејмс, не гледам кој фудбалер прогресирал поради Лампард. Тука името на Ентони Бери повеќе би го врзал, но ајде, да не биде дека не добива тренерот кредит. Напротив, многу од фудбалерите регресираат. Томори не постои, Хаверц е послаб одошто треба да биде, шетањата на Вернер низ позиции му ја урнисаа самодовербата и формата, најдобриот фудбалер од Челзи лани, двапати е послаб. Па и Абрахам би го додал тука.

Затоа, можеш да мислиш што ти душа сака и тоа е, ќе повторам, легитимно. Како што е легитимно некој да го става Лампард во контекст на отказ и бркање.
Јас не сум за тоа, ама совршено разбирам од каде произлегува.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
А бе сфаќам се тоа, ама ако планот не е на прав пат ваљда треба да се смени.

Значи, онака од око планот беше:

Лани: топ 4

Сега: топ 3

Догодина: компетитивност со прво место

Потоа: Борба за титула и компетитивност во ЛШ

Така?

Е па, ако изгубиме денеска и не ги тепаме Арсенал...тогаш нема да бидеме на прав пат за планот.

Пошто ете, долгорочен план е супер и се тоа..

Ама што ако Лампард остане до крај на сезонава..и завршиме на 5 место?
Паѓа во вода планот и треба да донесеме нов тренер кој магично ќе треба да го наследи тимот и преку ноќ од 5 место да го однесе во борба за титула?

Затоа муабетот ми е...кога делува дека застрануваме од долгорочниот план..треба промена.

И пак, да напоменам, не го велам ова сега дека треба да се случи туку доколку застраниме од патот.

А ако кикснеме со Вест Хем и Арсенал...може да се каже дека не сме баш на прав пат.
И оптимист сум за утакмициве, не е дека "hehe vi rekov", пошто не сакам да верувам дека ќе имаме два лоши меча неделава.

И тоа е проблемот со лигава што е стисната:

Победа = ок, се е по план, се враќаме у игра ок е, ништо пресериозно, се дешава, нема простор за негатива

реми или пораз = Ууууф....
Пак, тоа дали се на прав пат ќе покаже крајот на сезоната. Сега два добри месеци нема да покажат дека се на прав пат, па така ни два лоши месеци не треба да покажат дека се на лош пат.

Многу е реакционо од сега да се прават тие муабети.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Пак, тоа дали се на прав пат ќе покаже крајот на сезоната. Сега два добри месеци нема да покажат дека се на прав пат, па така ни два лоши месеци не треба да покажат дека се на лош пат.

Многу е реакционо од сега да се прават тие муабети.
Уф, шо знам, тука не се сложуваме.
Те сфаќам што сакаш да кажеш, и на крај на сезона ќе видиме дали се на добар пат...
...ама може на средина на сезона да се види ако се на лош пат :D

Така да се сложувам еве, да победиме вечер и да извадиме реми со Арсенал ќе кажам "ајде да почекаме да видиме дали ќе бидеме на добар пат"

Ама ако изгубиме вечер некако патометарот ќе ми оди накај лошо :D
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Еве што сум рекол во Септември (значи сепак не ми е муабетов "mala kriza i odma jadam gomna" туку уште тогаш сум мислел дека нешто е труло)

Што е ситуацијава со клубов сега?
Нели, планот е оваа сезона да билдаме сериозен тим за следна сезона да бидеме озбилни демек.

Што ако планот не успее? Пример, да сме 7мо место после 15 кола? Лампард би си одел? Или го чуваме до крај на сезона? Што ако на крај на оваа сезона не играме ЛШ?
Постов ми беше сериозно прашање, што еве, прееска со Донев пак го правевме и сфаќам дека цело време истите муабети ги вртиме во круг :D :D

Во септември сум поставил хипотетичка ситуација "Што ако сме седми после 15 кола дали е тоа знак дека планот не се одвива добро"

Денеска Челзи ќе го одигра 14 натпревар во Премиер Лигата што значи после викендов ќе дојдеме до таа бројка што сум ја дал во септември - 15 кола

Дали може да се каже дека сепак не изгледа ситуацијата така добро АКО (пак, по милионити пат, не викам дека би се десило, само хипотетички прашувам) после следното коло Челзи е на седмото или недај боже место полошо од седмото?

Иначе for reference, и јас и Донев сме доказ дека фан клубов има стабилни луѓе ( :D ) пошто од Септември до сега ништо се нема сменето, јас и тогаш и сега сум поставувал хипотетички прашања за лоша сезона на Челзи, а Донев и тогаш стоел на ставот дека треба да се даде време да видиме што би испаднало.

Мислам дека не е лошо клубовите да имаат "checkpoints" за да се види до каде е сезоната, а секако Божиќ е одличен чекпоинт.
Пред сезоната многумина би биле ептен незадоволни ако некој им кажал "ej челзи е седми на божиќ"


Ама нели, ПЛ, корона, хаос, може лесно да се случи и топ 4 да сме после следното коло :D
Па после тоа ќе бидеме задоволни...се до Февруари кога пак ќе сврземе вакви резултати...и пак криза.......па пак ќе сврземе..и така со до последно или претпоследно коло кога ќе се бориме за топ 4 со Тотенхем, Лестер и Јунајтед :D
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
Еве што сум рекол во Септември (значи сепак не ми е муабетов "mala kriza i odma jadam gomna" туку уште тогаш сум мислел дека нешто е труло)


Постов ми беше сериозно прашање, што еве, прееска со Донев пак го правевме и сфаќам дека цело време истите муабети ги вртиме во круг :D :D

Во септември сум поставил хипотетичка ситуација "Што ако сме седми после 15 кола дали е тоа знак дека планот не се одвива добро"

Денеска Челзи ќе го одигра 14 натпревар во Премиер Лигата што значи после викендов ќе дојдеме до таа бројка што сум ја дал во септември - 15 кола

Дали може да се каже дека сепак не изгледа ситуацијата така добро АКО (пак, по милионити пат, не викам дека би се десило, само хипотетички прашувам) после следното коло Челзи е на седмото или недај боже место полошо од седмото?

Иначе for reference, и јас и Донев сме доказ дека фан клубов има стабилни луѓе ( :D ) пошто од Септември до сега ништо се нема сменето, јас и тогаш и сега сум поставувал хипотетички прашања за лоша сезона на Челзи, а Донев и тогаш стоел на ставот дека треба да се даде време да видиме што би испаднало.

Мислам дека не е лошо клубовите да имаат "checkpoints" за да се види до каде е сезоната, а секако Божиќ е одличен чекпоинт.
Пред сезоната многумина би биле ептен незадоволни ако некој им кажал "ej челзи е седми на божиќ"


Ама нели, ПЛ, корона, хаос, може лесно да се случи и топ 4 да сме после следното коло :D
Па после тоа ќе бидеме задоволни...се до Февруари кога пак ќе сврземе вакви резултати...и пак криза.......па пак ќе сврземе..и така со до последно или претпоследно коло кога ќе се бориме за топ 4 со Тотенхем, Лестер и Јунајтед :D
Нема никаква поента такви хипотетички муабети да се прават, мене ми се ептен глупи. Истото го кажав и тогаш. Секако не е добро ни такви рамки да има предодредено. Посебно па сезонава, меѓу другото и затоа што не се поклопуваат временски колата со претходните сезони. И ако веќе така гледаш, што ако Челзи ги изгуби и следните два натпревари, а потоа до крај на сезона победи на сите? Која била поентата да оценуваш на ни пола одиграна сезона?
 
B

Beginner

Гостин
20201221_203320.jpg
Одои на клупа а на Зијах изгледа му дал подолг одмор. Хаверц на клупа (y)
@Донев Обично прв ги објавуваш тимовите дали е се во ред :D
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
Прегледај го приврзокот 277846
Одои на клупа а на Зијах изгледа му дал подолг одмор. Хаверц на клупа (y)
@Донев Обично прв ги објавуваш тимовите дали е се во ред :D
Ќе ми се споеше со претходниот пост, а и треба да имам замени овде кога нема да ставам :D


Добар состав. Вест Хем би требало да се затворени, па би можел Жоржињо да помогне.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Секако Чилвел ќе се повреди пошто немање на милион повреди е премногу мејнстрим

Ццц што малери сме бе :(
Автоматски споено мислење:

Тоооооо цецо
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.340
Поени од реакции
5.438
Стварно немаме среќа со ова повредиве на битни играчи.
Се гледа дека Емерсон и Азпиликуета не се на тоа ниво.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Разликата помеѓу претходните мечеви и овој е исклучиво во резултатот.
Како се шетаат овие од Вест Хем, браво. Капитенот не знае кај тера, Емерсон толку може.

Единствената шанса каде што можевме да ја решиме, Вернер и Пулишиќ ја покакаа. Вернер никако не смееш бе друже ова да го промашиш, никако. Иако Пулишиќ предолго ја чуваше топката и мораше да се ослободи порано.
Генерално премногу ја тупи, влегува во непотребни дуели. Па играј едноставно да му ебам мајката. Не си во Дортмунд.

Уште нешто. Се надевам дека во иднина Челзи ќе купува играчи без никаква историја на повреди. Никаква. Си паднал од слива како дете, ништо. Оди играј во Венло. Си го набил прстот на десната рака во шесто одделение во Дојран на екскурзија во хотел ,,Изгрев", мрш во Вилем Втори.
Па преку таквото. Не се работи за среќа, се работи за поседување фудбалери-мекуши. Од ветрот би се повредиле. Од ништо непредизвикан ја свитка ногата во втора минута, Бог да чува и да брани.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom