Premier League - Season 2020/2021

Кој ќе биде шампион во сезоната 2020/2021?

  • Вкупно гласачи
    166
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Добро утро мили.

Редно време е да зборуваме за 70 милионскиот Родри и неговата обичност во тимот на Сити.
Сериозно, освен фудбалските хипстери кои на дебито лани во Комјунити се воодушевуваа од не знам што, дали паметите дека Родри изиграл партија за паметење? Дали Родри прави разлика?
Кога може еден Погба вечно да се мачка со фекалии, или Пепе (неосновано во добра мера), тогаш не знам зошто овој би бил исклучок.

Фернандињо на овие години > Родри. И вчера баш многу убаво се виде.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.185
Поени од реакции
107.821
Мое мислење е дека кај Пеп покрај послабиот квалитет на дефанзивците од тоа што треба да го има е и тактиката, односно системот што го преферира. Пеп уште од првата сезона во Сити имаше проблем со екипи што играат пресинг и трчаат повеќе од неговата екипа, памтам Борнмут константни проблеми му правеа а се бореа за опстанок или беа во долен дел на табелата. Еве Лестер вчера, Ливерпул 3 години со ред итн. Не знам зошто не сфаќа човекот дека не му е ова Барса и не е 2011 година, него 2020 па фудбалот малце се измени, почнаа и послабите екипи да играат, а плус и се наоѓа во ПЛ која е најтешка лига во светот каде нема лесни поени против ниту еден клуб. Еве приметете против сите екипи што играат добар пресинг и што имаат јака транзиција Сити го јаде немиен, Волфс, Лестер, Пул... Умре тоа време каде им играше на екипите со 80% посед и им седеа 11 играчи позади топка 90 минути и wowowow браво Пеп најдобар си топка не допреа другите.

За квалитетот и сам си е крив, кој го тера да купува идиоти како Кансело, Стоунс, Менди, Данило... За овие сигурно околи 200м се дадени, 0 импакт има од сите 4ца заедно. Едино Лапорт му се погоди ко трансфер, другото све би убил.
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.068
Поени од реакции
57.362
Добро утро мили.

Редно време е да зборуваме за 70 милионскиот Родри и неговата обичност во тимот на Сити.
Сериозно, освен фудбалските хипстери кои на дебито лани во Комјунити се воодушевуваа од не знам што, дали паметите дека Родри изиграл партија за паметење? Дали Родри прави разлика?
Кога може еден Погба вечно да се мачка со фекалии, или Пепе (неосновано во добра мера), тогаш не знам зошто овој би бил исклучок.

Фернандињо на овие години > Родри. И вчера баш многу убаво се виде.
Ех, да е само Родри...
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Ех, да е само Родри...
Збирштина на полу-фудбалери, тоа е веќе апсолвирано. Ме чуди толку лоша селекција да имаш на неограничен буџет.

Гвардиола во секој нов тим после Барселона се обидува да пронајде реплики. Родри му е репликата за Бускец. Бог и шеширџија. И затоа му се случуваат Лестери.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Баталете одбрана, Сити нема напаѓач и средина.

Не знам зошто ниеднаш не донесоа напаѓач? Немаат купено напаѓач од времето на Манчини. Жезуз не го рачунам оти како дете дојде, а и не тоа тоа.

Во средина не направија транзиција. Се знаеше дека Силва и Фернандињо се стари и дека помина нивното и они го земаа Родри кој ништо не покажа. Гундоган е стално повреден.
Средната им се состои од 3 играчи. Де Брујне, Родри и дедото Фернандињо. Фоден треба да игра во средина, а Пеп го игра крило, како да нема 20 крила во тимот.

Сити моментално има Де Брујне, крила и милион дрва во одбрана. Е тоа има Сити.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Жесус го донесоа зимата и Пеп планираше уште наредното лето да се ослободи од Агуеро. Три сезони подоцна, уште се потпира на Агуеро :icon_lol:

За Менди ќе ме убиевте овде кога ви кажував дека е криминал и дека од хеликоптер се гледа дека Пеп ќе си има проблеми со него. Кај има уште за учење како фудбалер, се бламира и тера Инстаграм кариера од соблекувална. Пеп си е конфликтен лик како и Мурињо и како и Фергусон што беше и сите останати со големо его, не знам зошто и воопшто се труди со купување на такви идиоти.

Добро вика Стефан, ете и Кансело, нели ликов се бунтуваше, правеше глупости на тренинзи со Јувентус само за да го пуштат да оди во Сити, куп фудбалери сакаат да одат некаде па се однесуваат професионално до сам крај, не ме чуди на вакви да троши 90% од времето за тренинг и на крај на натпревар иста песна да биде на тема перформанс.

Да не збориме дека од најскапиот и најхајпаниот младински состав за овие десетина години излезе само Фоден, што е исто така тешка брука на сите тие спамови и документарци дека имаат elite development squad.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Дури мислам дека и Вирџил немаше да биде тоа што е денес да отидеше во Сити, ќе го играше дмф на утакмици...
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Како и да е, еден лош пораз не значи дека нема Сити да гази сезонава како досега. А и имаат уште време да купуваат, ОАЕ уште не се распаднати и шеиците не се у затвор за жал. Ја избушија УЕФА убаво скоро, па сеа имаат бланко чек.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.562
Поени од реакции
52.359
Отсуствата на Лапорт, Силва, Агуеро не се нешто што треба да се занемарува.

Иначе другите лиги си продолжија со пет измени, само ПЛ се врати на три. Кога ќе умрат сите во февруари и ќе си испаднат лабаво од ЛШ и ЛЕ баш да видиме кој ќе биде крив. Клубовите си гласаа ако не се лажам.
 
Агуеро е повреденко и тоа се очекува, да го нема. Силва знаеше и сам дека ќе си оди, не е наш проблем што сака да го замени со Фоден а не сме ни ние криви што на 23ца играчи од одбрана, само еден му е со врвен квалитет и перформанси, па тимот да му пропаѓа без него.
 
Мислеше на Б.Силва најверојатно. Ама и да не е повреден и тој е крилен играч, а проблемите се на друго место.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Отсуствата на Лапорт, Силва, Агуеро не се нешто што треба да се занемарува.

Иначе другите лиги си продолжија со пет измени, само ПЛ се врати на три. Кога ќе умрат сите во февруари и ќе си испаднат лабаво од ЛШ и ЛЕ баш да видиме кој ќе биде крив. Клубовите си гласаа ако не се лажам.
Само нашиов тим има повеќе повредени кои имаат импакт врз играта и замислите на Лампард.

Кај Ливерпул го нема Цимикас, Хендерсон и Милнер се ,,на граница", им нема два стопери. Ниту Матип, ниту Гомез. Чемберлејн е отсутен исто така.

Не е за занемарување, ама никако не е оправдување за пет гола од Лестер дома или за некакво жалење.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.562
Поени од реакции
52.359
Агуеро е повреденко и тоа се очекува, да го нема. Силва знаеше и сам дека ќе си оди, не е наш проблем што сака да го замени со Фоден а не сме ни ние криви што на 23ца играчи од одбрана, само еден му е со врвен квалитет и перформанси, па тимот да му пропаѓа без него.
Бернардо :D
 
Член од
14 мај 2019
Мислења
1.486
Поени од реакции
-759
Не се согласувам баш, кога го изјавува ова Мурињо не е баш дупи си ги, туку знаци на шизофренија и параноја. За греота е човеков.

Како овие бумериве по ФБ кај нас што дробат за пет ге, никој не се замара што кажал, дури не го ни опоменуваат веќе.
Podobar e Solskjer, Mourinjo za nisto ne go biva.

Samo ne mi e jasno poso ne pisuvam vo fan klubot vekje, koga igracite na Mancester kje bidat mec fit? Ili i za toa e vinoven Wudward?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom