Premier League - Season 2019/2020

Кој ќе биде шампион 2019/2020 во ЕПЛ?


  • Вкупно гласачи
    280
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Докторски Ентони Тејлор, проследен со ВАР лакрдијата.

Милион пати сум кажал, ќе повторам уште милион. Никогаш, ама никогаш Премиер Лига нема да биде најдобра, со вакво бесрамно делење на правдата.

Врвот беше кога стартот на Зума над Марсијал, оној што на прва се виде дека е опасен и дека Зума го откорна колегата од репрезентација, не беше санкциониран како таков, туку беше досуден аут, правилно.
За да 10 секунди потоа, Зума добие жолт картон.
Значи човеков му даде жолт картон на Зума, поради тоа што овој ја исфрли топката во аут.
Цар.
 
Последно уредено:
Член од
15 февруари 2020
Мислења
104
Поени од реакции
142
За оваа сезона да биде скроз shithousery, фали Мурињо да ги стигне Челзи со Тотенхем, шо очигледно ќе се деси.
Нормално, кога Тотенхем има подобра екипа од Челзи. Од сите кандидати за четврто место Челзи има најслаба екипа. Дури и Арсенал кој баш и не е кандидат за четврто место има подобра екипа од Челзи. Реално Челзи со овој тим е некаде за 7-8 место во лигата, со Волфс.

Инаку, не знам кој го излага Бачуаи дека треба фудбал да игра, онакво дно одамна не сум видел. Комплетен антиталент за фудбал.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.644
Поени од реакции
9.223
Официјално е дека и 5-то место ќе носи ЛШ по суспензијата на Сити или ќе се чека одлуката по нивната жалба?
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.533
Поени од реакции
52.307



Вистинските идиоти сме уствари сите што мислевме дека на најмизерните судии во цела Европа ќе им помогне варот, чии одлуки ги донесуваат истите тие мизерни судии.
Ваљда ќе им дадат и по некоја награда за тоа што успешно паѓаат на ФИФА тестови.
 
Член од
15 февруари 2020
Мислења
104
Поени од реакции
142
Врвот беше кога стартот на Зума над Марсијал, оној што на прва се виде дека е опасен и дека Зума го откорна колегата од репрезентација, не беше санкциониран како таков, туку беше досуден аут, правилно.
За да 10 секунди потоа, Зума добие жолт картон.
Значи човеков му даде жолт картон на Зума, поради тоа што овој ја исфрли топката во аут.
Цар.
И тука се реши натпреварот. Да не го добиеше Зума жолтиот картон Челзи ќе победеше. Нема правда, нема мир.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
И тука се реши натпреварот. Да не го добиеше Зума жолтиот картон Челзи ќе победеше. Нема правда, нема мир.
Да. Тука. И претходно кога Мегваер го направи истото што и Сон против Челзи, а не доби картон со соодветна боја. И при 0-1, кога Фред прво го турна Азпиликуета, а овој после Вилијамс.

Ситници, ништо страшно. Секако Челзи ужасно играше.
Обидот за сарказам со фамозната парола, ќе се обидам да го игнорирам.
 
Член од
15 февруари 2020
Мислења
104
Поени од реакции
142
Да. Тука. И претходно кога Мегваер го направи истото што и Сон против Челзи, а не доби картон со соодветна боја. И при 0-1, кога Фред прво го турна Азпиликуета, а овој после Вилијамс.

Ситници, ништо страшно. Секако Челзи ужасно играше.
Одлично играше Челзи, посебно Бачуаи и Вилијан. Двата гола беа оправдано поништени. Фред малку го поттурна Азпиликуета, а овој го однесе Вилијамс и потоа асистираше за голот. Не знам во кој Универзум тоа не е оправдано поништен гол. Мегваер немаше никаква намера да повреди, тој беше пред тоа турнат и заврши на тревата со подигната нога.

Ама џабе правиме муабет, жолтиот на Зума го реши натпреварот. Тоа беше врв.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom