Не можда, него тој Мурињо од сезона 2004/5 и сезона 2005/6 и тој тотално офанзивен пристап што го имаше човекот тогаш, и овај Мурињо сега ти се два различни луѓе. Едноставно мислам дека престојот во Италија го “расипа“ Мурињо, т.е дека тогаш му се вбризга катанаџото во него, после Интер едноставно канцер фудбал играше секаде. И во Челзи кога се врати и во втората сезона кгоа беше шампион, редовно на 1 0 го вадеше Вилиан/Хазард и го ставаше Микел или Тери/Кејхил, зависи кој од стоперите беше на клупа.
А Мурињо во 2004-2006 ееех... Колку само убава игра играше тогаш Челзи. Па рекордот кој што Карло го сруши во 2010 со 103 гола,претходно беше во сопственост на Мурињо, 90 и нешто постигнати гола. Едноставно од прва до последна минута напаѓаа Челзи тогаш и одеа на гол повеќе. Па на една Барса (со Роналдињо) и дадоја 3 гола за 25 минути. Незнам што се деси со човекот стварно, ама убеден сум дека во Италија ја стекна дефанзивноста, таму почна Ето и Пандев дупли бекови да ги игра.