Затоа ли последниве сезони на мнозинството целта им беше топ 4? Па и лани освен тебе повеќето си го прифатија тоа

Паднат е ептен клубот за многу краток период. Ама они лично лани се прогласија за конкуренти за титулата и на крај не успеаа да ги дофрлат копјата од шеста позиција. Сега второ лето со значајни засилувања, стварно ќе биде срамота.
Иначе што мислите, ќе дочекаме во скоро време некој да ја одбрани титулата? Се нема случено уште од 2009та и јас лично не верувам дека би се случило наскоро. Премногу е јака конкуренцијата и кој и да освои, наредна сезона ривалите дупло повеќе ќе се засилат.
Мислев на целокупната фудбалска јавност, не само фановите. Срамота е ова што се дешава со клубот и не е срамота да се признае тоа. Не зошто навивам за Јунајтед, но како фудбалски клуб со белегот што го има оставено во овој спорт, секогаш мора да се бори за врвот во лигата и ЛШ.
Голем дел од фановите се вртат кај што дува ветерот и затоа не ми е чудно што беа задоволни само со топ4 а потоа со трите 'титули'.
Излегува шпекулација за Џејмс - супер, топ е.
Џејмс оди во Баерн, шо ќе ние Џејмс, види какви статистики има Перишиќ (харикирам сега, не беа баш така поврзани мислењата но можеш тоа да го заклучиш од страна).
Исто и лани. Ауу ќе се бориме за титула - оти Мурињо кажал така. За после тоа да испадни дека топ било и топ4 пласман - оти пак Мурињо кажал така. На крај ни топ4 ама битно ќе играат во ЛШ и освоиле три титули - Мурињо рекол така.
Да не ме сфатиш погрешно, лани можеби немаа тим за титула иако мислам дека беа доволно квалитетни барем да останат во чекор до Март-Апрлил за истата, ама она беше резил, да не се повторувам оти нема смисла, нова тема, нов почеток итн.
Тоа што ме курчи најмногу е превртливоста на фановите и многу често менаџерот го ставаат пред клубот барајќи го следниот Ферги - како носталгичарите за СФРЈ - па инфериорни се на секакви глупости од актуелниот менаџер и недај боже да им преречиш, ќе ти се нафрлат како да си им отепал некој во фамилија. Никаква критичка настроеност, ништо. Тоа не можам да го разберам, иначе секој си има право на мислење и став ама почитувам ако се држи до истиот (се разбира ако верува во тоа и е потпрен на јасни аргументи) и да искритикува ако некој им ги смени критериумите и приоритетите.
Оваа сезона, се согласувам со тебе. Титула ПЛ мора да има за да се оправда инвестицијата од лани и оваа година. Знам некако ќе догураат до 2-3то место и пак ќе има оправдувања и јас пак ќе критикувам цела сезона.
Има шанса Челзи оваа сезона да ја одбрани. Има квалитетен состав, нема многу промени а ќе се надогради и квалитетно во составот.
Тотенхем може да напрај проблеми, една година се поискусни а имаат гладен менаџер и играчи за успеси. Би требало да се подобри од лани.
Сити, многу ќе зависи од припремите и како ќе ја прифатат филозофијата на Пеп.
Како и да е, шампионот мислам ќе се бара меѓу овие три тима.