Лани пишував за тоа дека ЕТХ беше најдобар менаџер на Јунајтед се таму до пред крај кога падна зад Мурињо.
Ама годинава како тргна....
Мурињо има 58.33% на победи со Јунајтед во пост-САФ ерата.
Ниту еден во моментов нема ни 55%....
Мојс: 52.94% (1 титула)
Ван Гал: 52.43% (1 титула)
Мурињо: 58.33% (3 титули)
Солскер: 54.17% (ниту една титула)
(Рагник: 37.93%)
И после денеска:
Тен Хаг: 54.69% (две титули)
Јас лично не памтам еден менаџер вака ретроградно да бил докажан за нешто сам против сите.
Имало ситуации каде некој како Конте ќе излезе ќе каже "Спарс се срање" ама..шо кур, сите знаеме дека се срање.
Ама некој да излезе да каже "Ова што го правам е најголем успех во мојата кариера" и истиот човек да има вистински неверојатни успеси, а притоа да е менаџер на екипа што доминирала во лигата до пред некоја година....
.... и сепак тоа после да испадне вистина....
Една декада после САФ очигледно најдобриот менаџер на Јунајтед беше Мурињо (наводно ќе имало документарец наскоро и ќе сме дознаеле дека биле блиски и двајцата тој период)
Треба хард ресет на Јунајтед од почеток
За Лопетеги кажав на почеток на сезоната дека ептен ме интересира како ќе се снајде и дека ова може да му е последна шанса во кариерата за нешто.
Јбг, ептен сум разочаран, тешко дно се годинава, не очекував дека ќе победат денеска. Ако не го искористат овој момент да започнат некаква позитивна серија, Лопетеги максимум во Арабија ќе може да менаџаира.
Од другиве ствари:
Мареска топ, Палмер играчиште. Не очекував денеска вака релативно лагано да победат. Секоја чест за сезонава, ќе треба да видиме како може да се носат со натпревари со поголем притисок. Ама разликата меѓу Покетино и Мареска е небо и земја. Ќе биде тврда битката за топ 4, ако успее Мареска да го врати тимот во ЛШ ќе биде навистина голем успех.
Тотенхем... Анге е ок тренер, ама не би се изненадил ова да му е последна сезона.
И овие ко Јунајтед се за хард ресет, ама не е ова нешто ептен ново или нешто што никој не го знае