Premier League - 2023/2024

Шампион за 23/24 ќе биде?

  • Вкупно гласачи
    232
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.457
Поени од реакции
7.762
Па спорт е, тоа е првичната цел на секој клуб, да освојува титули и да има навивачи. Затоа и имаш повеќе познати клубови и помалку познати клубови. Фудбалот се игра преку 100 години, не е почнат од завчера. И тие клубови некогаш во историјата немале пари, немале титули, можеби биле и на работ на пропаст, паѓале во пониски лиги па се враќале, но со инвестирање на средствата што ги имале во рамките на одредени буџети успеале да донесат играчи, тренери, кои потоа им донеле титули, слава и навивачи низ светот.

Тоа е исто како да кажеш, ама што има врска што докторов 6 години учел медицина, и уште 10 се специјализирал, еве јас ќе си ја купам дипломата на ФОН па дајте ми да оперирам луѓе, зарем само он смее да оперира? Не може целата историја на овие клубови и низ сите проблеми што поминале (меѓу кои спаѓа и твојот Интер) да биде изедначена со Сити само затоа што има некој што истура пари во клубот и сака да прави што му текне на паметот, без да се замара со буџети, долгови, позајмувања и слични работи.
Тресеш глупости и мешаш баби и жаби, тоа е како некој да му каже на Жан Митрев не може ти да ги зимаш најдобрите доктори од Систина, ние имаме повише пациенти, постоиме повеќе години, повише луѓе не знаат и сме биле на раб на пропаст еднаш.

Па уствари имаше бомби каде што Камчев збори како може Жан да купува Јахта во кеш, како можел да плаќа доктори, ќе видел убаво, ќе го уништел. И стварно го уништи преку новинари, му ја урниса репутацијата.

Ова е бизнис, Арапите играат на време, не значи дека ако денес фрлаат милијарди за 20 години нема да им се врати, башка што играат на карта влијание. Односно купуваат значително влијание во Британија и Светот преку фудбалот.

Не може некој да ти забрани да работиш со загуби ако ги покриваш со легални пари.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.899
Поени од реакции
116.245
Не може некој да ти забрани да работиш со загуби ако ги покриваш со легални пари.
Може, ако се согласиле да играат според едни правила а тие играат според други. Знаеш што значи пеглање и местење на финански резултати за една голема компанија? Пример, остварил приход од 50м, а пријавува 250м.... Тоа ти е фингирање на финансиски резултат и претставува криминал. Не ме занимаат Реал и Милан пред 20 години, нека ги гонат сите ако праеле нешто, битното е дека сега Сити прави криминал и поради тој криминал освојува титули. Па сети се дека наш Интер лани изгуби финале ЛШ од истиот тој криминален Сити. Се да им ебам по список јас на нив.
 
Чекај, чекај, не збориме за перење пари, збориме за вистински пари, едно е да пријавиш лажно а друго е вистински да внесеш кеш. Колку што разбирам проблемот е зашто внесувале толку кеш од сопствени фирми.

Значи они стварно внесуваат пари не пеглаат сметки како скржавите Италијански милијардери од Јувентус...

Инаку не дека ги сакам Сити, зборам дека ми е нелогично да казнуваш бизнис што троши сопствени пари за да покрие загуба. Не може тоа да не е дозволено освен ако не докажат дека пере црни пари или пегла сметки.
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.772
Поени од реакции
11.790
Лигата ќе ја угасат до вечер ако сакаат овие.

Освен лигавење на твитер на фанови на тимовите што Сити ги тормози повеќе од деценија нишо поише нема да излезе од ова.
 
faust.mephistopheles

Aga Aganlija
Член од
9 декември 2014
Мислења
754
Поени од реакции
1.636
Лигата ќе ја угасат до вечер ако сакаат овие.

Освен лигавење на твитер на фанови на тимовите што Сити ги тормози повеќе од деценија нишо поише нема да излезе од ова.
Брат.... Пеглаат.
Брат, зошто вакви тврдења? Ако пеглаат како Јуве лигачите слободно нека апаат најголема казна. Ама мене ми се чини дека овие 115 прекршоци ќе излезат на крајот "мобинг" и буквално ќе плаќа ФА на Сити за сите гревови. Мислиш дека Арапиве ќе одат "ол ин" да беа навистина виновни по овие прашања?
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.911
Поени од реакции
67.588

Apaпиве се 100% виновни, не знам дали имаш читано за доказите. Прашањето е само дали Абу Даби ке ја притисне доволно новата влада во Англија, да им прогледаат низ прсти.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.899
Поени од реакции
116.245
Брат, зошто вакви тврдења? Ако пеглаат како Јуве лигачите слободно нека апаат најголема казна. Ама мене ми се чини дека овие 115 прекршоци ќе излезат на крајот "мобинг" и буквално ќе плаќа ФА на Сити за сите гревови. Мислиш дека Арапиве ќе одат "ол ин" да беа навистина виновни по овие прашања?
Ама чекај сеа, работава испаѓа знаеш и ти дека се криви ама тврдиш дека нема да ги казнат пошо се моќни. Го знам и јас тоа, ама знам исто дека се 100% криви и дека по правило треба да го јадат затоа што патат екипи ко Ливерул и Арсенал кои можеа да имаат некоја титула плус на своето конто да не беше Сити со нивните малверзации. Знам дека и Мијалков е крив а нема да го јаде, ти текнува. :)
 
Член од
14 август 2022
Мислења
1.669
Поени од реакции
2.067
Спрема PL laws Сити се криви, но дали и спрема UK Sports laws за кои Сити ги тужи ПЛ дека ги прекршиле ќе видиме од Понеделник кога ќе почне расправата.
 
Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.805
Поени од реакции
12.190
Ете кои се најголемите кодоши.
Да беа клубовите ученици, ова ќе беа оние кои кажуваат кога некој препишува. Или кога некој го напишал домашното на одморот пред да почни часот.

IMG_20240606_233915.jpg
 
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.857
Поени од реакции
9.908
Член од
14 април 2012
Мислења
32.911
Поени од реакции
67.588
Алал вера на Челси, секоја дупка во законот ја открија и искористија. Првин со давање на 8+ години договори, потоа со...

Kajgana Shop

На врв Bottom