Многу добар менаџер. Многу. Еден од најдобрите на својата генерација.
Стварно не ми е јасно како не успеа во Арсенал. Можеби и неговиот неуспех им помогна на Арсенал да станат ова што се, можеби некој таму рекол "чекај бе, како не успеавме со ова, чек да в идиме што сјебавме, дај да смениме све од корен што праиме со години, очигледно не е до менаџерите" па затоа и му дадоа малце повеќе време на Артета (не знам, бладам, не било така сигурно ама не би се изненадил да е)
Кога дојде Астон Вила се бореа за ОПСТАНОК со Стиви Џи. Сега се на чекор од играње во ЛШ следна година.
Ова треба да се проучува, фактот што Лестер ни сјеба очекувања за тоа што е чудо со нешто 1 у билион шанса не го прави ова нешто вообичаено.
Стварно штета што не се снајде во Арсенал ептен, баш фалат повеќе вакви менаџери кои растураат со ваков тим на екипи. Гладен е фудбалскиот свет за вакви приказни и вакови ликови како Емери или Алонсо или што ти знам Тијаго Мота (слободно пишете други) кои со некои екипи што би биле здрави за мид тејбл или бетер успеваат да вадат 200% од потенцијалот.
Менаџериште (ако го тргнеме Арсенал на страна
)
Се надевам ќе играат ЛШ догодина.
А воедно интересно е што и сами за себе си играат во Конференциската лига.
Ако ја освојат, носат поени за Анлгија и тоа 5 пласираната екипа да игра ЛШ... Така да.. мислам догодина ќе ги гледаме Вила во ЛШ (освен ако и Сити не отпаднат уште сега како потенцијално Ливерпул)
А баталете тоа муабети за ботлинг на Арсенал.
Не водеа цела сезона со 10+ поени за да е нешто такво.
Се знаеше дека Сити се #1 фаворити пред Пул и Арсенал цела сезона, разликата беше мала цела сезона и ротираа екипиве така да нема ботлинг тука...освен ако Сити не ја освојат титулата. Тоа би било ботлинг. А вака екипа што се очекува да биде 2 или 3 да се борела цела сезона за титула и на крај да биде 2 или 3 не е ботлинг, очекувано е, сепак и за почит е што еве 2 сезони по ред се борат за титула, ова некој да ви го кажуваше пред 3-4 години ќе го направевте будала, што само говори колку Арсенал е напреднат