Ах бе Клоп Клоп... Уште додека беше во Дортмунд, а Ливерпул почнуваше да тони во незапирлива криза се знаеше дека оваа комбинација ќе биде најсовршениот спој што може да постои. Бајка што ќе остане запишана засекогаш во историјата. Бајка на која што за жал и дојде својот крај. Бајка која што можеби и никогаш нема да се повтори.
Чувството моментално е толку силно што како да си изгубил близок член од своето семејство. Уште од првиот момент кога влезе во тимот почна да остава голема емоција што веќе да се следи Ливерпул како тим почна да значи многу повеќе од само 90 минути шутирање на топка. Почнуваќи од пресконференциите пред и после натпревар, сите мотивациски говори, сите пресврсти, незаменливиот однос со играчи каде што на секој натпревар секој возвраќа со 200% влог, способноста од играчи кои вредат 1 евро да ги направи најдобри играчи на свет, татковскиот однос со млади играчи, хуманитарноста надвор од терените, а титулите и статистиката ќе бидат само јаготка на шлагот. Од Ливерпул направи нешто многу повеќе од титули и статистика, направи нешто кое што не може да се опише со три реченици, направи нешто за кое никогаш нема да престане да се пишува.
Ти благодарам, ќе болиш засекогаш.