Premier League - 2023/2024

  • Креатор на темата Креатор на темата Rollo Tomassi
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион за 23/24 ќе биде?

  • Вкупно гласачи
    232
Повеќе медиумски аутлети изјавуваат дека по заминувањето на Јирген Клоп, ФК Ливерпул ја разгледуваат одлуката да биде подигната нова бронзена статуа пред Енфилд во негова чест. Иако не е познат точниот изглед на статуата, извори блиски до клубот посочуваат дека истата најверојатно ќе изгледа вака:
20240126_191129.jpg

Се чека понатамошна потврда од клубот.
 
Нема грешка дека 24 минути ќе потрошам Клоп да го слушам за Ливерпул, туку ме интересира која му е следна дестинација, или не се знае ништо ?
Можно е пауза ма да мислам има изјавено дека сака да ја води германската репрезентација така да можно е да има упте еден ангажман
 
Ајде Клопче те чекаме назад во Дортмунд како замена за Ватцке кој најави дека за една година го напушта Дортмунд, на вакво сценарио никој не типува , зошто да не ,Клоп назад во Дортмунд во некоја сосема друга улога ……
 
Зошто па баш во Дортмунд да биде директор? Ако е така, во Ливерпул има отворена позиција да биде што сака.

Преморен е Клоп бе, од 2001ва година до сеа без престан работи, башка модернава Премиер лига е презахтевна лига а овој веќе 9 години е у Ливерпул со сите турбуленции што ги поминаа, не е мала работа тоа.

Е сеа тајмингот на објавување е малце чуден, дали со ова сака да предизвика последен push кон титулата не знам ама делува така. Ова само ќе ги измотивира играчите да се откорнат у следниве 2-3 месеци и да освојат се што можат да освојат. А и самиот клуб ќе има време да му најде замена, без притисок од губење време и слично.

Искрено се надевам дека не станува збор за некој здравствен проблем, греота е да биде така. Официјално да се пензионира не верувам, година дена ќе земе одмор и после може да превземе некој клуб ако си ја врати мотивацијата назад, ако не селектор или некој клуб каде ќе нема сериозен притисок врз себе. Има уште у Клоп, 6-7 години врвна работа како ништо.
 
изморен сум бу ху ху, од мочка се правени денешниве тренери

Ферги и Венгер по 30 години беа тренери без престан.
На човекот му се пие пиво и сонча на плажа. Глупо е и кога имаш пари а немаш време да ги трошиш.
 
Клоп повише направи во девет години отколку Венгер во триесет...
Важи нема грешка.

изморен сум бу ху ху, од мочка се правени денешниве тренери

Ферги и Венгер по 30 години беа тренери без престан.
Преку лето додека играчите одмарале он требало да работи и да прави планови. Демек другиве тренери во ПЛ идат у Сутоморе на Аца Лукас само овој останува да работи во Англија.

Плачко беше, плачко остана и како таков ќе си замине.
 
+1 освоена титула повеќе во ЛШ... Смешно ми е што навивачи на Јунајтед и Арсенал го плукаат Клоп. Еве и да не направил повеќе од нив двајца, зошто се плука по човекот?
 
и шо оти правиш споредби кој тренер колку титули освоил, шо се обидуваш да докажеш не ми е јасно?

Еве ти една споредба Клоп има ист број на ПЛ титули во 9 години како тренер на ЛИВЕРПУЛ, колку Раниери што има ПЛ титули за 2 години ко тренер на Лестер.

И воа го прави Клоп=Раниери, а реално Клоп е доктор за Раниери
 
Мене ми е зошто го хејтате човекот, ваков бил, таков бил... А човекот е еден од подобрите тренери во ПЛ последните десет години, ајт гледајте си ги мизерните клубови, Јунајтед со години не може да се врати на врвот а Арсенал неколку години со ред флопнува за титула... Да бевте во подобра состојба па да хејтате, ама вака не личи. Да не спомнувам дека секој пат се вадите со Ферги или Венгер, минато се веќе, исто како што ќе биде Клоп од следната сезона.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom