- Член од
- 29 јануари 2015
- Мислења
- 7.278
- Поени од реакции
- 20.260
Ова со нападот е многу точно и уствари е единствениот проблем на Челзи како екипа. Реално, Челзи нема дефинирана постава во напад, онака да кажеш тој, тој и тој се бетон во напад и нема мрдање. Пошо ги гледам скоро секој меч имам впечаток дека секогаш имаат различна постава во напад, барем еден играч не е ист во однос на претходниот меч. Друг проблем е што имаат милион офанзивни играчи и освен Лукаку никој не е бетониран за прв тим. Го разбирам и Тухел, стварно добри играчи има Челзи и тешко е некој константно да седи на клупа а платен е пример 80м, ама некако мора да формираат некоја постојана постава, вака е многу шарам барам, барем за мој вкус. Оној Зијеч кретенон не знае кај тера а во Ајакс ко Марадона беше. Многу сомнителна лига е таа холандската, еден добар играч нема искочено а таму изгледаат ко Меси и Роналдо во едно споени. Не најсериозно, еден асален играч нема искочено у задње време од таму, па дури и од онаа шампионска генерација на Ајакс кога изгубија у полуфинале од Тотенхем. Де Лигт блам има у Јуве, Зијеч тиња, Дони Ван де Бек мртвила иако за овој мислам дека е одличен играч само игра у погрешна екипа, едино Де Јонг е до негде ок мада и он е далеку од тоа да кажеш дека е некој вов играч без кого тимот не може. Дамфрис кај нас катастрофа и тоа пази не бара никој од него да биде Хакими и да трпа голови и асистенции, ама типот покажува елементарно непознавање на фудбалот, лошо се позиционира, не чита игра, едноставно тактички е ужасен.
Забегав со холандскава лига али муабетот е тој, дека Челзи има премногу добри офанзивни играчи а нема дефинирано стартна постава у напад, затоа и имаат повремено стерилни утакмици од напаѓачки аспект.
Зијеш е добар играч, ама повредите во моментите кога ќе заиграше убаво го попречија да пркне како во Ајакс. Тоа и тактичката понекогаш стриктност на Тухел. Тој е десно крило, плејмејкер. Сака да влегува во средина, да дивее со 100 центаршутеви во 90 минути, да импровизира. Кај Тухел и во овој Челзи, потешко. Затоа и не може да фати континуитет. Во било кој друх тим, дури и во ПЛ, би играл како во Ајакс без проблем.
Холандската се зема секогаш со резерва, несомнено. За оној Антони би дал бубрег и покрај тоа.
Во суштина освен Лукаку, играчите од нападот се доведени од Лампард и управата. Да се прашувал Тухел, единствено можеби Пулишиќ би бил негов избор. Не знам, без претерувања, јас навистина немам видено тим што толку креира и е опасен, а истовремено толку неефективен.
На последните два домашни дуели во ПЛ со Барнли и Манчестер, Челзи упатил 49 удари. Двата меча завршија 1:1.
Автоматски споено мислење:
Точно е. Тој ионака знае некогаш да ја задржи топката повеќе одошто треба, го понесува бидејќи најчесто во тие пробиви поминува по неколку играчи. А за денес, не е научен на пивот и очекувани беа такви потези.Она што го забележав денес кај Челси е дека во фаза на полунапад, она кога треба да има брз пас да го фати противникот надвор од позиција, Лофтус Чик ке направи потег повеќе, и му го затвораат тој брз пас и им дава време и простор на противникот да се намести на позиција. Едно 5-6 напади им сјеба со ролање на топката, степовер. Жоржињо знаеше да го даде тој пас веднаш, и од тие акции Јунајтед имаше проблеми да се одбрани. Искрено, мислев дека прв ке го извади него, ама овој остана во игра цел меч.
Ме зачуди мене Манчестер зошто не се обиде по средина да влегува и да ги искористи неговите релативно слаби дефанзивни карактеристики.