Premier League - 2021/2023

Кои 2 екипи нема да завршат во топ 4?

  • Вкупно гласачи
    91
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Се изнаигра големиот Санчо денеска, не се виде се до голот. Фалеше уште поклонетиот гол да го утне. Ама ете поради овој гол ќе кажеме дека Санчо не е флоп за сега.
Никој од Јунајтед денеска не се изнаигра, па ни Санчо! Тоа беше, на таква дефанзивна тактика ловиш грешка и ја уловија, па плус баш тој. Тоа е муабетот, никој не вика дека везел по терен!
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.565
Поени од реакции
13.895
Не знам кој од синиве тука на форумов се играше мајтап со Санчо наш.
Мајтапот е на место, Санчо досега ништо нема изиграно, би бил флоп дури и за фри да беше потпишан, ова беше поклон од златната топка ака Жоржињо.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.684
Поени од реакции
7.269
Не им замерајте на фановите на Челзи еве веќе 3та година неможе да не победат во лигата али имаат напредок.
 
SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.667
Да да како ја збичија по една со Рудигер уште од кома ги вадат орлите.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Со потегов денес Жоржињо си го зацементира освојувањето на Златната Топка. :pos:

И после сиот притисок поради грешката и промашените, како што се испостави клучни пенали против Швајцарија, во тензичен дуел при 0:1 без проблем отиде да шутне пенал. Треба за тоа кредит.

Но, не е само тој виновен. Рој Кин убаво зборуваше после мечот. Не се согласувам само дека тоа е знак на ароганција на одбраната на Челзи, туку е знак на претерана непретпазливост.

Внимавај, на 0:0, девет играчи на Челзи при прекинот беа преселени во шеснаесетникот на Јунајтед. Девет. Жоргињо и Менди беа единствено на своја половина. Не ја разбирам потребата. Да бркаш гол во последни моменти, во ред. Вака, многу наивно и аматерски.

Во секој случај, не постоеше навивач на Челзи што не очекуваше вакво сценарио, особено по воведните 20 минути. Дури јас се изненадив со освоен бод на крајот.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.167
Поени од реакции
107.663

Добро ама на Челзи како екипа многу ретко му се случуваат вакви примени голови зашо дефанзивно се една од најорганизираните екипи во светот. А и без разлика на тоа што 9 играчи им беа напред немаше да се случи голот да не згрешеше Жоржињо.

Јас мислам дека Челзи имаше прав пристап денес, одеа на победа по секоја цена што е знак дека имаат победнички менталитет и циљаат на титула. Мурињо овде ќе бранеше бод на пример.
 
Немаше. Тотално лоша проценка. Типично челзиевска работа, овој меч го имам изгледано 100 пати претходно.

Пристапот е сто отсто исправен, Тухел е врвен стратег. Затоа и ќе повторувам, човекот треба две статуи пред стадион да добие. Со олку импотентен и неписмен напад да освоиш ЛШ, Супер Куп, да играш и изгледаш толку силно и да не сака никој да игра против тебе, алал вера.
Лукаку настрана, останатото од навална линија е недоречено, неконстантно, неефикасно, честопати и скандалозно.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.655
Поени од реакции
9.235
Се изнаигра големиот Санчо денеска, не се виде се до голот. Фалеше уште поклонетиот гол да го утне. Ама ете поради овој гол ќе кажеме дека Санчо не е флоп за сега.
Мајтапот е на место, Санчо досега ништо нема изиграно, би бил флоп дури и за фри да беше потпишан, ова беше поклон од златната топка ака Жоржињо.
Ако го следиш Јунајтед изминативе 2 месеци ниту еден играч не се издвојува (освен ДДГ) со високи перформанси. Бруно кој ни е најдобар поединец изминативе 2 години не е на посакувано ниво. Во таков моментум неизбежно е и Санчо да потфрли.
Но, има време да му се суди на Санчо. И против Вотфорд покажа солиден перформанс, против Виљареал беше одличен. Мислам дека двата гола ќе му ја вратат самодовербата и ќе ја качува формата.

А денес си го одигра максимално своето задолжение. Солиден пресинг, дефанзивно корисен, брз во транзиција.

Точно дека Жоржињо го направи киксот и голот оди на негова душа, но антиципацијата дека Жоржињо има тешка топка да ја контролира и дека е сам во тој дел со тоа што отвара можност да погреши ја проценија и Рашфорд и Санчо со тоа што му извршија пресинг во тој дел за да нема доволно време Жоржињо да размислува што да одигра.
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.022
Поени од реакции
11.212
Не се ефикасни во навалната линија Челзи. Проблем што постои веќе долг период. Говори статистиката сама за себе. Играчите од одбраната поспретни се и поопасни од Зијеш, Оди, Вернер, Хаверц и Маунт.
Ливерпул и Сити во тој сегмент се одлични и затоа се посериозни кандидати за разлика од Челзи.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.167
Поени од реакции
107.663
Немаше. Тотално лоша проценка. Типично челзиевска работа, овој меч го имам изгледано 100 пати претходно.

Пристапот е сто отсто исправен, Тухел е врвен стратег. Затоа и ќе повторувам, човекот треба две статуи пред стадион да добие. Со олку импотентен и неписмен напад да освоиш ЛШ, Супер Куп, да играш и изгледаш толку силно и да не сака никој да игра против тебе, алал вера.
Лукаку настрана, останатото од навална линија е недоречено, неконстантно, неефикасно, честопати и скандалозно.
Ова со нападот е многу точно и уствари е единствениот проблем на Челзи како екипа. Реално, Челзи нема дефинирана постава во напад, онака да кажеш тој, тој и тој се бетон во напад и нема мрдање. Пошо ги гледам скоро секој меч имам впечаток дека секогаш имаат различна постава во напад, барем еден играч не е ист во однос на претходниот меч. Друг проблем е што имаат милион офанзивни играчи и освен Лукаку никој не е бетониран за прв тим. Го разбирам и Тухел, стварно добри играчи има Челзи и тешко е некој константно да седи на клупа а платен е пример 80м, ама некако мора да формираат некоја постојана постава, вака е многу шарам барам, барем за мој вкус. Оној Зијеч кретенон не знае кај тера а во Ајакс ко Марадона беше. Многу сомнителна лига е таа холандската, еден добар играч нема искочено а таму изгледаат ко Меси и Роналдо во едно споени. Не најсериозно, еден асален играч нема искочено у задње време од таму, па дури и од онаа шампионска генерација на Ајакс кога изгубија у полуфинале од Тотенхем. Де Лигт блам има у Јуве, Зијеч тиња, Дони Ван де Бек мртвила иако за овој мислам дека е одличен играч само игра у погрешна екипа, едино Де Јонг е до негде ок мада и он е далеку од тоа да кажеш дека е некој вов играч без кого тимот не може. Дамфрис кај нас катастрофа и тоа пази не бара никој од него да биде Хакими и да трпа голови и асистенции, ама типот покажува елементарно непознавање на фудбалот, лошо се позиционира, не чита игра, едноставно тактички е ужасен.

Забегав со холандскава лига али муабетот е тој, дека Челзи има премногу добри офанзивни играчи а нема дефинирано стартна постава у напад, затоа и имаат повремено стерилни утакмици од напаѓачки аспект.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.548
Поени од реакции
62.460
Она што го забележав денес кај Челси е дека во фаза на полунапад, она кога треба да има брз пас да го фати противникот надвор од позиција, Лофтус Чик ке направи потег повеќе, и му го затвораат тој брз пас и им дава време и простор на противникот да се намести на позиција. Едно 5-6 напади им сјеба со ролање на топката, степовер. Жоржињо знаеше да го даде тој пас веднаш, и од тие акции Јунајтед имаше проблеми да се одбрани. Искрено, мислев дека прв ке го извади него, ама овој остана во игра цел меч.
 
O

onefifty

Гостин
Не знам што е со форава ко демек Јунајтед изиграле добар меч? Голот што го дадоа повеќе беше грешка на Челзи отколку нивна изградена акција ама добро.
Можда им изгледа дека изиграле добар меч со оглед какви бламови имаа изминатиов период со Оле, не знам ама денес Јунајтед дојде да не изгуби и ќари бод, со никаква игра, буквално ништо не покажаа.
Од друга страна Челзи, некарактеристична грешка на Жоржињо и општо цел тим, не сфаќам како само он беше на средина на терен, втора работа, не го сфаќам хајпот околу Хадсон Одои, одамна немам гледано посифорсиран млад играч од овој, овој во своја најдобра форма е само лајт верзија на Шон Рајт Филипс и многу посебичен, денес имаше шанса да го реши мечот во два наврати и два пати избра да биде себичен и нормално да се избламира. Како и да е, се осеќа како да имаат изгубено ама реално Челзи има многу поенти да извлече од мечов, посебно со Зиех и Одои, никако прв тим.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom