Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Фратини за Македонија:
„Ако продолжите со динамиката со која до сега ги исполнувавте критериумите тогаш можно е и дури преговорите да завршат во рокот кој го посакувате!„
Претходно Груевски за процесот:
„Македонија искрено се надева преговорите да завршат до крајот на оваа и веќе во почетокот на идната да дојде до либерализација!„
Фратини за Србија:
„Јас се надевам дека граѓаните на Србија од почетокот на идната година ќе може безвизно да патуваат во Европа!„
(Во изјавата за Србија не се спомнати критериумите кои веќе таа наводно ги исполнила, дури Оли Рен кажа и да не го потишат договорот на Србија ќе им биде укинат режимот сакале тие или не.)
Толкувачи на изјави повелете!
Бубе не се нервирај, ако нас ни го укинат визниот режим еден или два месеца после србите, ние за разлика од нив не губиме територија.
Не е точно! Цитирај ја изјавата на Фратини, па јас ќе ја цитирам неговата изјава дадена за Србија.
п.с. Гледам некои гласале откако Фратини дојде, воглавном никој не погоди, Фратини ги отвори преговорите без да прогнозира датум кога ќе завршат.
Финализирање на преговорите за либерализација на визниот режим со ЕУ, до крајот на 2008 година е амбициозно, но остварливо доколку Македонија работи напорно.
Ова го изјави европскиот комесар за правда, слобода и безбедност Франко Фратини, кој денеска во Скопје го означи почетокот на дијалог за либерализација на визниот режим.
„Олеснувањето на визниот режим ќе им овозможи на Македонците нормално да се движат во шенген системот“, изјави Фратини, додавајќи дека преговорите не се бирократско прашање, туку политичка цел.
Во врска со тоа дали може да заврши дијалогот до почетокот на наредната година, Фратини изјави дека тоа е можно, доколку во наредните месеци Македонија испорача резултати, преку „ взаемна политичка посветеност“.
Фратини за Македонија:
„Ако продолжите со динамиката со која до сега ги исполнувавте критериумите тогаш можно е и дури преговорите да завршат во рокот кој го посакувате!„
Претходно Груевски за процесот:
„Македонија искрено се надева преговорите да завршат до крајот на оваа и веќе во почетокот на идната да дојде до либерализација!„
Фратини за Србија:
„Јас се надевам дека граѓаните на Србија од почетокот на идната година ќе може безвизно да патуваат во Европа!„
(Во изјавата за Србија не се спомнати критериумите кои веќе таа наводно ги исполнила, дури Оли Рен кажа и да не го потишат договорот на Србија ќе им биде укинат режимот сакале тие или не.)
Толкувачи на изјави повелете!
Фратини посочи дека и покрај тоа што ЕУ во исто време ќе води преговори и со Србија и со Црна Гора, финализирањето на дијалогот ќе зависи од индивидуалното достигнување на секоја држава одделно.
Seto toa Srbija go dobiva kako kompenzacija za Kosovo, lani i podarija Evroivizija(cim pobedis na Evrovizaija znaci nesto necini vo zemjata Jugoslavija pobede 1989 po edna godina se raspadna istoto so Srbija), ukinuvabje na vizite, verojatno ke ima i priem vo Eu bez mnogu matkanje okolu ispolnuvanje na standardite.
Значи како што предходно напоменав Фратини изјави дека доколку Македонија ги исполни условите, до крајот на оваа година ке биде укинат визниот режим. т.е. Тоа преведено за некои кои не го разбираат значи дека доколку ги исполни условите Македонија во наредната 2009 година ќе влезе со безвизен режим.
.
Бубе не се нервирај, ако нас ни го укинат визниот режим еден или два месеца после србите, ние за разлика од нив не губиме територија.
Едно не ми е јасно, критериумите кои ги исполнуваме се за укинување на границите и влез во Шенгенскиот договор.
Моето прашање е:
Зошто се стискаат нашите, зошто не го отворат тој дијалог директно за потпишување и влез во Шенген зоната пред Бугарија и Романија.
Што е работата? Можеби воопшто и не знаат какви критериуми исполнуваат ............
Има ли некој од владата тука да ми објасни, ги излижав типките прашувајќи ..............
Откако новинарите запнале да чујат датум ,Фратини рекол дека има шанси дијалогот да заврши до крајот на годината.
Кај ти тука гледаш збор укинување. На Бугарија и беа укинати визите 1 година по завршување на преговорите. Сите вести по 2 пати ги гледам и не ја слушам убавата тетка што ги чита вестите или Латас што ќе извади од ракав. Ги толкувам изјавите на официјалните лица.
п.с. Се надевам дека можеби од 2009 ќе се укинат визите, ама јасно се виде дека големите се уште не го ставиле на маса визниот проблем на Македонија. Фратини навистина беше притиснат и од новинарите и од ,премиерот индиректно, да каже датум, но како што кажа убавата тетка на крај на рамковски тв тој одбегна да соопшти датум.
Ова потпишувањето веќе беше редно да се деси. Само ме нервира што се избра таков момент, за да може визниот режив да се користи како мамка за името. Демек денеска ќе не залажат како србиве што ги л`жеа пред две недели.