Преден или заден погон на тркала?

  • Креатор на темата Креатор на темата michael corleone
  • Време на започнување Време на започнување

преден или заден погон на тркала?

  • предна влеча.

    Гласови: 33 44,0%
  • задна влеча.

    Гласови: 42 56,0%

  • Вкупно гласачи
    75
За добар шофер е само задна..... нема врска тоа со проклизување и заебанции на снег или мраз..... + возилата со задна се поиздржливи односно предницата им е поедноставна а со тоа и понепроблематична........
 
A да си земеш мотор ? На две тркала , исто како со 2 нозе у гроб да си. Не му ја мислиш задња предња а да ја еам сеа каква вуча била, кола ко кола нема да ја дупам , ќе ја возам :) Ако сака и нека нема вуча пак ќе ја возам.
 
Ти ако си мавнат не предна .. и средна влеча не те спасува ..
 
Со оглед сируацијата на МК патишта најубаво е предна влеча со тоа обезбедува сигурност на кривини при голема брзина ,а за задната малку ќе се занесува освен ако не стават 3-4 вреќи песок во багажникот е тогаш ќе има стабилност ;) :) а што се однесува за предна влеча дали е за аматери или не, тоа мене не ми е важно.
 
За добар шофер е само задна..... нема врска тоа со проклизување и заебанции на снег или мраз...
Ова од искуство или? Инаку, физиката вика дека секое тело на мраз се лизга. Така да не добар шофер, ултра добар биди, законите на природата важат за сите подеднакво.

возилата со задна се поиздржливи односно предницата им е поедноставна а со тоа и понепроблематична........
Е тука се сложувам.

Предна влеча може да се контролира до одредена сила на моторот, после станува не стабилна. Задната ако знаеш да ја возиш има поголем потенцијал, 4х4 е најдобро
Да, ама 4x4 има мака на големи брзини, па сите производители, се одлучуваат 4x4 да го откачат над 60 км/ч и возиш пак на предна или задна, зависно од возилото... Пример quattro на Ауди до 60 км/ч имаш 50-50 распределување на силата, над 60 се вози како нормален автомобил со предна влеча.

Со оглед сируацијата на МК патишта најубаво е предна влеча со тоа обезбедува сигурност на кривини при голема брзина ,а за задната малку ќе се занесува
Грешно си ги сватил работите... и предната и задната имаат недостатоци/предности. Задна влеча занесува, и тоа се вика подуправување - oversteering. Додека кај предната е обратно, пробај со голема брзина да влезиш во кривина се јавува надуправување - understeering, или во превод, ти вртиш лево или десно, а колата си оди право.

Е сега, тоа што ти си мислиш дека предната влеча е постабилна е само твое мислење, и најверојатно не си возел кола со погон на задна оска. Многу е подобар балансот на возилото ако има задна влеча, а со тоа и лежењето по кривини.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu5
Understeer or Oversteer????
Оверстеер дефинитивно... Зашо? Полесно се контролира оуверстеер отколко андерстеер. А па ако има и Шпер диференцијал.... :love::love::love::love::love::love::love::love:

едит...
И да е бмв, идеално балансиран 50:50 тежина на предна и задна оска.... :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu5
За добар шофер е само задна..... нема врска тоа со проклизување и заебанции на снег или мраз..... + возилата со задна се поиздржливи односно предницата им е поедноставна а со тоа и понепроблематична........
Задна влеча со назат мотор или задна влеча со напред мотор?
Се шо е отпозади не секогаш е и наајслатко
 
Почетник сум, положено пред пола година, но имам возено повеќе коли и на предна и на задна, и дефинивно гласам за задна :D Моментално возам BMW е36 и за лудории нема подобро од задна вуча :)
 
Најубаво земи си кола со 4х4.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom