Пречекот на кошаркарите - впечатоци

  • Креатор на темата Креатор на темата _Тони_
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе присуствувате на пречекот на Македонските кошаркари?


  • Вкупно гласачи
    246
  • Гласањето е завршено на .
Да да вака личи на нешто, одлично е БРАВО! Да ти се наполнат срце и душа!
 
Шо вие, народ има топ. Сигурно не може само на плоштад да бидат сите. Имаше полно од двете страни на улиците како се движеше авотбусот. Ај да не претерам ама низ цело Скопје и плус на плоштад сигурно ќе ги пречекаат 100 000 народ.
Аааххх убав ремикс напраја од најубавата патриотска песна (y) А Антиќ а.к.а. Александар Македонски :pos:
 
Цел државен врв во костуми....Добро бе мајкуму,можете да облечете некој дрес или некоја мајца Македонија...Или така ќе му правиме провокации на грците??
 



Понеделник, 19 Септември 2011 10:31

Сподели
223

Споделете ја веста со Вашите пријатели

Успехот на Македонија на Евробаскетот во Литванија наиде на позитивни критики како во домашните, така и во странските медиуми. Прочитајте дел од најмоќните коментари поврзани со нашиот настап во Литванија.

komentari-500.jpg

1. „Македонците очигледно добро ќе треба да се намачат за да дојдат до четвртото место, доколку сакаат да стигнат во осминафиналната групна фаза. И тоа за нив ќе биде добар успех“ - црногорска „Арена“ по стартниот наш пораз од Црна Гора. :tapp:
2. „Македонија ја изненади Хрватска.... Покажаа дух, срце, желба за победа, нешто што ние немавме на овој натпревар“ - хрватски „Индекс“.
3. „Непобедлива фаланга“, „Македонците гинат за своите навивачи“, „Какви лавовски срца“, „Грците добија лекција од фалангата на Александар“ - дел од светските наслови по големиот триумф над Грција.
4. „Грците го избришаа името Македонија од ТВ екраните за време на директниот пренос, ама Македонците го избришаа паркетот со нив во Литванија“ - коментар на српски „Блиц“.
5. „Новиот позивен број за Грција +7258...“

6. „Бо Мекејлеб? Не познавам таков. Кај нас има еден Борче Македонски“ - капитенот Перо Антиќ, во интервју за интернет страната на ФИБА.
7. „Ако на седум Македонци додадете еден Американец тогаш добивате моќ еднаква на 300 Спартанци“ - руски „Спорт-експрес“.
8. „Знам да пцујам на македонски“ - одговор на Бо Мекејлеб во интервју за „Њујорк тајмс“, на прашањето што знае од македонскиот јазик.
9. „Кога ќе го погледнете Марин Докузовски како диригира со својата селекција, тогаш веднаш ја чуствувата најбајковитата симфонија во своите срца“ - руски „Вести“.
10. „Ајде да видиме што ќе суди сега Ламоника. Енац, офсајд...? Што и да суди Македонија е во полуфиналето“ - коментаторот на ТВ Сител, Игор Трпевски пред слободните фрлања на Владо Илиевски во последната секунда од четвртфиналниот дуел со Литванија.
11. „Македонците се од некоја друга димензија. Повредени, преполовени, уморни... а сепак не победија пред 15.000 навивачи“ - литвански „Баскетнет“.
12. „Кога ќе ја погледнам Македонија ме фаќа носталгија. Се потсетувам на нас од 1992 година“ - Арвидас Сабонис.
13. „Македонија игра нова нетипична кошарка. Треба да се најде лек за таква кошарка. За да ги победите треба добро да се намачите“ - селекторот на Шпанија, Серџо Скариоло.
 
Ако има и вечер некоја организирана програма ова она кажете овде луѓе !
 
Цел државен врв во костуми....Добро бе мајкуму,можете да облечете некој дрес или некоја мајца Македонија...Или така ќе му правиме провокации на грците??

Остај то некултура на ниво.Ѓоре Иванов сите ги изгушка ги избаци ,со Бо само едно здраво.Ебате расистот ебате!
 
Дајте брзо стрим од Сител, само да не е од зулу и од макс тв, бидејќи едниот сецка, другиот касни пола сат.
 
требаше да речи дкотор по кошаркарски науки Проф. Марин Докузовски,
али и вака се признава;)
 
Дали го слушнавте овај ретардов:
И никако не смееме да го поздравиме човекот кој ги предводеше нашите кошаркари - Марин Докузовски!:pos:
 
Ебате организацијата... Како можат бе ем понеделник, ем во 11 сато да идат? Толку се благоретардирани организаторите? Па нека земат пример од соседите, барем навечер да се вратеа (во 6 сато пример), сите шо се на работа ќе беа слободни да излезат во 8 - 9 на плоштад.

Турајте некој клип/слика од Борче, оти не ја бива вака.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom