Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Сите адети ги направија.
Многу е срамежлив Бо.
Му се гледа по фаца дека е душа човек, многу ми е мило за него и што го поздравиле како што треба, си заслужи дечкото.
....и кошаркарите како фалангаВоин на коњ и фонтана на победата![]()
Сега само што си дојдов од плоштад
Имаше премногу гужва, многу, многу, не можам да опишам со зборови. Појдов порано и си фатив место, точно каде што застана автобусот и излегоа да играат оро. Имаше многу буткање, туткање и што не, среќа тренирам пливање па имав сила да си го оддржувам просторот и да ги притискам угнетувачитеИмаше и некои лигли дојдени на штикли па кукаа цело време не можам жешко ми е па прашуваа кој играч е кој, па вртеа по телефони, го видов овој го видов оној, мислам дај ваквиве џабе само простор зафаќаат
Најдобро беше кога слезе Игорче од бусот лелеле каков аплауз доби, најрадосен беше од сите, еден позади мене се издра: „Ла Mоника педер!“и Игорче му крена рака и каков поглед даде, ако му дал таков на Ла Моника, стварно од голема помош ни бил
Жива вода сум, седнав да го пишам ова и одма под туш, ама вредеше, вредеше да им се направи чест на сите овие наши херои.
P.S. За тие што се буните за тајмингот на пречекот... Не знам што ве чуди, секогаш има ваков пречек веднаш штом ќе стигнат репрезентативците...Лани Шпанија кога го освои СП во фудбал, заврши некаде кај 23 часот светското, додека завршија церемониите, изјавите, славјето, полетаа некаде кај 3 сабајле, претпладне, отидоа во кралската палата кај кралицата и одма и тие се качија на парада. Значи секаде е вака, сега на некому му одговара, на некому не му одговара.
А да, и отсега, да не забораваме. Да одиме на натпреварите на репрезентацијата и редовно да ги бодриме, а не само во доброто.![]()