Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
можам да го тужам комшијата што со месеци ми крадел интернет и кабловска?

Пред година дена имаше измени на постојниот Кривичен законик, во делот за КРАЖБА. По ново сега под кражба се подразбира и крадење на струја, интернет и такви ми ти други нетелесни работи, т.е работи што не се допираат. Можеш да го тужиш.
 
Во член 288, точка 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата:

Во категорија "А" спаѓаат моторцикли, трицикли, четирицикли чија работна зафатнина на моторот е погоелма од 125 см3 и чија сила на моторот е поголема од 11 kw, е регулирано дека е потребна возачка дозвола.

Ме интересира дали до зафатнина од 125 см3 е потребен некаков друг документ.
 
Ако може некој да го напише Законот за стечајни работници? Би ви бил многу благодарен :)

Или ако може да ми дадете веб-страна од каде можам да најдам.
 
Ej glupo pitanje :)

Abe kako moze da si tolku aj da nekazam. Pa sega citiras clen tuka a za pomalata kubikaza ne vide u zakon a ?

Pa aj da ti odgovoram: za pod 125 ccm treba A1 kategorija ama da si 16 godini. Znaci ako imas 16 godini mozes da polagas za A1 i tuka ti se masinite do 125 ccm ili stavkana za kilovati.

Razbra :) i drugpat docitaj go zakonot a ne citiras clenovi a trebalo da vidis samo podole :salut:
 
Ако може некој да го напише Законот за стечајни работници? Би ви бил многу благодарен :)

Или ако може да ми дадете веб-страна од каде можам да најдам.

Не може да напишеме Закон за стечајци, многу место ќе зафати...иди на www.pravo.org.mk и само регистрирај се.
 
Ако некој е доволно талентиран за од дома да му крадат интернет, тогаш заслужува и ќотек да јаде!!!
 
Ако може некој да ми остави линк за конкретно спроведување на хасап системот,некој образец,ми треба за трговија,гледам нема ништо на гов.мк,немаат никаков линк за дирекција за храна,ако знае некој нешто,однапред фала.
 
Дирекција за храна е орган под Министерство за здравство. Најпаметно ти е да се јавиш во дирекцијата и да ти посочат, доколку имаат, лице кое има информации за спроведување на хасап системот.
Единствено што најдов е следниов линк (на uslugi.gov.mk):
http://www.uslugi.gov.mk/UslugaDetali.aspx?UslugaID=98D8AF95B85A421383AE38C76E501949
Има некои тел. броеви на контакт лица од Дирекцијата за храна па можеш кај нив да се обратиш.
 
Бети фала многу за трудот срце си,јас успеав да најдам на станата на мин.за здравство во делот за дирекција за храна,водич за безбедност на храна,во кој има прирачник за спроведување на постапките кои се засноваат на хассп принципи ама поради некои причини не можам да го отворам,ке прашам некој од компјутерџииве како да го отворам,ако ништо не направам ке морам да вртам на телефониве што ги остави,поздрав.
 
Најдов три документи на страна на Дирекцијата за храна поврзани со хасап системот. Додека го симнеш прирачникот можеш да ги погледнеш (ќе ги најдеш на гугл).

Следните документи овозможуваат корисни информации кои ќе помогнат на операторите со храна во имплементацијата на НАССР системот:

1. Guidance document- Implementation of procedures based on the HACCP principles, and facilitation of the implementation of the HACCP principles in certain food businesses;

2. Hazard analysis – A step-by-step guide for food businesses;

3. Develop a food safety plan (Based on HACCP principles)
 
Мојот случај е следниов-ѓ

Отидов на одмор за Турција,Аланија преку туристичка агенција Еуро травел клуб и за таа цел склучив договор со таа агенција. Во договорот јасно стои од 18ти до 28ми јули( нема нижто како 100 алл инклузив или 10 преспивања) . Додека на ваучерот стои 10 all incluziv !!!!
Се случува следново-Авионот полетува во 23.50 од аеродромот во скопје на 18ти, а се сместувам во хотел во 6 саат сабајле на 19ти. Одам во агенцијата и они го велат следново(според мене чиста глупост)-
1 Дека аранжманот ми започнувал со полетување на авионот( 23.50 на 18ти јули)
2 Дека во сите хотели 18 ТИ СЕ РАЧУНА ОД 12 ЧАСОТ НА 18ТИ ДО 12 ЧАСОТ НА 19ТИ
И врз основа на ова нема прекршување на договор и јас немам право да барам поврат на средства за една вечер.
Јас велам дека имам право да барам поврат на средства за една вечер зашто во договорот јасно пишува дека мојот аранжман почнува на 18ти а de facto почнува на 19ти. Уште повеќе во ваучерот на кои тие се вадат пишува 10 all inclusive , а ако се избројат од 19ти до 28(без 28 ми зашто хотел напуштивме во 11 саат сабајле) излегуваат 9all inclusive dena.
Моето прашање е следново- Дали ми се исплати да поднесувам приговор и потоа да продолжам со тужба(јас лично мислам дека имама добиен случај)
И еве едно општо што би направил некој од ас правниците со поголемо искуство??
И за на крај да не знае некој каде сенаоѓа здружение за заштита на потрошувачи зашто имам намера постапката да ја терам преку нив ми рекоа дека биле ефикасни?????

однапред благодарам на секој што ќе издвои 5 минути за мојов случај.
 
Најубаво ти кажал оној кој рекол дека најубаво е да си ја тераш работата преку здружението за заштита на потрошувачи. Тие дефинитивно најубаво ја знаат оваа проблематика, секојдневно работат со тоа. Инаку, незнам кај се наоѓа :)
Инаку, имаш полно право да бараш поврат на средствата за тој еден ден, самата логика и напишаното на ваучерот велат 10, а ти си искористил 9 дена, па по која логика и да вртиш, дали до 12 часот (што е најчеста пракса) или не.
 
Мојот случај е следниов-ѓ

Отидов на одмор за Турција,Аланија преку туристичка агенција Еуро травел клуб и за таа цел склучив договор со таа агенција. Во договорот јасно стои од 18ти до 28ми јули( нема нижто како 100 алл инклузив или 10 преспивања) . Додека на ваучерот стои 10 all incluziv !!!!
Се случува следново-Авионот полетува во 23.50 од аеродромот во скопје на 18ти, а се сместувам во хотел во 6 саат сабајле на 19ти. Одам во агенцијата и они го велат следново(според мене чиста глупост)-
1 Дека аранжманот ми започнувал со полетување на авионот( 23.50 на 18ти јули)
2 Дека во сите хотели 18 ТИ СЕ РАЧУНА ОД 12 ЧАСОТ НА 18ТИ ДО 12 ЧАСОТ НА 19ТИ
И врз основа на ова нема прекршување на договор и јас немам право да барам поврат на средства за една вечер.
Јас велам дека имам право да барам поврат на средства за една вечер зашто во договорот јасно пишува дека мојот аранжман почнува на 18ти а de facto почнува на 19ти. Уште повеќе во ваучерот на кои тие се вадат пишува 10 all inclusive , а ако се избројат од 19ти до 28(без 28 ми зашто хотел напуштивме во 11 саат сабајле) излегуваат 9all inclusive dena.
Моето прашање е следново- Дали ми се исплати да поднесувам приговор и потоа да продолжам со тужба(јас лично мислам дека имама добиен случај)
И еве едно општо што би направил некој од ас правниците со поголемо искуство??
И за на крај да не знае некој каде сенаоѓа здружение за заштита на потрошувачи зашто имам намера постапката да ја терам преку нив ми рекоа дека биле ефикасни?????

однапред благодарам на секој што ќе издвои 5 минути за мојов случај.

Организација на потрошувачите на Македонија:
ул. „Водњанска“ бб, П. Фах 150, 1000 Скопје
тел/факс: 02 3179-592; email: opm@opm.org.mk

Пиши искуство!
 
Моето прашање е следново- Дали ми се исплати да поднесувам приговор и потоа да продолжам со тужба(јас лично мислам дека имама добиен случај)
Aбе какви приговори, какви бакрачи, ќе кинеш нерви. Влегуваш, им правиш сцена, им редиш мајки, шајки и останато (најгласно што можеш), им превртуваш бирото, им ги фрлаш сите флаери и останати промо материјали, им ја правиш канцеларијата хаос, ги плукаш во фаца и си излегуваш среќен и испразнет, па тие нека се замараат со тебе, наместо ти со нив.

За неколку десетици евра што треба да ти ги вратат не вреди да се замараш со гниди преварантски. Пофраерски е вака да го истуриш револтот, а и ти ке бидеш посреќен.
 
И пиши едно "писмо од читателите" за на главна.

Абе тоа правење сцена си го исполнив ! Влегов ги направив подоле од гомно и ги избркав сите што беа заинтересирани за аранжман. И после тоа со факти и докази му кажав дека сум во право и дека за 50 евра имам намера да одам до суд ако треба . Она што највеќе ме нервира и заради кое стварно ќе одам во суд е тоа што газдата во фаца ми рече ТЕ ЗЕЗНАВ-ДОКАЖИ АКО МОЖЕШ!!!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom