Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Eve od mene uste edno prasanje: Ve molam dali ke moze da mi pratite urnek na polnomosno....ili sto treba da sodrzi edno polnomosno i dali e validno polnomosnoto ako ne e zavereno na notar?
MNOGU BLAGODARAM!
Јас долупотпишаниот, ________________, ул,________бр.___, од ___________, со ЕМБГ__________, и бр. на л.к._________, го овластувам _____________________________ ул, ____________бр___, од _________ да ме застапува, во _____________(суд, орган, институција)во мое име.
Полономошниот е овалстен да ги презема сите дејствија во мое име и во моја корист.
ДАТУМ
Место ПОТПИС
 
за каква и да е оштета треба колку што знам да имате извадено лекарско уверение, со кое ќе барате оштета од осигурителната компанија. Сега тука мислам на она официјално лекарско, а тоа порано кажуваа дека кошта 5000 денари. А ако се договарате со компанијата да не одите на суд, пак ќе треба да имате нешто од лекар дека имате некои повреди, физички или барем ако немате видете како иде постапка за претрпен страв ( не знам дали треба од психијатар тоа ) зошто без некој документ од лекар никој нема да ви даде пари на лепе очи. Мора да имате некој документ врз основа на кој ќе утврдат дека сте се здобиле со некоја повреда. Ако нема повреда нема пари, то је то. А у записникот ако стои дека немате никакви повреди, не знам дали ќе можете да извадите лекарско, имате мислам рок до 24 часа да се јавите на лекар за настаната повреда, а за претрпен страв не сум сигурен, дека тоа е сепак на психичка база. Ако треба несто друго пиши- прашај :)


Значи вака без адвокати без ништо се поднесуваат само лекарските уверенија, од наша страна до осигурителната компанија? Значи не ни беа констатирани никакви видливи повреди, освен главоболки и модринки, а за тоа ништо немаме, на уверението пишува не се воочуваат никакви телесни повреди. Не разбрав баш за какво лекарско збориш затоа што имам лекарско уверение ама она кога се полага за кола! А и сообраќајката беше не така брзо можеби декември така да 24 часа:nesum: . Ок сепак фала на информацијата..поздрав!:helou:
 
Значи вака без адвокати без ништо се поднесуваат само лекарските уверенија, од наша страна до осигурителната компанија? Значи не ни беа констатирани никакви видливи повреди, освен главоболки и модринки, а за тоа ништо немаме, на уверението пишува не се воочуваат никакви телесни повреди. Не разбрав баш за какво лекарско збориш затоа што имам лекарско уверение ама она кога се полага за кола! А и сообраќајката беше не така брзо можеби декември така да 24 часа:nesum: . Ок сепак фала на информацијата..поздрав!:helou:
Ај да ти објаснам поубаво. Значи за другпат, пошто викаш тоа било во декември ( мислам дека е касно више ама само за она на психичка база не сум сигурен ), кога ќе отидете на лекар, лекарот ви дава од таму она известувањето - мислењето што повреди имаш. Да речеме, гребаници, модринки итн. Значи со овој документ, ти можеш да се договориш со осигурителната компанија за оштета-исплата на осигурување. Ама ако не можете да се договорите за сума, ќе треба да одите на суд, а за таму ќе треба да извадиш посебно лекарско уверение кое се издава во државна болница ( порано само таму можеше ) кое порано кошташе негде 5000 денари. Тоа се составува врз основа на првата документација што ти ја пишав погоре, значи онаа што ти ја дале на денот на повредата. И то је то
 
П.С. ако си имала модринки требало да ви пишат во лекарското таму, сега за тоа дзабе. требало да инсистираш. и мене ме удри еднаш еден копук, и ја имав само набиеници, ама ми пишаа така, во Градска, дека имам набиеници по телото. А не дека нема ништо
 
вака, ми треба нешто на готово на тема:
American and the Macedonian court system

значи компарација меѓу судските системи. по можност да е на англиски. ако не е, сепак пратете го, ќе си го преведам.
мрза ме има фатено :kesa:
 
вака, ми треба нешто на готово на тема:
American and the Macedonian court system

значи компарација меѓу судските системи. по можност да е на англиски. ако не е, сепак пратете го, ќе си го преведам.
мрза ме има фатено :kesa:

Имаш учебник за на Правен факултет по англиски (Legal English), побарај го
 
Ми треба мислење за следново. Ако не знаете, дајте препорака каде да се обратам и да прашам.

Дали е форекс регулиран во мкд и е ако е како? Дали се плаќа данок и сл. Се обидов да најдам податоци онлајн, ама тешко и многу конфликтни податоци.

Поспецифично дали е регулирано онлајн форекс тргувањето. Форекс е тргување со девизи за тие што не знаат. Фала за помошта.
 
Данок ќе мора да си платиш во секој случај.
Персонален данок на доход.
 
Данок ќе мора да си платиш во секој случај.
Персонален данок на доход.

Дали ова го казуваш бидејки имаш иксуство со форекс или вадиш општа забелешка за инвестициски приходи воопшто? Во некои земји не се плаќа данок на форекс пр. Италија, Бугарија претпоставувам бидејки не се смета за инвестиција, туку само менување девизи.

Заприметив рече данок на доход, а не данок на добивка кој вообичаено се плаќа при приходи од инвестиции и сл.

Многу е тешко да се најдат релевантни податоци за ова во Македонија. :icon_conf
 
Данок на доход, бидејќи колку што разбрав, форекс му доаѓа како менувачница, онлајн (?), значи, не си трговец, туку физичко лице кое остварува некаков доход.
Затоа, обврзан си да си поднесеш ПДД-ГДП за годината во која си го остварил доходот (за 2008 мислам дека ќе бида 15 март 2009).
Сепак, сфати го ова со малку резерва. Прашај ако најдеш некој со слично искуство.
 
Данок на доход, бидејќи колку што разбрав, форекс му доаѓа како менувачница, онлајн (?), значи, не си трговец, туку физичко лице кое остварува некаков доход.

Па токму вакви работи се проблем. Како му доаѓа? Во форекс има една работа која се вика leverage, ова значи на пр. со 100$ мозес да тргувас 5,000-10,000$ или повеќе. Во usa, leveraged forex trading се третира како комбо од инвестирање и тргување.

За разлика од ова, Италија и Бугарија препоставувам го третираат како менување пари и затоа нема данок.

Прашањето е како е регулирано во мкд. Еве линк до форекс законот во мкд. Дел од проблемот е што кога законов е пишуван форекс беше затворен за малите риби, на него тргуваа само банки и сл. Сега секој мозе да тргува форекс онлајн, ако е дозволено во неговата земја се разбира.

Еве линк од законот, кој го имам прочитано неколку пати. Погледај го кога ќе имаш време. http://www.finance.gov.mk/mk/zakoni/zakon_za_devizno_rabotenje.pdf

Во законот има рестрикции на тргување помегу физички лица во Македонија (ова е ставено за да се запре уличното препродавање мислам). Лично ме интересира дали јас како физичко лице мозам да тргувам на форекс онлајн.

Ај ќе ги оставам другите мои коментари откако ке го добијам твоето мислење за да не влијаам на твоето видување на законот.
 
Данокот на добивка го плаќаат само правни лица,додека персоналниот данок на доход е предвиден и за физички лица.Така ти за форекс работење колку што мислам не ти е потребна фирма,така да најмногу што можеш да платиш е данок на персонален доход,и тоа на тој начин што сам ќе ја пријавиш добивката на соодветна пријава во управа за јавни приходи
 
Данокот на добивка го плаќаат само правни лица,додека персоналниот данок на доход е предвиден и за физички лица.Така ти за форекс работење колку што мислам не ти е потребна фирма,така да најмногу што можеш да платиш е данок на персонален доход,и тоа на тој начин што сам ќе ја пријавиш добивката на соодветна пријава во управа за јавни приходи

Тоа за данокот некако го решивме со струмикс, сега останува другово за регулираноста и сл...
 
PetkovskiD напиша:
ПРАШАЊЕ : Ќе знае ли некој да ми каже каде можам да најдам судски случаи во кои ќе ги има сите факти посебно ме интересираат случаи за фалсификување пари,царински прекршоци,престапи во платниот промет,фалсификување на обврзници и акции и др...
Може и на англиски, немора да се од нашиот судски систем мислам може и од Common law земјите.
Однапред благодарам :toe:

Oбратете се во Основен суд, побарајте литература со такови наслови, Управа на царина,Комисија за хартии од вредност
...Друго не ми текнува:helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom