Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Право на боледување може да се оствари само ако се има 6 месеци непрекинат работен стаж:
1) ако здравственото осигурување траело најмалку шест месеци непрекинато пред настапување на случајот, освен во случаите на повреда на работа и професионално заболување (без оглед на траењето на осигурувањето), како и за осигуреникот , чиј брачен другар бил упатен на работа во странство во рамките на меѓународно-техничка соработка, просветно-културна и научна соработка, во дипломатски и конзуларни претставништва, на стручно усовршување или образование со согласност и за потребите на работодавачот и по тој основ му мирува работниот однос, доколку во рок од 30 дена од денот на престанувањето на работата на неговиот брачен другар во странство се врати на работа кај работодавачот кај кој му мирува работниот однос;
Фала на исцрпниот одговор...
 
Имам направено договор со родителот со кој имотот ми го префрал на мое име зачи не тестамент,не делаба, не маса не го договорт за поклон на таа и таа парцела и сега како е можно катастарот да го промени бројот на таа парцела и при ваква промена што да се направи
 
Колку што го разбрав прашањето, во договорот за поклон парцелата е со број кој сега е сменет и истата има друг број. Ако е тоа работата тогаш немаш никаков проблем. Ке си извадиш историјат за парцелата и во него ке стои дека порано го имала тој број а сега го има овој број..... Бројот на парцелата може да се менува но тоа не ти влијае ништо..
 
Да не отварам тема само за ова прашање. Не знаев точно каде да го поставам но мислам дека некој правник би можел да ми помогне. Пред 6 год бев во USA 9 месеци кај чичко ми и тетка ми во Вашингтон поточно во Олимпија. Таму се запознав со интересни човечиња и се дружевме додека престојував таму. Кога се вратив во Македонија контактите продолжија се додека не се преселив во Србија на одредено време и од тогаш изгубив секаков контакт. Ми остана само една адреса напишана на лист и еден број... тоа е се. Бројот повеќе не постои а писмото што го пратив пред месец ми се врати со печат RTS неотворено. Тетка ми во меѓувреме се преселија во NY и немаат скоро никакви допирни точки со WA или Олимпија. Сега повторно ми се пружи да одам во USA па би сакал да ве прашам дали преку US амбасадава тука можат по службен пат да ми дадат информации за луѓето дали сеуште живеат на тие адреси и ако се преселени да ми дадат некоја адреса од нив?

Фала :)
 
вака во моментов располагам со малку информации ама ситуацијата е отприлика ваква, можно ли е да те осудат без твое присуство без да ти има стигнато никаква покана и да те прогласат виновен ? за кривична насилство е, изречено е 2 год условно со 3 месеци затвор за било каква кривична сторена за тоа време, со молба што може да се стори бидејќки не се работи за виновен навистина ...
 
Во кој закон/правилник може да се прочита:
- Потребна ли е дозвола за излез од државата за дете (помало од 7г) од таткото (разведени се со мајката)ако патува заедно со мајката во странство ???
Едни викаат требало, други викаат променето е т.е. не требало повеќе итн итн.

Според Мвр сајтот, не треба (разведени не разведени родител си е родител...)
1. Ако лицето до 14 години живот ( малолетно лице ) патува во странство или се враќа од странство во присуство на родител или старател не е потребно да има одобрение за неговото патување.
 
Колку што го разбрав прашањето, во договорот за поклон парцелата е со број кој сега е сменет и истата има друг број. Ако е тоа работата тогаш немаш никаков проблем. Ке си извадиш историјат за парцелата и во него ке стои дека порано го имала тој број а сега го има овој број..... Бројот на парцелата може да се менува но тоа не ти влијае ништо..
Благодарам
 
Во кој закон/правилник може да се прочита:
- Потребна ли е дозвола за излез од државата за дете (помало од 7г) од таткото (разведени се со мајката)ако патува заедно со мајката во странство ???
Едни викаат требало, други викаат променето е т.е. не требало повеќе итн итн.

Според Мвр сајтот, не треба (разведени не разведени родител си е родител...)
1. Ако лицето до 14 години живот ( малолетно лице ) патува во странство или се враќа од странство во присуство на родител или старател не е потребно да има одобрение за неговото патува
http://www.mvr.gov.mk/Uploads/Zakon za patnite ispravi na drzavjanite na RM-neoficijalen precisten tekst okt 2010.doc.pdfње.
види чл.30-аhttp://www.mvr.gov.mk/Uploads/Zakon...neoficijalen precisten tekst okt 2010.doc.pdf
 
Во кој закон/правилник може да се прочита:
- Потребна ли е дозвола за излез од државата за дете (помало од 7г) од таткото (разведени се со мајката)ако патува заедно со мајката во странство ???
Едни викаат требало, други викаат променето е т.е. не требало повеќе итн итн.

Според Мвр сајтот, не треба (разведени не разведени родител си е родител...)
1. Ако лицето до 14 години живот ( малолетно лице ) патува во странство или се враќа од странство во присуство на родител или старател не е потребно да има одобрение за неговото патување.
Neznam kako e vo zakonot NO od iskustvo kazuvam deka ne pustaat bez odobrenie od roditel. Jas letovo vo avgust trebase da gi nosam vo Srbija na gosti pa se vrakjav od granica samo radi toa .
 
вака во моментов располагам со малку информации ама ситуацијата е отприлика ваква, можно ли е да те осудат без твое присуство без да ти има стигнато никаква покана и да те прогласат виновен ? за кривична насилство е, изречено е 2 год условно со 3 месеци затвор за било каква кривична сторена за тоа време, со молба што може да се стори бидејќки не се работи за виновен навистина ...
Да, можно е ако се работи за полесни дела се издава казнен налог со предвидена санкција во него, за да се издаде казнен налог не се одржува расправа пред суд, не мора да се појави осомничениот пред судот. Имало веројатно доволно докази што докажуваат дека е сторител на делото ама и не мора да значи знаејќи ги нашиве државни органи.
Од моментот кога ке се прими казнениот налог, лицето има право на приговор во рок од 8 дена. Приговорот може да биде одбиен само доколку не се запази рокот од 8 дена, во спротивно мора да биде прифатен. Со поднесувањето на приговор казнениот налог се поништува, односно не се смета дека постоел воопшто, и тогаш започнува постапка пред суд за тоа дело.
Е сега интересното е тоа што во постапката лицето ако го прогласат за виновен за тоа дело може да му изречат и построга казна (затвор до 3 години, односно до 5 години ако се работи за потежок вид насилство).
 
ова не ми е јасно, да речеме казната е таа со казнениот налог, со приговор ако се покрене пак постапката и не успее не се докаже тоа што треба, казната може да биде друга ?
 
Колку време треба да помине за да се добие правосилност на пресуда донесена Февруари оваа година?
 
Вака: ако лицето има сигурен начин да докаже дека не е виновно, со докази, во постапка пред судот, тогаш треба да даде приговор и да се отпочне постапка. Но, ако нема докази добри и ако обвинителството има цврсти и недвосмислени докази тогаш судијата може да му изрече и построга казна од таа казна што му била изречена во казнениот налог. Се зависи од тоа колку осудениот може јасно да докаже дека не е сторител на делото и да го убеди судот во тоа.[DOUBLEPOST=1414922634][/DOUBLEPOST]
Колку време треба да помине за да се добие правосилност на пресуда донесена Февруари оваа година?
Правосилност настапува кога ке заврши рокот за поднесување на жалба, тоа е 15 дена од денот кога странките ке ја примат пресудата.
Штом прашуваш за пресуда од февруари која не е правосилна значи се води постапка по жалба, а кога ке заврши постапката треба да видиш до каде точно е во моментов.
 
Последно уредено:
Да прашам нешто веројатно прашањето е за тука...значи сакам да знам дали е потребна некаква дозвола од Град Скопје за снимање на видео спот? значи сакам да снимаме во Градски парк - Водно се локациите. моабетот ми е што кога ќе го снимаме видеото да не дојде некој џандар и да :гомце: па затоа пред да се прави видеото сакам да знам дали ќе има нешто што би требалода го извадиме како документ.
 
УЈП бара на една роднина да се плати персонален данок од плата сега, а за 2007. Таа има поднесено тогаш ГДП за 2007 но не добила решение. Дали имаат право да и наплаќаат КАМАТА кога не можела да го плати танокот. Бу тхе вај, мислам дека по тоа и ги укинаа пеrсоналците за плата да ги плаќаат вработените, тоа беа неколку матни години, 2006-2007 кога вработени во некој фирми, а кој немаа никакви дополнителни приходи мораа да плаќаат персоналец...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom