Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Не, тоа е комплетно негов стан нема тука брачна сопственост, за таква сопственост се смета коа имотот е стекнат у време на брак со средства стекнати во времетраење на бракот. Битно е потеклото на средствата со кои се стекнува имотот дали се пред или после стапување у брачна заедница.
Па овака се уредува како и секој друг имот при наследување, поклон итн.

И претходно читав негде дека секогаш по половина идел имотот што мажот и жената го стекнале у брачната заедниница.
Ова е само претпоставено ништо повеќе, си постои постапка каде што се докажува лесно кој колкав удел има.

Дали има брачна сопсвеност тука е дискутабилно. Не појаснија дали парите на таткото се стекнати пред бракот али еве да кажеме дека биле од пред бракот. Иако таткото ги дал неговите пари, тој без неговата сопруга немал право првенствено и повластено да го купи станот. Ако се одело кон нормална продажба на станот тогаш цената би била далеку повисока и би имало веројатно и други купувачи. Што укажува на фактот дека без неговата сопруга тој стан можеби и немало да го купат (можеби поради немање доволно средства, станот би бил продаден на друго лице итн.), тоа се потврдува и со тоа што мажот го става станот на име на жената баш поради оваа причина. Веројатно во имотниот лист стои дека жената е целосен сопственик на станот.
И да се докаже дека станот припаѓа на таткото како посебен а не заднички имот, сепак мајката ке има свој дел бидејќи секако имала придонес во станот со одржување, некакво инвестирање макар и секојдневно, самото тоа што живее во тој стан во заедница има свој дел, и свој дел како наследник на брачен другар.

На прашањето сега на @badluckguy, во негова корист иде членот 92 од Законот за сопсвеност, кој гласи Заедничка сопственост во семејна заедница.
Ке цитирам дел од чл.92 став 3 -
„големината на делот на секој член се утврдува врз основа на придонесот на членовите кои учествувале во стекнувањето на правото на сопственост, зависно од вложениот труд, заработувачката, водењето на домашните работи, грижата за одржување на имотот и секоја друга форма на работа и соработка во неговото управување, одржување и зголемување.“
 
Ај некој да ми каже како може вработен во државен клинички центар да ми наплаќа приватно за услугите, иако си имам и уреден упут и иако сум осигурна, со образложение дека преку картичката за здравствено осигурување не можеле да добијат информации дека сум навистина осигурана?? Ја немав книшката со мене, студент сум и студирам во друг град, сношти имав болки и снимката ми требаше итно. Си платив ама не можам да се доначудам на образложениево. Што ако немав пари во моментот? Си рачунам државно пошо нели ги исполнувам сите услови за тоа.
Што е поентата на картичката? На одредени места сум ја носела книшката, ми ја барале картичката. Да не знае човек со што да тргне од дома. Си ја чувам и фискалната и сакав да се распрашам и во Фондот за здравство на тој телефонот што им беше, ама добивам Вип секретарка :facepalm:
 
Тоа од мрза или не знаеле како да те пронајдат. Картичката е сосема доволна за да се идентификува пациентот. Единствено може лична карта да ти побараат (нели нема слика) инаку друго се' си следи како што треба.
Чувај сметката и побарај да ти се вратат парите.
 
Дали има брачна сопсвеност тука е дискутабилно. Не појаснија дали парите на таткото се стекнати пред бракот али еве да кажеме дека биле од пред бракот. Иако таткото ги дал неговите пари, тој без неговата сопруга немал право првенствено и повластено да го купи станот. Ако се одело кон нормална продажба на станот тогаш цената би била далеку повисока и би имало веројатно и други купувачи. Што укажува на фактот дека без неговата сопруга тој стан можеби и немало да го купат (можеби поради немање доволно средства, станот би бил продаден на друго лице итн.), тоа се потврдува и со тоа што мажот го става станот на име на жената баш поради оваа причина. Веројатно во имотниот лист стои дека жената е целосен сопственик на станот.
И да се докаже дека станот припаѓа на таткото како посебен а не заднички имот, сепак мајката ке има свој дел бидејќи секако имала придонес во станот со одржување, некакво инвестирање макар и секојдневно, самото тоа што живее во тој стан во заедница има свој дел, и свој дел како наследник на брачен другар.
Јас го пишав мислењето у контекст на она што цитирав и ништо повеќе, не гледав претходно за што се работи.
 
Можит ја утнав темава ама ми треба помош.

Како се преведуваат на англиски во официјални документи:

Член
Став
Алинеа
Службен весник

:)
 
Последно уредено од модератор:
Дали како редовен студент имам право да работам по 4 часа (скратено работно време) ?
Редовна работа не смееш ни 1 минута, а волонтирање и пракса можеш
 
Кривичен предмет од 1996 со притвор од 90 дена,отказно решение кое во рок е обжалено до второстепена комисија на Влада..........за година дена поминуваат 20 години......комплетна застареност......кои се правата на обвинетиот ??? трошоци према сид,трошоци према адвокат ,работни односи(повраток на работа и исплата на трошоци) и др.права.И во кој закон и каде има некое објаснување за тотална застареност на предмет.
 
За застареност имаш во првиот дел од КЗ, во првите 122 члена, а за трошоците ќе си разговарате со адвокатот.
 
Може ли да добијам појаснување во врска со прашањето ,, Кога и зошто Државното правобранителство некогаш би било засегнато со трудово правните односи во судска постапката (кај вработените(условно)) во јавниот сектор - министерствата на РМ?''. Нејаснотијата ми доаѓа од тоа што дп како такво е задолжено да биде странка во судски спор тогаш кога ги штити имотно правните односи на РМ.
 
"Дали комшијата има законско право да ми се меша во мојот двор" Е цитат на еден мој другар откако ми раскажа за проблемите што ги имал со комшијата..... поточно .... дека он несмеел да си ги реди дрвата толку блиску до ѕидот на комшијата....што според комшијата било минимум 50см.

Има ли некој што би можел да ми објасни дали тие 50см се законски... или комшијата му тропа глупости?
 
ДП ја застапува "државата" , односно институцијата кадешто е вработен службеникот, мора да е засегнато.[DOUBLEPOST=1414487564][/DOUBLEPOST]

Многу варијанти има овде- дали има меѓа, ѕид (да не е импровизација), дрвата да не го преминуваат ѕидот па комшијата се плаши да не се истурат кај него, да не е во прашање стварна службеност итн.
 
Куќите им се залепени ....и ѕидот (од цигла и малтер) на комшијата е повисок од 2м (залепен е со дворот на другар ми) а дрвата не надминуваат 1м ....сакам да знам дали има правна основа неговото тврдење од 50цм или не
 
Моето прашање се однесува за фондот за здраство/
Дали работник кој е пријавен 3 месеци има право на боледување,пошто ми рекоа дека нема...
 
Право на боледување може да се оствари само ако се има 6 месеци непрекинат работен стаж:
1) ако здравственото осигурување траело најмалку шест месеци непрекинато пред настапување на случајот, освен во случаите на повреда на работа и професионално заболување (без оглед на траењето на осигурувањето), како и за осигуреникот , чиј брачен другар бил упатен на работа во странство во рамките на меѓународно-техничка соработка, просветно-културна и научна соработка, во дипломатски и конзуларни претставништва, на стручно усовршување или образование со согласност и за потребите на работодавачот и по тој основ му мирува работниот однос, доколку во рок од 30 дена од денот на престанувањето на работата на неговиот брачен другар во странство се врати на работа кај работодавачот кај кој му мирува работниот однос;
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom