Дали некој може да ми даде информација или совет за следново.
Се работи за наследство (куќа и дворно место) оставено од покоен родител.
Наследници се двајца браќа од кои едниот поради одредени причини не сака да изврши физичка делба.
Тоа што ме интересира е дали може другиот да покрене судска постапка за физичка делба, ако може дали знае некој отприлика колку тоа би коштало и на крај кој ќе биде должен да го плати тој трошок, дали тој што поднел за постапката или трошокот ќе биде поделен на двајцата?