Правилата се создадени...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Па правилата е да се почитуваат и да не се прекршуваат.
Ги почитувам сите правила, е сега некои и ги прекршувам:toe:
 
Значи на прашањето поставено од темата:Правилата се создадени...според овој исказ неможеш да одговориш со оној одговор што го даде,туку треба да гласи:

Добро,значи може јас да почитувам некое правило,но истото и да го прекршам доколку во моментот ми одговара тоа.

Crazy in Love напиша:
Во овој период од животот - играм според правилата.
Но,не секогаш,не во сите ситуации.

Се почитува она правило кое го наметнува општеството, кое доколку го прекршиш може да ти ја одземат слободата,да те казнат парично,да те санкционираат службено,да ти го извалкаат името.
Се друго оди со свои принципи и правила во зависност од личноста.Бидејќи оној кој што ги поставил тие правила,ни самиот не ги почитува,затоа играј по свое со отворени очи.
 
Правилата се создадении............... за да не владее тотална анарцијха
 
Па јас не реков дека СИТЕ ги почитувам.Поголемиот дел од нив,да.
Знам да скршнам,да прекршам правило - но,не секогаш и не толку често.

Гледам да се однесувам според правилата,без разлика дали тие биле наметнати или не.

Го делам истото мислење со тебе:helou:.
 
Правилата се создадени да се кршат и да се почитуваат...Ова го мислам така што постојат правила кои навистина можеме да ги прекршиме,,а притоа 'казната' ако воопшто ја има да не биде значителна,,но исто така постојат правила кои МОРА да ги почитуваме затоа што на пр. тие ја гарантираат нашата безбедност..како што се на пр. правилата во сообраќајот и сл.:pipi:
 
Јас мислам дека ние (Македонците) спаѓаме во онаа група на нации кои имаат голема желба да ги кршат правилата и кои мислат дека ти се создадени за кршење.

Не мислите ли дека доколку малку повеќе ги почитуваме правилата би имале еден помирен и поспокоен живот?

Или мислите пак животот не би бил интересен доколку не би имало правила и доколку истите не би се кршеле?

За мене свесното кршење на правилата е намерно создавање на проблеми, непочутвање на нешто што е заедничко и рушење на еден пристоен начин на живот.
 
...за да се видоизменуваат според твоите потреби и да се прилагодуваат на твоите барања.

Бар кај нас. :toe:
 
vo mnogunacionalna drzava za da mu sluzat na najmnogubrojniot narod, i vo realnosta za da ima najmalce dva sloja na luge, onie koi ke gi shtitat pravilata i onie podchinetite na zakonot ili pravilata, znachi vikaat deka ogradi se za stoka- i pravila za sirotinjata:tv:
 
Правилата се создадени за да се прават и двете опции...
Кој од нас некогаш не прекршил некое правило, а сепак сите сакаме да ги почитуваме...
Лично јас секогаш се обидувам да почитувам правила, меѓутоа секогаш мора да има и по некоја отстапка.
 
правилата се за да личат во МАКЕДОНИЈА :pipi: и за тава сите можат слободно да ги прекршуват оти некои се казнети а некои не
 
правилата се создадени да се почитуваат,али денешниве правила се почитуваат и се прекршуваат......не е тоа нешто лошто има многу правила кои се безврска,еве како на пример чиста глупост е што до 7 мора да се купи алкохол,тоа воопшто не се почитува или пак малолетни да не пијат ........некои правила во животот се стварно безврска и непотребни!!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom