Веќе реков: броењето на времето како „пред„ и „од„ нашава ера, нема свој почеток во реалниот преод од стара во нова ера. На пример, римјаните го мера времето „кон назад„, (кон „0„-тата година), а ние го мериме „на напред„, кон иднината. Плус, дали Христос Е роден во „0„-тата година или Е роден во 4-тата година, тоа ништо битно не менува.
--- надополнето: 5 јануари 2014 во 22:58 ---
Со реалниот настан кој се случи после чудото.
Се сеќавам дека на денот на кој беше медиумски објавено чудото со фреските, моите колеги од работа ме прашааа што мислам за тоа: дали е чудо или не е? Бев воздржан, и им одговорив дека „..ќе видиме за некој ден...„, оти искуствено знаеме дека чудата кои се случуваат на фреските и иконите значат опомена до одредена помесна Црква и нејзинот народ дека ќе им се случи зло.
Злото се случи ден-два по чудото од фреските, кога беа убиени рибарите на Смилковски езеро, кое како настан, е преседан во начата држава и нашиов народ.
--- надополнето: 5 јануари 2014 во 23:00 ---
Црквата веќе има свои верници: колку се, толку се, арни се. Кон и во Црквата се приоѓа доброволно и покајнички а не преку ТВ реклами.