Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
hattab1,

моето раѓање има доказ во изводот од матичната книга на родените.
Христовото раѓање има доказ во колективното сеќавање од Црквата: сабота наспроти недела, 25 декември, 4-тата година од н.е.
 
И најбитно,како можеме да го сметаме за точно сметањето на времето по христијанскиот календар и почеток на календарот да го земаме од оној ден кога Исус е роден,а и самиот велиш дека не е точно прецизирано кога е роден?

Бев јасен: Библијата не содржи години и датуму, туку нив ги има во црковните записи.
 
И јас има прашање. Во сандачето најдов нешто што се вика “Вистинско светло“ тоа е мала религиозна книга. Читајќи ја приметив неколку грешни или погрешни работи. Прво Исус бил слаб човек и не можел на грб да носи греда потешка од него, башка бил мачен и имал венец од трња на главата. Потоа бил распнат на крст. Е сега, каде точно му биле заковани шајќите на рацете затоа што дланките не можат да ја поднесат целата тежина на телото, а сите слики т.е. икони каде тој е пресликан на крст, сликите прикажуваат дека тој бил закован во дланките. Можно ли е сите икони да се грешки ,ако она напишаното во Библијата е точно???
--- надополнето: 5 јануари 2014 во 22:22 ---
А и ова, ме интересира како и колку би ги казниле свештениците кои ги обновија фреските со една црква (не ми текнува на името) затоа тоа е еден вид уништување на црквата. Мало потсетување, божјото чудо кое испадна лажно!.
 
hattab1,

дали 4-тата година од н.е. е исто што и 4-от век. од н.е.?
 
Моја грешка.
Како и да е, како може човекот по кој се смета почнувањето на новата ера да е роден 4 години по новата ера?
И не ги избегнувај прашањата со црвено.
 
И јас има прашање. Во сандачето најдов нешто што се вика “Вистинско светло“ тоа е мала религиозна книга. Читајќи ја приметив неколку грешни или погрешни работи. Прво Исус бил слаб човек и не можел на грб да носи греда потешка од него, башка бил мачен и имал венец од трња на главата. Потоа бил распнат на крст. Е сега, каде точно му биле заковани шајќите на рацете затоа што дланките не можат да ја поднесат целата тежина на телото, а сите слики т.е. икони каде тој е пресликан на крст, сликите прикажуваат дека тој бил закован во дланките. Можно ли е сите икони да се грешки ,ако она напишаното во Библијата е точно???

Христос бил закован и во дланките и во стапалата, без оштетување на ниту една Негова коска. Плус, Христос Е отстранет од крстот попладнето во денот (петок) кога е Е распнат, така да Он не бил долго на крстот.
--- надополнето: 5 јануари 2014 во 22:36 ---
А и ова, ме интересира како и колку би ги казниле свештениците кои ги обновија фреските со една црква (не ми текнува на името) затоа тоа е еден вид уништување на црквата. Мало потсетување, божјото чудо кое испадна лажно!.

Нема докази дека чудото е лажно.
--- надополнето: 5 јануари 2014 во 22:40 ---
Дали исус го обележувал неговиот роденден со коледарски огнови итн итн... или дали заповедал да се палат коледарски огнови??

Не: Христос никаде не заповедал палење огнови на Неговиот роденден. Палењето бадинков оган има симболична улога: тоа е повторување на огнот кој го користеле пастирите од Витлеемската околина, на кој се грееле во стидените ноќи. Пастирите се меѓу првите луѓе, кои отида да Му се поклонат на родениот Спасител.
--- надополнето: 5 јануари 2014 во 22:42 ---
Моја грешка.
Како и да е, како може човекот по кој се смета почнувањето на новата ера да е роден 4 години по новата ера?
И не ги избегнувај прашањата со црвено.

Христос Е роден во 754-тата година, според римското сметање на времето, односно во 754-тата година од основањето на градот Рим.
Начинот на сметање на времето како „пред„ и „од„ нашава ера, е од понов датум.
 
Христос бил закован и во дланките и во стапалата, без оштетување на ниту една Негова коска. Плус, Христос Е отстранет од крстот попладнето во денот (петок) кога е Е распнат, така да Он не бил долго на крстот.
--- надополнето: 5 јануари 2014 во 22:36 ---

Нема докази дека чудото е лажно.

Фати си ја едната рака! Викаш немало ниту една оштетена коска значи бил закован меѓу коските, а јас реков дека не е возмозно тие да ја издржат тежината на телото без разлика колку долго бил на крстот. Научните трвдења велат различно од она што стои во Библијата!
Ако немаше докази, зошто тогаш беше скинат постерот на кои имаше спреј и во поздината ги имаше испечатено оние нешто кои со спрејот беа обновен? Тоа е еден вид прикривање на докази.
 
Научните „тврдења„ се изведени на распување трупови од веќе упокоени луѓе: ние овде правиме муабет не за распување на мртовци, туку за распнување на Богочовекот, Кој Е закован жив и свесен, со тешки клинци, а не со шајчиња.
--- надополнето: 5 јануари 2014 во 22:48 ---

Чудата во Црквата немаат научен доказ, ниту се подложни на научно докажување или побивање: едноставно, во чудото или верувам или не верувам.
Чудото од храмот Св. Димитрија докажува дека е чудо, затоа што му претходеше на познатиот настан кај Смилковското езеро, како предупредување.
 
Дали и тој бил од крв и месо?
Грешка голема си и околу тоа дека научниците го испитувале тоа на мртовци.
 
Христос Е роден во 754-тата година, според римското сметање на времето, односно во 754-тата година од основањето на градот Рим.

Благодарам за првиот дел од одговорот.

Второто прашање пак не ми го одговори но ќе го повторам,
Како е можно човекот чие раѓање за христијаните претставува почеток на новата ера да е роден 4та година после новата ера?
 
Чудата во Црквата немаат научен доказ, ниту се подложни на научно докажување или побивање: едноставно, во чудото или верувам или не верувам.
Чудото од храмот Св. Димитрија докажува дека е чудо, затоа што му претходеше на познатиот настан кај Смилковското езеро, како предупредување.

А со што докажува дека е чудо? Јас мислм дека тоа беше само реклама или пропаганда со цел да се вратат верниците во црквата.
 
Благодарам за првиот дел од одговорот.

Второто прашање пак не ми го одговори но ќе го повторам,
Како е можно човекот чие раѓање за христијаните претставува почеток на новата ера да е роден 4та година после новата ера?

Веќе реков: броењето на времето како „пред„ и „од„ нашава ера, нема свој почеток во реалниот преод од стара во нова ера. На пример, римјаните го мера времето „кон назад„, (кон „0„-тата година), а ние го мериме „на напред„, кон иднината. Плус, дали Христос Е роден во „0„-тата година или Е роден во 4-тата година, тоа ништо битно не менува.
--- надополнето: 5 јануари 2014 во 22:58 ---
А со што докажува дека е чудо? .

Со реалниот настан кој се случи после чудото.

Се сеќавам дека на денот на кој беше медиумски објавено чудото со фреските, моите колеги од работа ме прашааа што мислам за тоа: дали е чудо или не е? Бев воздржан, и им одговорив дека „..ќе видиме за некој ден...„, оти искуствено знаеме дека чудата кои се случуваат на фреските и иконите значат опомена до одредена помесна Црква и нејзинот народ дека ќе им се случи зло.

Злото се случи ден-два по чудото од фреските, кога беа убиени рибарите на Смилковски езеро, кое како настан, е преседан во начата држава и нашиов народ.
--- надополнето: 5 јануари 2014 во 23:00 ---
Јас мислм дека тоа беше само реклама или пропаганда со цел да се вратат верниците во црквата.

Црквата веќе има свои верници: колку се, толку се, арни се. Кон и во Црквата се приоѓа доброволно и покајнички а не преку ТВ реклами.
 
Веќе реков: броењето на времето како „пред„ и „од„ нашава ера, нема свој почеток во реалниот преод од стара во нова ера. На пример, римјаните го мера времето „кон назад„, (кон „0„-тата година), а ние го мериме „на напред„, кон иднината. Плус, дали Христос Е роден во „0„-тата година или Е роден во 4-тата година, тоа ништо битно не менува.
--- надополнето: 5 јануари 2014 во 22:58 ---

Со реалниот настан кој се случи после чудото.

Се сеќавам дека на денот на кој беше медиумски објавено чудото со фреските, моите колеги од работа ме прашааа што мислам за тоа: дали е чудо или не е? Бев воздржан, и им одговорив дека „..ќе видиме за некој ден...„, оти искуствено знаеме дека чудата кои се случуваат на фреските и иконите значат опомена до одредена помесна Црква и нејзинот народ дека ќе им се случи зло.

Злото се случи ден-два по чудото од фреските, кога беа убиени рибарите на Смилковски езеро, кое како настан, е преседан во начата држава и нашиов народ.
--- надополнето: 5 јануари 2014 во 23:00 ---

Црквата веќе има свои верници: колку се, толку се, арни се. Кон и во Црквата се приоѓа доброволно и покајнички а не преку ТВ реклами.

Нема да го коментирам тука тој настан. Децата живееа во мојата населба.:(
И поето последно прашање за денеска. Дали знаеш некоја книга во која се опишува борбата помеѓу паднатите ангели и ангелите или барем за бунтот на небото? Не ме интересира ниту еден составен дел на Библијата.
 
Научните „тврдења„ се изведени на распување трупови од веќе упокоени луѓе: ние овде правиме муабет не за распување на мртовци, туку за распнување на Богочовекот, Кој Е закован жив и свесен, со тешки клинци, а не со шајчиња.
--- надополнето: 5 јануари 2014 во 22:48 ---

Овој твој одговор ме наведе на едно друго мислење:Со какво тело Исус Христос се вознесува на Небото?Бидејќи по воскреснувањето јадел риба со Апостолите,тогаш тоа е материјално тело,значи тој е вознесен исто како што бил вознесен Енох,Илија,Мојсеј,тоа значи дека сега сеуште живее на Небото во тело,тогаш по што е различен од останативе тројца и што е тоа што го прави Него да биде Бог.
 
Нема да го коментирам тука тој настан. Децата живееа во мојата населба.:(
И поето последно прашање за денеска. Дали знаеш некоја книга во која се опишува борбата помеѓу паднатите ангели и ангелите или барем за бунтот на небото? Не ме интересира ниту еден составен дел на Библијата.

Бунтот на Небесата и војувањето на белите и отпаднатите ангели, не е детаљно опишан во Писмото, туку во црковните толкувања за тој настан, кој е само начнат во Писмото.
Во момнетов не можам да Ти посочам точен линк со содржина која точно го опишува тој настан, оти линкот не ми е снимен.
--- надополнето: 5 јануари 2014 во 23:16 ---
Овој твој одговор ме наведе на едно друго мислење:Со какво тело Исус Христос се вознесува на Небото?Бидејќи по воскреснувањето јадел риба со Апостолите,тогаш тоа е материјално тело,значи тој е вознесен исто како што бил вознесен Енох,Илија,Мојсеј,тоа значи дека сега сеуште живее на Небото во тело,тогаш по што е различен од останативе тројца и што е тоа што го прави Него да биде Бог.

Христос се раѓа во материјално, човечко и смртно тело, а воскреснува во материјално, бесмртно и продуховено тело, кое не им подлежи на законите на материјалниов Свет. Затоа Христос може(л) да влезе во собата од Апостолите, без да мине низ влезната врата, затоа Он јаде риба со Апостолите, иако Он нема потреба од материјална храна.

Енох и Илија се живи земени од Земјава на Небесата, значи имаат свои тела, кои се неспоредливо погруби и смртни во однос на телото Христово. Енох и Илија допрва ќе ја доживеат телесната смрт, за разлика од Христа, Кој веќе умре и воскресна.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom