Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
не мора да поставуваш загатки за да добиеш конкретен одговор!

Не е сокриено од никого туку е достапно за сите.

Запишано е во Откровението Јованово,за Апокалипсата.

Да ќе има различни природни катастрофи дури и има можеш и самиот да видиш околу светот колку ги има се во поголем број,тоа се знак(укор) и предупредување на Богоотпаднатиот народ поради нивните гревови. но тек е почеток на се.

Природни катастрофи имало отсекогаш, и ќе има додека Сонцето ја грее Земјата. И по 20 века од сега некој многу бистар како тебе ќе ги убедува другите дека Исус само што не дошол.
 
Се ближи Божиќ па сакам да поставам едно прашање во врска со него.
Како дошло до тоа раѓањето на Исус да се прославува на 25 декември (односно 7 јануари за православните верници што го користат јулијанскиот календар)?
Прашувам од проста причина бидејќи во историската литература се врти една теорија, која што ми изгледа како сосема веројатна, дека Божиќ е всушност христијанска варијанта на доцно-римскиот празник Dies Natalis Solis Invicti или „Роденден на непобедлвиото Сонце“.
Култот на Sol Invictus е особено раширен низ Римската Империја во третиот век од н.е. Често непобедливото Сонце се поистоветува и со иранското божество Митра, особено популарно меѓу римските војници. А токму роденденот на Сонцето се прославува на 25 декември.
Зар не станува збор за синкретизам, со цел „паганите“ полесно да го прифатат христијанството кое што дефинитивно ке надвладее во IV-от век?

Точно: римјаните го славеле празникот, т.е. култот кон Сонцето (не случајно денот „недела„, кој е денот на Христовото воскресение, е именуван како „Sundаy„, т.е. денот на Сонцето), а целта од совпаѓањето на тие два празници не се состои во прибижувањето на новата вера до паганите, туку обратно: се работи за христијанизирање на паганските обичаи.

Патем кажано, колку ми е познато, Христос Е роден ноќта на 24-то кон 25-ти декември, така да уште еднаш имаме прилика да видиме дека неделата не случајно е и „Ден Господов“ а не само денот на Сонцето, како паганско-идолопоклонички поглед на неделниот ден.

За рисјаните, Христос Е Сонцето, кое нема да заоѓа во безвечерниот ден, после Неговото второ доаѓање, после Судот и после возобновувањето на целата Вселена. Неделата ќе биде бескрајниот ден, денот без Сонце, во кој спасените вечно ќе битисуваат во близината Христова.
--- надополнето: 5 јануари 2014 во 18:36 ---
Знам дека не си дел од римската црква, да му се прости гневот ако побара покајание!? Дали мислиш дека протестантите би се сложиле со ваквата одлука?
.

Одгворот го дадов од позиција на православен верник, а со претпоставена позиција на папски гардист.

Дали протестантите би се согласиле со таквата (мојата?) одлука, најдобро нив да ги прашаш, а пошто е познат протестантксиот начин на покајание, кој се состои во покајание „во себе„, без сведок кој ќе потврди дека покајнкот навистина изразил покајание не само во себе туку и пред други присутни, тешко дека би имало и нивна/протестантска согласност...

Во православната Црква, тешките гревови не се само просто покајнаие од грешникот, туку и примање на црковна казна (епитимија), која грешникот треба да ја прифати и исполни, за негово целосно покајание, но и натамошно негрешење.
 
Патем кажано, колку ми е познато, Христос Е роден ноќта на 24-то кон 25-ти декември, така да уште еднаш имаме прилика да видиме дека неделата не случајно е и „Ден Господов“ а не само денот на Сонцето, како паганско-идолопоклонички поглед на неделниот ден.

Доказ мики, од библија и слично.
Бидејќи на многу луѓе "не им е познато" тоа што и на тебе ти е познато, а меѓу нив е бившиот папа, и нему не му е познато.
 
hattab1,

моето раѓање има доказ во изводот од матичната книга на родените.
Христовото раѓање има доказ во колективното сеќавање од Црквата: сабота наспроти недела, 25 декември, 4-тата година од н.е.

Светото Писмо (Библијата) не содржи никаков запис за ниту една година и ниту еден датум, така да не барај такви нешта таму каде ги нема...
 
Та нели христијанскиот календар се рачуна од раѓањето на Исус па наваму?
--- надополнето: 5 јануари 2014 во 20:33 ---
Што правиме со овој текст од Лука,и овчарите што чувале стража во декември?
1 А во тие денови излезе наредба од цезарот Август да се попише целото население.

2 Тоа беше првиот попис извршен во времето кога Квириниј беше управител на Сирија.
3 И сите одеа на попис,секој во својот град.
4 Така и Јосиф отиде од Галилеја, од градот Назарет, во Јудеја, во Давидовиот град, наречен Витлеем, бидејќи беше од домот и од семејството на Давид,
5 за да се попише со Марија,која дотогаш веќе беше омажена за него, а сега беше во доцна бременост.
6 Додека беа таму, ѝ дојде времето да се породи.
7 И го роди својот син, првородениот, го пови и го положи во јасли,бидејќи во ноќевалиштето немаше место за нив.

8 Во тој крај имаше и овчари кои живееја надвор и чуваа ноќна стража над своите стада.

(Лука 2,1:8)
--- надополнето: 5 јануари 2014 во 20:40 ---
И како тоа мој Мики... се родил 4 век после новата ера,та нели од раѓањето на Исус па наваму е новата ера,како може Исус да се роди во 4ти век после неговото раѓање??

И најбитно,како можеме да го сметаме за точно сметањето на времето по христијанскиот календар и почеток на календарот да го земаме од оној ден кога Исус е роден,а и самиот велиш дека не е точно прецизирано кога е роден?
 
Ѓутуре Хаттаб, кажи му на кооператива кој запнал дека хиџретскиот календар има грешки.;)

Патем, прашање и од мене на оваа тема :- Коледе, коледарските огнови , Бадник, и останатите обичаи сврзани за овој празник ( Божиќ) дали се пагански или христијански?
 
Ме интересира што е штосот со муџахедините? Ќе се разнесат и што после тоа? Ќе горат во пеколот или ќе одат во рајот?
 
:D
Не е кооператива тука, онака атеистички и незаинтересирано е седнат покрај некој коледарски оган и пие гага винце и ракија,но иначе е хардкор атеист :)
Уште едно прашање:
15 Ако ме сакате, ќе ги држите моите заповеди.
(Јован)
Дали исус го обележувал неговиот роденден со коледарски огнови итн итн... или дали заповедал да се палат коледарски огнови??
--- надополнето: 5 јануари 2014 во 21:26 ---

Што имаат муџахедините со ова,и зошто ова прашање не го поставиш во темата на Исламот?
 
Веќе кога одите со паганство ме интересира.
На погрешна тема ми поставуваш прашање. :)
А го поставам таму ќе добијам одговор, оди прашај ги. И ако ми идговориш ќе ти го одговорам јас твоето прашање со контра прашање.
 
Веќе кога одите со паганство ме интересира.
А го поставам таму ќе добијам одговор, оди прашај ги. И ако ми идговориш ќе ти го одговорам јас твоето прашање со контра прашање.

Што имаат муџахедините пак со паганство сега?
бтв. тоа прашање е одговорено во темата за исламот.
Но не разбирам зошто се вмеша овде?
 
И јас не разбирам многу работи, времето е лек за се. Сеуште чекам одговор, или прашањето е претешко?
--- надополнето: 5 јануари 2014 во 21:47 ---
Значи ќе горат во пеколот, кратко и јасно. Одат контра Куранот.
Кога веќе сме кај паганството, да пагански се галењето оган, бадниковите гранчиња и сл. Но овој одговор можеше да се пронајде и во коранот. Зошто? Затоа што и таму има т.н. пагански работи. Веќе поставив прашање за една исламска паганска работа (или како и да ги викате работите постари од Куранот и само се вметнати во него) таква е таа убиј, тепај неверници, небожници, бовеќебошци и сл. Сите знаеме каква била состојбата во тој сел од светот во тое први 500 години од новата ера.
Во секое стадо има и црни овци- чива е оваа мисла?! А јас имам поидеална, прво преброј ги своите овци, па потоа на комшијата!
Да бидам комплетен го копирав истиот коментар со цел да увидите дека прашањето ми е на место кога дојде и идеалниот одговор!
Или пократко. Има работи кои погрешно се разбираат и толкуваат и траат се до ден денес без разлика дали светите книги и религијата им ставаат барикади или не.
 
Ок думблдоре,не ја пренесувај темата ваму,а и не ја гледам потребата да се вмешаш овде,можеше тоа да го напишеш и на темата за исламот.
Но да не идеме повеќе офтопик,ќе ги пишам прашањата пак, значи ако може христијани да одговорат не такозваните атеисти:

Та нели христијанскиот календар се рачуна од раѓањето на Исус па наваму?
Што правиме со овој текст од Лука,и овчарите што чувале стража во декември?
5 за да се попише со Марија,која дотогаш веќе беше омажена за него, а сега беше во доцна бременост.
6 Додека беа таму, ѝ дојде времето да се породи.
7 И го роди својот син, првородениот, го пови и го положи во јасли,бидејќи во ноќевалиштето немаше место за нив.
8 Во тој крај имаше и овчари кои живееја надвор и чуваа ноќна стража над своите стада.
(Лука 2,1:8)

И како тоа мој Мики... се родил 4 век после новата ера,та нели од раѓањето на Исус па наваму е новата ера,како може Исус да се роди во 4ти век после неговото раѓање??

И најбитно,како можеме да го сметаме за точно сметањето на времето по христијанскиот календар и почеток на календарот да го земаме од оној ден кога Исус е роден,а и самиот велиш дека не е точно прецизирано кога е роден?

15 Ако ме сакате, ќе ги држите моите заповеди.
(Јован)

Дали исус го обележувал неговиот роденден со коледарски огнови итн итн... или дали заповедал да се палат коледарски огнови??

Повелете :)
 
Чекај, чекај, чекај.
Јас прашањето му го поставив на Омер, незнам што ми го одговори ти, но нема врска. Зошто тој се исклучи, веројатно не го знаеше одговорот или само знае да напаѓа или не одговара на прашања или...........?
 
И како тоа мој Мики... се родил 4 век после новата ера,та нели од раѓањето на Исус па наваму е новата ера,како може Исус да се роди во 4ти век после неговото раѓање??

А каде напишав дека се родил во 4-от век?...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom