Мики еве ти предизвик за логично размислување,а не како што кажувал овој Сирин,кога немале претстава како всушност се смета едно деноноќие од 24 часа,и што претставува тоа.Едно завртување на планетата Земја околу себеси е тоа деноноќие од 24 часа.На самиот Почеток на Постанокот ја имаме планетата Земја сама без Сонцето,Месечината и останатите звезди.За да функционира планетата и да ротира потребен и е еден систем и неговата гравитација,кој се вика Сончев систем,а тоа го немаме бидејќи сите други небески тела се створени послем Земјата?Значи нешто не штима,бидејќи планетата Земја е само еден механизам од една машина,кој сам ништо не врши функција и не може да ја замени целата машина.
Тоа што е кажано од Св. Ефрем, никој во Црквата не го негира. Ако внимателно го прочиташ Постанокот, ќе видиш дека Мојсеј запишал оти еден ден трае така што почнува ноќта а се завршува со наредниот ден, односно еден ден од Постанокот изнесува колку и едно ноќодение, она кое денес го броиме како деноноќие, согласно астроносмското сметање на денот. Во Црквата, според начинот на кој се уредени молитвите и според начинот на кој живеат манастирите, денот се‘уште почнува со ноќ а завршува со наредниот ден, така да денес веќе сме вторник, оти ноќта веќе е падната а црковниот вторник ќе трае до утре попладне, до вечерната молитва, некаде кај 16.00-17.00 ч.
Тоа што се повикуваш на чисто астрономско гледање на деноноќието, каде денот и ноќта се одредени преку Сонцето и Месечината, каде Сонцето наводно е створено пред Земјата, тоа е само една можна вистина, која не е во согласност со учењето од Црквата. Повеќе пати имам објаснето дека за мерењето на денот и ноќта, пред 4-от ден од Постанокот, Сонцето и Месечинатаа не биле неопходни, оти Бог ним им ја дал таа улога отпосле, односно во 4-от ден, кога и Земјата и се‘ живо на неа, веќе битисувале и без Сонцето и без Месечината.
--- надополнето: 14 октомври 2013 во 22:14 ---
Незнам дали некои поставил вакви прашања,затоа што има еве 218 страни и неможам сите да ги читам по ред па ќе ги поставам
КАКО господ ја направил планетата земја,како што е напишано во библијата дека тој ја создал?
Дали веруваат дека се е точно што црквата (општо сите) некогаш го рекла,а верниците веруваат дека тоа нешто е точно?А тоа нешто може да биде или напишано во библијата или пак некои став на црквата која нема докази и факти на нејзина страна!
Секако вистинскиот верник секогаш затстанува зад прогнозата на таа религија,а во овој случај се работи за христијанството па да видиме дали верниците и веруваат на својата религија!?(ова не е прашање)
1. Бог, Творецот на се‘ видливо и невидливо, твори од ништо, ex nihilo, така што Он заповеда, а настанот моментало се случува, односно нештата од непостоење, преоѓаат во постење.
2. Црквата се повикува и верува во вистините кои ни‘ се од Бога објавени, така нема потреба од сомнеж ниту доказ за она во кое се верува.
3. Секако дека верните во Црквата, веруваат со својата вероисповест, оти во спротивно, би биле атеисти, незнабожци, пагани, идолопоклоници и тако даље и томе слично...