Значи Светото Писмо не е божја објава?
Зависи што подразбираш под поимот „божја објава„.
Бог сигурно не го напишал Писмото, туку Писмото е напишано од старозавените пророци и новозаветните Апостоли, кои пишувале под влијание од благодатната енергија Божја, така да се работи за конкретни поединци, односно Божји угодници, со свое име.
Можам да кажам и поинаку: дека Бог му се објави на човековиот род и преку Писмото, во времињата од Стариот Завет, но и преку Црквата, во овие новозаветни времиња, кои тековно ги живееме.
Но никако нема да кажам дека сам Бог го напишал Светото Писмо: на Божјата се‘моќ не и‘ се потребни никакви записи, туку записите му се потребни на огревовениот род човечки.
--- надополнето: 12 октомври 2013 во 20:37 ---
За семокно битие и има логика ова што го напиша ама другите верници сепак имаат свои тумачења за истиот настан а претпоставувам дека и тие се православни.
Тоа е веке голем проблем.
Затоа еднаш ти кажав дека на библијата и треба тумачење у пишана форма за да ги немате овие недоразбирања меѓу вас.
Црквата, т.е. Светиите, немаат математичко-астрономско-егзактен одговор на времетреаењата од 7-те дена од Постанокот, од проста причина: Црквата не го гледа ова минливо време, туку ја гледа вечноста во Царството Небесно.
Но, ако некој бара точен одговор за времетраењето на тие 7 дена од Постанокот, ете го Св. Ефрем Сириски, кој е јасен без дилеми: секој од тие 7 денови траел по 24 часа, исто оноклку колку што траат и нашиве денови: Логиката е проста: зашто еден ден од Постанокот би имал „една„ а еден наш ден би има „друга„ временска должина?
Ќе испаде дека еден од деновите од Постанокот траел или ептен долго, или ептен кратко или ептен поинаку од времетраењето од нашиве денови. Но, како што веќе напишав: Бог го створи Светов во време, а не затоа што Нему Му треба време за творење. Ендоставно: Бог заповеда, а настанот и предметот преоѓаат од непостоење во постоење, и таа промена е миговна а не еволутивно-временска, така дана Бога не Му требаат неверојатно долги времетрајни денови, за да Он „има време„ да ги обликува нештата.
Значи, законите по кои постои денешниов Свет, се зададени уште при неговото почетно оформување, без нивни битни промени.