Вреди да се прочита
„Луѓето не можат сами да се спасат; но за Бога се е можно. За Него нема ништо неможно, како што рекол Самиот наш Господ и Спасител Исус Христос: ,За луѓето тоа не е можно; но за Бога се е можно“ (Матеј 19, 26), и така ,да побрзаме пред лицето Негово со славословие, и со псалми да Му воскликнеме, и да заплачеме пред лицето на Господа, нашиот Творец; зашто Он е Бог наш“ (Псал. 94. 2, 6-7), зашто словото Негово преку пророкот Исаија вели: ,Ако останевте на местото и мирувавте, ќе се спасевте“ (Иса. 30, 15). И пак вели: ,Ете раката на Господа не се скусила, та да не може да спасува, и увото Негово не отврднало, та да не може да слуша. Но беззаконијата и гревовите ваши ве разделија од вашиот Бог, и гревовите ваши прават да го сокрива лицето Свое од вас, за да не слуша“ (Иса. 59,1-2). И уште вели: ,Измијте се, исчистете се; иставете ги од очите Мои лошите дела свои; престанете да правите зло; научете се да правите добро, барајте правда, спасувајте угнетен, заштитувајте сирак, застапувајте се за вдовица. Тогаш дојдете и ќе се пресуди, вели Господ. Гревовите ваши да се и како бакам, како снег ќе ги побелам; да бидат црвени и како пурпур како волна ќе станат бели. Ако Го барате и ако го послушате, ќе ги најдете добрата земни; ако, пак, не сакате и се противставувате, меч ќе ве истреби, тоа го рече устата Господова“ (Иса. 1, 16-20). И преку пророкот Јоил Бог го вели истото: ,Обрнете се кон Мене од се срце со пост, план и ридание. Раскинете ги срцата свои, а не облеката и обрнете се кон Господа вашиот Бог: зашто Он е благ и милосрден, долготрпелив и многумилостнв и сожалува за зло“ (Јоил 2,12-13). И Преку пророкот Језекиил Бог велел: ,Сине човечки, кажи му на домот Израилов вие велите: ,Нашите престапи и нашите гревови се врз нас, и ние пропаѓаме во нив, како тогаш можеме да живееме“? Кажи им, жив сум Јас, вели Господ Бог: Јас не ја сакам смртта на грешникот, туку грешникот да се одврати од својот пат и да остане жив. Вратете се. вратете се од вашите лоши патишта; Зошто да умирате вие, доме Израилов?“ (Језек. 33,1О-11). Во Третата книга на царствата. во која е изложено изобилството на Божјата добрина, се зборува и за тоа како Ахав, кој бил во лозјето на Навутеја, кое го придобил преку убиството на Навутеј. потпомогнат од царицата Језавела, ги слушнал зборовите на пророкот Илија, кој рекол: ,Вака вели Господ: ,Ти си убил, и уште стапуваш во наследство!“ И кажи му: ,Вака вели Господ: ,На она место, каде што кучињата ја лижеа Навутеевата крв, кучињата ќе ја лижат и твојата крв.“ И за Језавела Господ рече: .,Кучињата ќе ја изедат Језавела зад Језреелските зидови“. Откако ги ислуша сите тие зборови, Ахав се умилкуваше прад Господа, одеше и плачеше, ја раскина облеката своја, го покри телото свое со вреќиште, постеше и спиеше во вреќиште и одеше нажален. И би слово Господово кон Илија Тесвитецот за Ахава. И Господ рече: ,Виде ли како се смири Ахав пред Мене? Затоа што се смири пред Мене, Јас нема да му испратам зло во неговите дни, туку во дните на синот негов ќе пратам зло врз неговиот дом“ (3. Цар. 21, 19, 23, 27-29). И пророкот Давид вели: ,Но јас го познав гревот мој и не го сокрив беззаконието свое, па реков: ,Ke ги исповедам на Господа моите престапи“, и Ти ми го прости гревот мој. Затоа секој праведник нека Ти се помоли навреме“ (Псал. 31, 5-6). Во Евангелието на нашиот Господ Исус Христос се вели: ,Покајте се, зашто се приближи царството небесно!“ (Матеј 4, 17), а кога светиот апостол Петар Го прашал: ,Господи, колкупати да My простам на брата си, кога ќе згреши против мене? Дали до седумпати?“ Господ, Кој е по природа добар и неискажливо милостив, му одговорил: ,Не ти велам до седум, туку до седумдесетпати по седум“ (Матеј 18, 21-22). Со што може да се спореди таквата добрина и милост? Со што можеме да ја споредиме ваквата човекољубивост?
Свети Максим Исповедник
ДОБРОТОЉУБИЕ
pravoslavenistocnik.mk
(ДОБРОТОЉУБИЕ)
Дојди на Света Литургија