Крематориум во Македонија

Коцкест град ќе се симнел од небото :pos: :pos: :pos:

Евангелие по Лука
-Еден ден, кога фарисеите Го прашаа кога ќе дојде Божјото царство, Исус им одговори:
„Доаѓањето на Божјото царство не е нешто што може да се забележи,
ниту ќе кажат: ‘Еве го тука,’ или ‘Еве го таму,’
зашто Божјото царство е меѓу вас.“


Спасение е подарок, не е награда.. едното се разликува од другото.
Објаснето е тоа многу добро во посланието до Ефесјаните и до Римјаните.

Шо се однесува до гробиштата и тој неред, тоа е проблем на институциите и на претпријатијата кои се грижат за тоа и заедно со верските заедници треба да си го решат проблемот.

Ако луѓето сакаат крематориум, државата треба да им обезбеди крематориум. Тоа е пагански обичај кој потекнува од Римјаните и нема врска со православието.

Нас православните нека не јадат црви, тоа си е наш избор.За сите останати нивните одлуки се нивен избор.
Православната црква нема да даде молитва ако некој православен се одлучи на таков чекор, тоа треба да е јасно, традицијата не се менува - ниту за своите.
 
Коцкест град ќе се симнел од небото :pos: :pos: :pos:

Евангелие по Лука
-Еден ден, кога фарисеите Го прашаа кога ќе дојде Божјото царство, Исус им одговори:
„Доаѓањето на Божјото царство не е нешто што може да се забележи,
ниту ќе кажат: ‘Еве го тука,’ или ‘Еве го таму,’
зашто Божјото царство е меѓу вас.“

Во наведените стихови, никаде не е споменат небесниот Ерусалим, туку „царството Божјо„ кое не се однесува на самиот град.

Еве што вели Св.Ап. Јован, како очевидец на изгледот од небесниот Ерусалим:

„Градот беше четириаголен, а должината му е колку и широчината. Тој го измери градот со трската и најде дека изнесува дванаесет илјади стадии; должината, широчината и височината негова-еднакви„.

Јовановото Откровение, 21.16.

А еве каде е посочено дека градот слегува од небото:

„Тогаш јас, Јован, го видов светиот град Ерусалим, нов, како слегува од Бога, од небото, стокмен како невеста променета за својот маж„.

Јовановото Откровение, 21.2.
 
Во наведените стихови, никаде не е споменат небесниот Ерусалим, туку „царството Божјо„ кое не се однесува на самиот град.

Еве што вели Св.Ап. Јован, како очевидец на изгледот од небесниот Ерусалим:

„Градот беше четириаголен, а должината му е колку и широчината. Тој го измери градот со трската и најде дека изнесува дванаесет илјади стадии; должината, широчината и височината негова-еднакви„.

Јовановото Откровение, 21.16.

А еве каде е посочено дека градот слегува од небото:

„Тогаш јас, Јован, го видов светиот град Ерусалим, нов, како слегува од Бога, од небото, стокмен како невеста променета за својот маж„.

Јовановото Откровение, 21.2.
Окровение е напишано од свештеникот Јован, и тоа ти е објаснето

Св. Андреј Цезариски објаснува за овој пасус и он е најлегитимен интерпретатор на Откровение
Небесниот град е „град“ што симболично ја претставува Црквата – заедницата на спасените и вечниот дом на Бог со луѓето.
Визијата на свештеникот се сфаќа симболично и духовно, така и е прифатена во Православието
Светецот кажува многу поопширно за овој пасус, можеш да изгуглаш и да го најдеш тоа.

На крај на Откровение 21 пишува
„Народите ќе одат во неговата светлина, и царевите на земјата ќе ја донесат својата слава во него.Портите негови нема никогаш да се затворат дење, зашто таму нема да има ноќ. И ќе ја донесат во него славата и честа на народите. И ништо нечисто нема да влезе во него, ниту оној што врши гнасно или лажно дело, туку само оние што се напишани во книгата на животот на Јагнето.“

Ова е тема за крематориум и за тоа треба да се пишува.
За останато знаеш каде може да се продолжи ова, да не спамаме.
 
Окровение е напишано од свештеникот Јован, и тоа ти е објаснето

Каде и кој свештеник Јован (!!!) го пишувал Откровението?...

Патем кажано, Св.Ап. Јован вели дека видел град со одредени негови атрибути, не дека видел симболика...
 
Дали им е до верата, дали до парите. Гроб е скапа работа да се купи, а треба и да се одржува. Продаваат гробни места на огласи негде 1500 па и 2500 евра.
Има еден оглас, продава гробно место на одлична локација. Божем ќе го гледам Скопје на чист воздух.
Реално, ретко кој е поттикнат од вера.
 
Ви братчиња неможете да се договорите меѓу себе што е тачно а што не у Библију, дали некој с'нуваја,халуцинираја или симболично зборија.
Наравно дека скоро цела книга е метафорички напишана, зар стфарно веруете у бајковити работе што некој ги диктираја и пишуваја пред 2 до 3 милениуми тоес и у двата зевата.

Зшто некои работе по потребе се избацуеф од Библију?
Бук оф Енок?
Елиенс?
:icon_mrgr:

И ај да не иду офтопик, зшто православие се решило за закоп, а некои други за кремирање, а устфари ваш месија, син божји ставен и пештеру?
Турлитава.
 
Дали им е до верата, дали до парите. Гроб е скапа работа да се купи, а треба и да се одржува. Продаваат гробни места на огласи негде 1500 па и 2500 евра.
Има еден оглас, продава гробно место на одлична локација. Божем ќе го гледам Скопје на чист воздух.
Реално, ретко кој е поттикнат од вера.
Црквата треба да си откупи земјиште и да биде тоа од црквата

Служба не се плаќа, дали е тоа крштевање или закоп, не се наплаќа.
Така налагаат учењата, е сега што они такси маваат, тоа е друга работа и друг муабет.

Џипови битно се возат, ама гробиштата се запустени и оставени така.
Колку што е крива Црквата, толку е и народот.

Народот е црквата на крај краева..
 
Ви братчиња неможете да се договорите меѓу себе што е тачно а што не у Библију, дали некој с'нуваја,халуцинираја или симболично зборија.
Наравно дека скоро цела книга е метафорички напишана, зар стфарно веруете у бајковити работе што некој ги диктираја и пишуваја пред 2 до 3 милениуми тоес и у двата зевата.

Зшто некои работе по потребе се избацуеф од Библију?
Бук оф Енок?
Елиенс?
:icon_mrgr:

И ај да не иду офтопик, зшто православие се решило за закоп, а некои други за кремирање, а устфари ваш месија, син божји ставен и пештеру?
Турлитава.

парва разбираш,

во Светото Писмо се вброени само книгите од Стариот и Новиот Завет и тоа само тие кои се веќе дел од Писмото и ништо повеќе од тоа.

Стариот Завет е автоматски превземен од Евреите, како таков, а Новиот Завет е составен од помесните Цркви и е канонизиран (довршен, озаконет) дури 692-тата година од н.е.

Во Новиот Завет се вбројуваат само книгите за кои Светите Оци процениле дека се пишувани од автори кои се наоѓале под влијание од Светиот Дух и Неговата благодат, а не пишувани од било кој, како му текнало и како му се сонило.

Тие книги кои не се дел од Писмото се нарекуваат „апокрифни„.

Православната вера претпочита закоп (погреб) од причина која веќе ја напишав на темата „Крематориуми„ и нема што тука да се додава или одзема. Погребувањето се изведувало така што покојниот се завиткувал во чаршав и положувал во гроб. Користењето сандаци за погреб не е православна традиција, туку е увезена од протестантскиот Запад.

Светото Писмо е пишувано на начин кој може да е толкува и фактички и/или симболички, зависно од стихот кој е разгледуван.

Твоето неверување и непознавање на Писмото и верата не се туѓ проблем...
Автоматски споено мислење:

Дали им е до верата, дали до парите. Гроб е скапа работа да се купи, а треба и да се одржува. Продаваат гробни места на огласи негде 1500 па и 2500 евра.
Има еден оглас, продава гробно место на одлична локација. Божем ќе го гледам Скопје на чист воздух.
Реално, ретко кој е поттикнат од вера.

Точно; состојбата со гробните места наликува на она дивјачко покачување на цените од становите.

Местата одредени за гробишта најчесто се своина од некое ЈП, не од Црквата или црковно земјиште, така да ЈП-ја можат да „лупаат„ цени до небо.
Автоматски споено мислење:

П.С:

Христос беше погребан во гроб од камен, завиен во платно/чаршав. Гробот бил од камен затоа што не можел да биде поинаков во предел каде камењарот е природен терен/тло.

Плус, еден и ист гроб од камен бил користен за повеќе погреби.
 
Последно уредено:
Местата одредени за гробишта најчесто се своина од некое ЈП, не од Црквата или црковно земјиште, така да ЈП-ја можат да „лупаат„ цени до небо.
Цццц

Значи Црквата не треба да се интересира за состојбата на гробиштата?
 
Цццц

Значи Црквата не треба да се интересира за состојбата на гробиштата?
...не сакам да коментирам на ова тема, некако морбидна ми е, ама само да се надоврзам дека за гробиштата се одговорни Јавни комунални претпријатија кои се пак под ингиренции на соодветната општина т.е градоначалникот(чка) - т.е. све што е околу хигиена, чистење и достојно погребно место, додека црквата преку своите свештени лица само се одговорни околу религиозниот чин околу почнатиот и неговите најблиски.
 
...не сакам да коментирам на ова тема, некако морбидна ми е, ама само да се надоврзам дека за гробиштата се одговорни Јавни комунални претпријатија кои се пак под ингиренции на соодветната општина т.е градоначалникот(чка), све што е околу хигиена, чистење и достојно погребно место, црквата преку своите свештени лица само се одговорни околу религиозниот чин околу почнатиот и неговите најблиски.
Сакаш да кажеш дека Црквата треба да крене раце од своите верници?
Мене тоа ми звучи како „Ние дојдовме , дадовме молитвата, собравме парите, што понатака со местото на почивалиште е ваша работа“

Ама да беше тоа почивалиште на Синот божји(или на Апостолите), ехее , триста драми ќе беа направени.

Црквата си има работи на кои треба да работи, стана државна институција и многу не се секираат за духовноста и состојбата на народот.

Таков впечаток имам јас, ми изгледа дека и другите имаат горе-доле слично мислење..
 
... ти така го разбра мојот коментар ,,дека ТРЕБА црквата да крене раце од свои верници“?

...едноставно јас ја напишав фактичката состојба на овластување на гробните места и све што е околу тоа, чистота, хигиена, ред на гробно место, плаќање на гробно место, а не дека Црквата треба или не треба да се грижи околу тоа!
 
Ти спомена одговорност, јас ти одговорив на тоа.
Ако ги прочита мислењата, јас истото го кажав и плус на тоа ги додадов верските заедници, бидејќи и нив тоа ги засега.

Треба и они некој денар да дадат , или?
 

ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА ГРОБИШТА И ПОГРЕБАЛНИ УСЛУГИ
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1

Со овој закон се уредуваат начинот на определување, изградба, одржување, употреба, видови на гробишта, управување со гробиштата, употреба на гробно место и гробница, условите и начинот на вршење на погребални услуги, изградба на надгробни споменици, како и надзор над спроведување на овој закон.
Член 2

Гробиштата како добра во општа употреба се во сопственост на Република Македонија, уживаат посебна заштита и се користат под услови и на начин утврдени со овој закон.
Член 3

Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следново значење:

1. Гробишта се градежни изградени или неизградени земјишта предвидени за градба на гробни места и придружни објекти наменети за погреб (закоп);

2. Гробници се простори определени за заеднички погреб на посмртни останки на починати лица од елементарни непогоди и масовни смртни случаи предизвикани од масовни несреќи, епидемии, тероризам, војни или други вонредни околности;

3. Заеднички гробници и костурници се простори определени за положување на останки на починати лица во едно гробно место;

4. Гробно место е дел од гробиштата со определена изградена или неизградена површина наменета за погребување како изградено, односно неизградено градежно земјиште, а кај крематориумите уреден простор за чување на урните (розариуми - хоризонтални и колумбариуми - вертикални);

5. Гроб е дел од гробно место во кое се положуваат посмртните останки од починато лице;

6. Каменорезач е трговец поединец или правно лице регистрирано за изградба на надгробни споменици.

7. Носител на гробно место е физичко лице кое има лична службеност на гробно место востановена на товар на градежно земјиште на Република Македонија;

8. Погребални услуги се вид на комунална дејност што подразбира преземање, чување, опремување и превоз на умрено лице до местото на погреб, погреб или кремирање;

9. Придружни објекти на гробишта се мртовечници со ладилник, крематориуми, управни згради, посебни објекти за согорување на отпадоци и друг отпаден материјал од гробиштата, верски објекти, угостителски објекти, санитарни објекти, бунари со индустриска вода и објекти за услужни дејности (продавници за продажба на свеќи, цвеќе и слично);

10. Погреб е положување на посмртните останки во гроб или гробница, кремирање на посмртните останки на починато лице или расејување на пепелта;

11. Управител на гробишта е јавно претпријатие или друго правно лице кое врши работи на изградба, реконструкција, управување и одржување на гробиштата;

12. Гробна такса (гробарина) е надоместок за одржување на гробиштата;

13. Одржување на гробишта е тековно и инвестиционо одржување на инфраструктурата и придружните објекти на гробиштата што подразбира изведување на работи заради зачувување на основните барања на објектот во текот на неговата употреба;

14. Оператор на погребални услуги е трговец поединец или правно лице кое врши работи на преземање на починатото лице од местото каде што починало, превезување до
мртовечница, опремување и превоз на умреното лице до местото на погреб, погребување или кремирање;

15. Погребална опрема се ствари потребни за опремување и извршување на погреб на починато лице;

16. Надгробни споменици се објекти за обележување на гробното место, изградени во облик и форма согласно со верските обичаи и техничките нормативи и стандарди и

17. Откопување на гроб , односно гробница е откопување на посмртните останки и нивно преместување на ново гробно место, односно гробница.

Член 4
(1) Основните цели на овој закон се одвојување на управувањето и одржувањето на гробиштата како објекти на основната комунална инфраструктура и вршењето на погребалните услуги.

(2) Вршењето на дејноста управување со гробишта и вршење на дејноста погребални услуги се неспојливи.

Член 5

(1) Одржување на гробишта, на гробници и на гробови и давање на погребални услуги се дејности од јавен интерес и се вршат под услови и начин утврдени со овој закон.

(2) Управувањето со гробиштата и вршењето на погребалните услуги општините, општините во градот Скопје, односно градот Скопје се должни да го обезбедат на целото нивно подрачје, на начин пропишан со овој закон.

Член 6

Одржување на гробишта, нагробници и на гробови на војници погребани на територијата на Република Македонија и во странство, како и на припадници на странски армии или војски од поранешните војни што се воделе на територијата на Република Македонија, се уредуваат со посебен закон, освен во случаите кога овие гробници и гробови се составен дел на постојните општи гробишта на Република Македонија.


П.С.
продолжеток целосно на Законот За гробишта и погребални услуги во спојлер кој го интересира!

II. ГРОБИШТА

1. Права на гробишта и на гробно место
Член 7

(1) Сите физички и правни лица имаат право да ги користат гробиштата.

(2) Општината, општините во градот Скопје, односно градот Скопје, за изградба и одржување на гробиштата, засноваат право на долготраен закуп на градежното земјиште во сопственост на Република Македонија, за што склучуваат договор за засновање на тоа право со Република Македонија, односно со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на градежното земјиште и задолжително го запишуваат во јавната книга за запишување на правата на недвижностите.

(3) Физичките лица засноваат право на употреба на гробно место како лична службеност.

2. Начин на определување на гробишта
Член 8

(1) Општината, општините на градот Скопје, односно градот Скопје со урбанистички план или урбанистичко – планска документација, го определува градежното земјиште наменето за гробишта, согласно прописите за просторното и урбанистичкото планирање.
(2) Изградба на нови гробишта, како и проширување на постојните гробишта ќе се предвиди со урбанистичкиот план или урбанистичко – планска документација на општината, општините на градот Скопје, односно градот Скопје, врз основа на статистички податоци за очекуваното движење на бројот на населението и стапката на смртност на населението на одредено подрачје.

(3) При изработката на урбанистичкиот план или урбанистичко – планска документација од ставот (1) на овој член, општината, општините на градот Скопје, односно градот Скопје се должни да обезбедат и планираат простор за гробишта, како и дел од гробишта за погребување на лица со посебен статус во поглед на социјалната положба, анонимни лица, лица настрадани во елементарни непогоди и други видови катастрофи, воени лица, заслужни граѓани или истакнати личности и црковни великодостојници. Во места во кои живеат припадници на разни вероисповести, во планот се определуваат посебни делови од гробиштата за секоја вероисповест или се определуваат посебни гробишта, одвоено за секоја вероисповест посебно, ако тоа го дозволува можноста за зафаќање на ново градежно земјиште, а во согласност со овој и друг закон.

(4) Две или повеќе општини можат да имаат заеднички гробишта при што спогодбено ќе ги уредат прашањата за изградба, реконструкција, управување и одржување на гробиштата.

(5) При планирање на гробиштата во општини над 15.000 жители, задолжително се предвидува и треба да се изгради мртовечница со уред за ладење и посебно определена и уредена просторија за чување и изложување на одар на посмртните останки на починатото лице.

3. Планирање, изградба, реконструкција и одржување на гробишта
Член 9

(1) Гробиштата се планираат, градат, реконструираат или одржуваат во согласност со овој закон, со прописите за градење, за заштита на животната средина и за здравствена и санитарна заштита.

(2) Гробиштата можат да бидат изградени за едно населено место, за повеќе населени места кои се во состав на една општина или да бидат изградени за една или повеќе општини.

(3) Нормативите, техничките стандарди и другите здравствено-санитарни услови за планирање, изградба и реконструкција на гробиштата, на придружните објекти и на инфраструктурата ги опфаќаат следниве содржини:

- димензионирање на гробишта, гробници и гробни места за погребување во зависност од видот на гробиштата,
- посебна инфраструктура и придружни објекти на гробишта,
- параметри за земјиштето што можат да бидат погодни за гробишта од еколошки, здравствено-санитарен, амбиентален, сообраќаен аспекти од аспект на оптимална оддалеченост од населено место, хидро-геолошки каратеристики на земјиштето и друго,
- технички стандарди на придружни објекти на гробишта,
- технички стандарди за гробни места, гробници и надгробни споменици,
- посебни технички стандарди за крематориуми,
- стандарди за уредување на зелени површини,
- оградување на гробиштата и
- паркиралишта.

(4) Покрај содржините утврдени во ставот (3) од овој член, за гробиштата задолжително се изработува и проект за распоредување на парцели за гробни места. Со проектите за распоредување се определуваат места за погреб, посебни места за погреб на заслужни
граѓани или истакнати личности, за погребна урни (розариуми или колумбариуми), места за анонимен погреб и места за расејување на пепелта.

(5) Проектот од ставот (4) на овој член го изработува управителот на гробиштата.

(6) Одржувањето на гробиштата опфаќа одржување на:

- придружни објекти,
- улици, патеки и зелени површини во гробиштата,
- јавна чистота на гробиштата и гробниците и
- инсталации.

(7) Нормативите и техничките стандарди од ставот (3) на овој член поблиску ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на комуналните работи во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на здравството и министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина и просторното планирање.

(8) За одржувањето на гробиштата, носителот на гробното место на управителот на гробишта му плаќа гробна такса (во натамошниот текст: гробарина).

(9) Управителот на гробиштата гробарината ја наплатува еднаш годишно. Советот на општината, општините во градот Скопје односно градот Скопје, може да одлучи истата да се плаќа на рати.

(10) Висината на гробарината од ставот (8) на овој член се определува со ценовник, врз основа на големината и бројот на гробните места а во висина на реалните трошоци. Ценовникот го определува управителот на гробиштата, на кој согласност дава советот на општината, општините во градот Скопје односно градот Скопје.

4. Изградба и одржување на надгробни споменици на гробно место
Член 10

(1) Надгробните споменици се градат согласно со техничките стандарди и нормативи утврдени со членот 9 став (7) од овој закон.

(2) На надгробните споменици се поставуваат обележја и верски симболи според верувањето на починатото лице или неговото семејство, односно на лицето кое е должно да го изврши погребот.

(3) Не смеат да се градат надгробни споменици и на нив да се испишуваат текстови спротивно на вероисповеста и изразувањето пиетет кон починатото лице со што се навредува достоинството на починатиот и на припадникот на одредена верска заедница, институција или држава.

(4) Одржувањето на надгробниот споменик на гробното место го врши носителот на гробното место.

(5) Под одржување на надгробен споменик се подразбира негово тековно одржување согласно со намената, во согласност со техничките стандарди и нормативи од ставот (1) на овој член.

5. Затворање и преместување на гробишта
Член 11

(1) Општината, општините во градот Скопје, односно градот Скопје донесува одлука за затворање на гробиштата или дел од нив кога нема можност за погреб, поради просторни и санитарни услови.
(2) Со одлуката од ставот (1) на овој член се определува на кое место, со изградба на нови гробишта или на други постојни гробишта, ќе се преместат гробиштата или дел од нив.

(3) Одлуката од ставот (1) на овој член се објавува во службеното гласило на општината, општините во градот Скопје, односно градот Скопје, на огласна табла, во средствата за јавно информирање или на веб страница.

(4) Преместување на гробишта не е дозволено, освен во случај на виша сила (природни катастрофи) или при постоење на јавен интерес утврден со закон.

(5) Преместување на гробиштата се врши задолжително на подрачјето на истата општина, а доколку тоа не е можно, преместувањето на гробиштата се врши на подрачјето на друга општина врз основа на спогодба меѓу тие општини.

(6) Затворањето или преместувањето на гробиштата се врши согласно прописите за здравствената заштита.

(7) Трошоците за преместување паѓаат на товар на општината, на општините во градот Скопје, односно на градот Скопје, во зависност од тоа кој орган ја донел одлуката за преместување.

6. Престанок на изградба на нови гробни места
Член 12

Општината, општините во градот Скопје, односно градот Скопје, донесуваат одлука за престанок на изградба на нови гробни места на гробишта секогаш кога ќе се утврди дека на гробиштата нема можност за изградба на нови гробни места, но постои можност за погреб во постојните гробни места.


7. Видови гробишта
Член 13

(1) Според намената гробиштата можат да бидат:
- општи гробишта,
- посебни гробишта и
- спомен гробишта.

(2) Општи гробишта се гробишта во кои се погребани лица:
- припадници на различни верски заедници или религиозни групи,
- без верска припадност,
- војници,
- од масовни катастрофи,
- со статус на црковни великодостојници,
- анонимни и
- заслужни граѓани или истакнати личности.

(3) Посебни гробишта се гробишта во кои се погребани само еден вид на лица од ставот (3) на овој член.

(4) Спомен гробишта се гробишта кои се прогласени за споменици на културата, определени од надлежен орган.


III. УПРАВУВАЊЕ СО ГРОБИШТА

Член 14

(1) Управувањето со гробишта го врши управител на гробишта.

(2) Управувањето со гробишта на своето подрачје општината, општините во градот Скопје, односно градот Скопје, го врши преку јавно претпријатие за комунални услуги или
преку правно лице кое има дозвола за управување со гробишта, врз основа на јавен повик (во натамошниот текст: управител на гробишта).

(3) Јавното претпријатие од ставот (2) на овој член е должно за вршење на работите управување со гробишта да води посебно сметководство за приходите и расходите остварени од вршењето на оваа дејност.

(4) Правното лице од ставот (2) на овој член меѓусебните права и обврски со општината, општините во градот Скопје, односно градот Скопје ги уредува со договор.

(5) Доколку на подрачјето на одредена општина нема управител на гробишта согласно ставот (2) на овој член, во тој случај две или повеќе општини можат да основаат заедничко јавно претпријатие согласно членот 18 од Законот за меѓуопштинска соработка или заеднички го организираат управувањето со гробиштата врз основа на спогодба согласно членот 11 од Законот за комуналните дејности.
Дозвола за управување со гробишта

Член 15

(1) Правно лице за да добие дозвола за управување со гробишта, мора да ги исполнува следниве услови:

1) да има седиште во Република Македонија;

2) да е регистрирано во Централниот регистар на Република Македонија;

3) да не е поведена стечајна постапка или постапка за ликвидација;

4) одговорното лице во правното лице да не е правосилно осудено за кривично дело во јавните финансии, платниот промет и стопанството или кривични дела против работните односи, додека траат последиците од пресудата;

5) на одговорното лице во правното лице и на правното лице да не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност во траење од една или повеќе години;

6) да има обезбедена финансиска стабилност и ликвидност за претходната година што се докажува со документ издаден од Централниот Регистар на Република Македонија;

7) да има осигурување за одговорност за штета во осигурителна компанија во Република Македонија за надоместување на евентуална штета настаната по однос на одговорноста во вршењето на неговата дејност;

8) да има вработено најмалку пет вработени лица од кои најмалку двајца со високо образование (инженер архитект, градежен инженер, инженер за хортикултура или дипломиран економист) и најмалку тројца со средно образование (геодетски техничар, економски техничар или техничар за хортикултура) ,

9) да има техничка опрема која е неопходна за одржување на гробиштата;

10) да не поседува дозвола за вршење на погребални услуги што се проверува по службена должност од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи.

(2) Дозволата за управување со гробишта ја издава органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи со рок на важење од пет години.

(3) Правното лице на кое му е издадена дозволата од ставот (2) на овој член должно е да уплати паричен надоместок во висина од 500 евра во денарска противвредност во рок од седум дена од денот на нејзиното издавање. Средствата остварени од овој надоместок се приход на Буџетот на Република Македонија.

(4) Доколу органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи донесе решение за одбивање на барањето за издавање на дозволата од ставот (2) на овој член, подносителот на барањето може да изјави жалба до
Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок осум дена од денот на приемот.
 
Последно уредено:
Христос беше погребан во гроб од камен, завиен во платно/чаршав. Гробот бил од камен затоа што не можел да биде поинаков во предел каде камењарот е природен терен/тло.

Плус, еден и ист гроб од камен бил користе
Ova ti e ona so nie poitrite so ne sme so krstot na celo go vikame dupka vo zakonot( boldiranoto de ), nastrana sto prethodno napisa deka kovcegot kako takov e moda prevzemena od katolicite ili ne bitno od koj, bitno ne e vo duhot na pravoslavieto.
Znaci kako prvo vekje ima presedan ( kovcezite ) posto jas ne pamtam nekoj da go zakopale vo carsav, bel ili bilo kakov , a imam kolekcija od krpi od nad 15 pogrebi. I drugo , ona boldiranoto. Zort te tera na se. Tamu bil zakopan vo kamena soba ( ne bil ni zakopan tehnicki, tuku taka legnat na suvo da si fermentira ) oti ete nemalo zemja da se kopa. Dupkata vo zakonot bi bila, tuka nema da ve zakopvame vo zemja oti ja nema, nema pokje mesto i zato ke ve palime i pepelta dali vo tegla ili ke se isturi na grobista vo mesto predvideno za isturanje na pepel, vo zavisnost od zelbite.
I sto problem imas ti so toa koga vekje imas dupka vo zakonot i pomodarstvo koe se praktikuva so decenii ako ne i vekovi.
Se plasis deka nema da odis vo rajot. Ami Isus i kompanija ,nikoj so ne bile zakopani vo zemja. Ili tie so protekcii, demek bitni pa ete mozelo za niv da se zaobikoli zakonot, za vas obicnite smrtnici nema sansi.
I ako dojdi do toa da stani praksa, ke te ispee pop i ke zaigra ako treba, ic za to da ne se sekiras. Ko mozat zakopani vo kovceg da spevat, ke te spejat i tebe kjumurosan, ic da ne se sekiras za toa.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom