MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
Баш ме интересира какво е молитвеното расположение.
Иначе самиот збор расположение означува некаква емоција.
Молитвеното расположение не е исто што и просто емотивно расположение. Молитвеното расположение е посебна состојба на човековиот дух-состојба на радост без видлива причина и потреба, а што не е исто што пријатното, краткотрајнтоо и доброто расположение на човековата душа, предизвикано од некое задоволство од материјално-телесна природа.
--- надополнето: 9 мај 2012 во 11:15 ---
НЗС е?
НЗС е своеволно прифаќање на Божјите и црковните вистини наспроти своите/субјективните вистини, но не под принуда, туку ради лична убеденост во нивната вистинитост, која (убеденост) е последица од личните испитувања на вистинитоста од прифатените учења.
Божјите и црковните вистини не се прифаќаат по прост автоматизам, туку по нивно испитување: не испитување за тоа дали тие вистини се точни, туку испитување на неточноста од личните вистини, со просто споредување на она кое јас го мислам и на она кое Бог или Црквата го учат.