Вер(б)ата во Бога е лична и природна потреба од секоја човекова единка. Дали единката ќе се приклони кон Бога или кон некој идол, тоа е „ствар„ на личен избор. Дури и ако се работи за лична идолопоклоност, и таа е заснована на личната/природната потреба од верување во „некого„ и во „нешто„, но идолатријата е искривување на она кое навистина ни‘ е потребно.
Тргам дека болдот е точен.
Е сега одма се поставува прашањето што е раликата помегу Бог и Идол.
За монотеистичките религии секоја престава за Бог надвор од нивната пропаганда е Идол.
Но ако се примени таа логика во обратен правец тогаш и Бог во кој ти веруваш е Идол.
Па како еден обичен човек би знаел на кој Бог е вистинскиот.
--- надополнето: 9 мај 2012 во 12:05 ---
Молитвеното расположение не е исто што и просто емотивно расположение. Молитвеното расположение е посебна состојба на човековиот дух-состојба на радост без видлива причина и потреба, а што не е исто што пријатното, краткотрајнтоо и доброто расположение на човековата душа, предизвикано од некое задоволство од материјално-телесна природа.
--- надополнето: 9 мај 2012 во 11:15 ---
Со ова потврди дека не постои никаква разлика помеѓу расположенито постигнато со медитација и она со молитва.
Разликата е во тоа што со молитвата правиш галама а со медитацијата не.
--- надополнето: 9 мај 2012 во 12:08 ---
Во црковното учење, гревовноста се лечи на, условно кажано, едноставен начин: со пренасочување на гревовното однесување и на личната енергија, кон нешта кои се од Бога и од Црквата одредени.
Просто кажано, да не си ја трошиме енергијата кон своеглави и гревовни дејанија, туку кон чинење добри дела, согласно волјата Божја и потребите од другите луѓе, а најнакрај, и на личните потреби.
За болдот. За какви лични потреби зборуваш. Па нели во црквата се е од Бога и за Бога. Контрадикторност.
--- надополнето: 9 мај 2012 во 12:16 ---
Па самиот го спомена Буда...
--- надополнето: 9 мај 2012 во 10:31 ---
Христос правеше чуда ради Неговото човекољубие, а не со намера да импресионира некого.
Буда никаде не рекол дека е божји син или слично. Будизмот е учење а не религија. Можеш да го прифатиш целосно, дел, да вметнеш свои елементи итн.
Една од поговорките на Буда вика:
Believe nothing merely because you have been told it. Do not believe what your teacher tells you merely out of respect for the teacher. But whatsoever, after due examination and analysis, you find to be kind, conducive to the good, the benefit, the welfare of all beings -- that doctrine believe and cling to, and take it as your guide.
Пак не читаш. Не коментирав зошто Исус ги правел чудата туку зошто црквата постојано се држи и ги пропагира тие чуда и ги користи за да привлече што поголем број на верници. Кога ги спомнуваш тугите дела тогаш си импресиониран од него.
--- надополнето: 9 мај 2012 во 12:24 ---
Една од врвните способности, кои треба да ја постигнат вежбачите на боречките вештини е и способноста за избегнување куршуми, така? Не знам на која вештина се однесува: карате, кунг-фу или нешто слично...Токму затоа го споменав „калашњиковот„.
--- надополнето: 9 мај 2012 во 10:26 ---
Тамам работа..
--- надополнето: 9 мај 2012 во 10:28 ---
Имаш погрешна претстава за учењето и верните во Црквата: во Црквата, никој не е ослободен од егото, туку работата е во тоа, кој кого го контролира: дали егото ме контролира мене или јас го контролирам егото.
--- надополнето: 9 мај 2012 во 10:29 ---
Вер(б)ата е природна човекова потреба, од која не можат да избегаат ниту неверните.
За првиот дел. Си гледал многу никобуџетни филмови.
Црквата ја прогласува самобендисаноста (која произлегува од егото) за грев и на тој начин ја отфрла. Во моментот кога отфрлаш нешто значи и го негираш неговото постоење а со тоа само се залажуваш дека не постои. Така да црквата не прави ништо за ти да го контролираш егото туку на овој начин тоа станува само поголемо и посилно, се додека и користи на црквата.