Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Погрешно ти е, а и недозволиво да окарактеризираш некого дека е надвор од верата.
.

Кога е во прашање верата, или си или не си во верата. Така, не можеш верата да ја гледаш „од страна„, со држење на самиот себе на една изесапена дистанца и кон верата да приоѓаш есапџиски, само онолку колку Ти треба, а за другото„ ич да не Те занима.
--- надополнето: Aug 24, 2011 12:04 PM ---
Јас сум надвор од верата онаква каква што ти ја замислуваш и ја пропагираш.

Мојата вера ниту ја замислувам, ниту ја пропагирам: таа (верата) едноставно пости, на начин кој е одреден од Црквата, а не на начин кој јас ѓоамити го замислувам.
--- надополнето: Aug 24, 2011 12:06 PM ---
Вер(б)ата во љубовта, во подобро утре, во сопствените поколенија, во добрите дела , во искреноста (сопствената и на останатите луѓе), во чесноста, во искрената помош, во успехот, во сопствените можности итн..... очигледно се разликува од Вер(б)ата која ја пропагира Институцијата Црква.

Сите овие работи кои ги набројуваш, веќе се дел од верата (вероучението), но не на начин на кој Тебе Ти чини, туку на начин кој е релациски и личносно ориентиран, а не себично и есапџиски индивидуализиран.
 
Кога е во прашање верата, или си или не си во верата. Така, не можеш верата да ја гледаш „од страна„, со држење на самиот себе на една изесапена дистанца и кон верата да приоѓаш есапџиски, само онолку колку Ти треба, а за другото„ ич да не Те занима.

Е така де сум или не сум во верата како што ти ја познаваш, или ти ја накалемиле.

Мојата вера ниту ја замислувам, ниту ја пропагирам: таа (верата) едноставно пости, на начин кој е одреден од Црквата, а не на начин кој јас ѓоамити го замислувам.

Повторно точно:)
Верата шти ти ја познаваш и практикуваш е одредена од црквата, една и единствена која има исклучиво право да говори во името божје.:P
 
Науката самостојно, без духовните/моралните удзи не би се развивала за добробит на родот човечки туку веројатно во насока на негово уништување. Науката обично е движена од политиката, економијата.
Не е точно. Ниту првото, ниту второто тврдење.

1. Науката повеќе од 200 години се развива ИСКЛУЧИВО ВОН духовните узди (колку прикладен збор си одбрал). За тие 200 години напредува повеќе од било кој друг период во историјата кога оваа или онаа догма наудничаво дигала ручна.

2. Науката не е движена од политиката. Ова е апсолутно дебилно тврдење. Политиката можеби го попречувала развојот на науката, но никогаш не ја движела истата. Науката ја движат слободните критички умови кои се во директна колизија со религиите.

Како и обично, манипулаторски и пригоно креационистички, постовите ги започнуваш го фалично тврдење и потоа градиш аргумент.

Колку е тоа само подло. Поготово кога си свесен дека тоа го правиш. Срамота.
 
Сите овие работи кои ги набројуваш, веќе се дел од верата (вероучението), но не на начин на кој Тебе Ти чини, туку на начин кој е релациски и личносно ориентиран, а не себично и есапџиски индивидуализиран.

Ајде бе. Ова што го набројав се обидува да го практикува секој.

"Релациски и личносно ориентиран начин " е фраза која ја употреби за да на некој начин направиш дистинкција од моето размислување што треба да значи верба во животот на луѓето, од она што го нуди црквата, и уште повеќе да накалемиш плус некоја невидливва особина својствена само за црковно верните.
--- надополнето: Aug 24, 2011 12:18 PM ---
Како и обично, манипулаторски и пригоно креационистички, постовите ги започнуваш го фалично тврдење и потоа градиш аргумент.

Зборот аргумент не постои во религиозниот речник.:P
 
Атеистичката наука е опасна затоа што таа не препознава интелигентен ред и плански дизајн во природата и возгорденано мисли дека таа може подобро да го преуреди светото и човековото тело.

Науката нема за цел преуредување на човековото тело.

Медицината има за цел продолжување на животниот век. А ти, со твоите пљукања по дисциплината која и тебе те одржала овде на земјава, наместо да скапуваш во некој затрупан ендек, оставаш впечаток на неблагодарно копиле кое наместо да се заблагодари на оној кој заслужува, истиот го валка и куди. Тоа е неблагодарно, препотентно и арогантно. Сеедно што речникот ти е мазен - содржината ти е гнасна.

За своите ставови и тврдења немаш АПСОЛУТНО никаква поткрепа освен една збирка народни приказни, а целото тело на знаење на современата наука (милијарди страници објективно докажани и практично применети и потврден и теории) го негираш и отфрлаш.

Па уште имаш лице да збориш за „теистичка“ наука. Каков е само тоа оксиморон... ако разбираш што е тоа...
 
Само свесни и разумни битија можат да веруваат. На растенијата и животните, не им е потребна верата.
Само несвесни и неразумни битија можат да веруваат
 
Ме интерсира што велат Христијанските верници, оние кои добро ги познаваат црковните учења пред се , за следново:

Во Македонија, а и во други земји отсекогаш постоело традиционално лечење со билки. Сведок сум на многу случаи каде што екстракт од неколку билки помогнал во некои полесни заболувања, а некогаш и во потешки заболувања. Има многу такви сведоштва ширум државава. ТОа е дефинитивно изгубено во модернава медицина и фармација, бидејќи самите медицинари не се обидуваат да ја поврзат самат медицина и фармација со традиционалнот лекување. Но тоа не е толку важно.

Зошто на пример Црквата (бидејќи модерната наука ги баталила) не се обидела да ги систематизира овие работи "од бога дадени" и да се обиде да ја зачува таа традиција многу повеќе вредна отколку традициионалните обичаи попут палење оган на Коледе, или што ја знам. Нели сметате дека Црквата со тоа ќе допринела барем малку за добробит на човештвото?

Традиционалното билкарство не е воопшто производ на модерната медицина, напротив, а Црквата не се грижи за него. Зошто?

Еве последно што ме фасцинираше е билката миск или слаткарче по нашки, со генерико име Pelargonium odoratissimum има огромно влијание во регулацијата на шеќерот кај дијабет тип 2 (инсулинско независен).
 
Таќе е Атеист, и Солун, ама и Трст, се наши градој!
Можда твои, не и мои
П.С. и Амстердам и Токио се македонски градови, според твоето адвентистичко-православие
 
Ме интерсира што велат Христијанските верници, оние кои добро ги познаваат црковните учења пред се , за следново:

Во Македонија, а и во други земји отсекогаш постоело традиционално лечење со билки. Сведок сум на многу случаи каде што екстракт од неколку билки помогнал во некои полесни заболувања, а некогаш и во потешки заболувања. Има многу такви сведоштва ширум државава. ТОа е дефинитивно изгубено во модернава медицина и фармација, бидејќи самите медицинари не се обидуваат да ја поврзат самат медицина и фармација со традиционалнот лекување. Но тоа не е толку важно.

Зошто на пример Црквата (бидејќи модерната наука ги баталила) не се обидела да ги систематизира овие работи "од бога дадени" и да се обиде да ја зачува таа традиција многу повеќе вредна отколку традициионалните обичаи попут палење оган на Коледе, или што ја знам. Нели сметате дека Црквата со тоа ќе допринела барем малку за добробит на човештвото?

Традиционалното билкарство не е воопшто производ на модерната медицина, напротив, а Црквата не се грижи за него. Зошто?

Еве последно што ме фасцинираше е билката миск или слаткарче по нашки, со генерико име Pelargonium odoratissimum има огромно влијание во регулацијата на шеќерот кај дијабет тип 2 (инсулинско независен).

Прочитај овде:

http://borbazaveru.info/content/view/1767/81/

и ќе видиш дека Црквата не го заборавила природното лечење.
 
Прочитај овде:

http://borbazaveru.info/content/view/1767/81/

и ќе видиш дека Црквата не го заборавила природното лечење.

ВО ред фрлив поглед и у принцип гледам нафрлени само работи, али претпоставувам во интерес на просторот и читливоста. Доколку навистина Црквата води евиденција некаква за сето ова и ги има систематизирано знаењата од нашите предци, искрено го поздравувам тоа.

Прашањето ми дојде на ум од причини што не сум слушнал никого да отиде во црква, а самиот свештеник откако ќе си ја каже маката, заболувањето (пример артритис, дијабет, срцево некое заболување што и да е) да му даде совет кои билки би му помогнале.

Како и да е убаво ако се грижи црквата за тоа.

И прашање, дали поповте се обучени околу давање такви совети?
 
Како не се
Гранче темјан (што лечи се) 500 ден.

ТОкму тоа ми беше муабетот. Сликата за црквата и свештениците се сведува на ова што ти го кажа со 2 збора:P Ќе ти испеат 1 молитва плус темјан и крст и толку е.

Но ете сепак имало "систематизирање на знаењата" од традиционалното билкарство.
 
Имало? Минато свршено време?
Можда кога не постоеле екими.......
 
Имало? Минато свршено време?
Можда кога не постоеле екими.......

Хаха да, тоа ќе беше наредно прашање до Мики1 дали сите тие знаења и записи од традиционалното билкарство што ги поседува црквата (а воопшто не ги споделува со рајата) датираат од памтивек, или се обновуваат и се користат навистина во реалноста.

Ама скептичен сум во однос на потврдниот одговор.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom