MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
Погрешно ти е, а и недозволиво да окарактеризираш некого дека е надвор од верата.
.
Кога е во прашање верата, или си или не си во верата. Така, не можеш верата да ја гледаш „од страна„, со држење на самиот себе на една изесапена дистанца и кон верата да приоѓаш есапџиски, само онолку колку Ти треба, а за другото„ ич да не Те занима.
--- надополнето: Aug 24, 2011 12:04 PM ---
Јас сум надвор од верата онаква каква што ти ја замислуваш и ја пропагираш.
Мојата вера ниту ја замислувам, ниту ја пропагирам: таа (верата) едноставно пости, на начин кој е одреден од Црквата, а не на начин кој јас ѓоамити го замислувам.
--- надополнето: Aug 24, 2011 12:06 PM ---
Вер(б)ата во љубовта, во подобро утре, во сопствените поколенија, во добрите дела , во искреноста (сопствената и на останатите луѓе), во чесноста, во искрената помош, во успехот, во сопствените можности итн..... очигледно се разликува од Вер(б)ата која ја пропагира Институцијата Црква.
Сите овие работи кои ги набројуваш, веќе се дел од верата (вероучението), но не на начин на кој Тебе Ти чини, туку на начин кој е релациски и личносно ориентиран, а не себично и есапџиски индивидуализиран.