Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
--- надополнето: Jul 11, 2011 10:15 AM ---

Повели:

http://www.svetosavlje.org/biblioteka/index.htm#svetopismo

Мики почнав да ги читам Псалмите и нивното толкување. Во принцип ми се допадна толкувањето, бидејќи всушност ја отсликува историски состојбата во тоа време на тие простори. Во деловите кога се објаснува гневот и пред се казната божја кон фарисеите и евресјкиот народ, објаснува дека самиот Бог му вели на Христос да се сврти кон оние што не го познаваат бога а тоа се сите освен евреите. Имаше објаснување дека токму еврејскиот народ е казнет со римска окупација. У принцип историски точни работи само дел од нив припишани како дела и казни на Бог кон еврејсиот народ.
Ќе ги допрочитам сите Псалми за да оформам свое мислење пред се за толкувачот:) како претставник на црквата, а со самото тоа и за црквата, а не за самото толкување.

Ме интересира дали знаеш зошто Христос морал да умре за нашите гревови? Што добил човечкиот род со смртта негова? Дали било неопходно тоа?

Бидејќи вака од страна гледано може да делува дека се случило распнувањето и некој го искористил тоа во свои цели. Делува дека отпосле(после смртта) се доделени сите тие атрибути на божественост и ПРЕД СЕ ПОТРЕБАТА ДА УМРЕ ЗА НАШИТЕ ГРЕВОВИ.

Затоа ме интересира дали можеш да дадеш одговор на болдот, или некое толкување зашто било тоа потребно.
 
Во стариот завет вели дека богот ги има и машките и женските принципи...

?????????????????
Дека е тој стих, жив Ти све?
--- надополнето: Jul 12, 2011 7:21 AM ---
Како инаку Ева ќе се создадеше од реброто на Адам, ако во него немаше женски принцип?

Адам бил „човек„ а не „машко„ ,така да Адам во себе ја носел целата генеза за човечкиот род. Адам станува „машко „отако Ева е одвоена од Адама.
--- надополнето: Jul 12, 2011 7:23 AM ---
Троен грев? Може цитати од библијата кога се направени тие гревови од страна на жената?
:)

Битие, 3.6.
--- надополнето: Jul 12, 2011 7:24 AM ---
Зарем не се тие „гревови“ посвојствени за мажите?

Не се „посвојствени „ за мажите, туку тој троен грев го наследуваме сите, од Адама па наваму.
--- надополнето: Jul 12, 2011 7:25 AM ---
А бидејќи ве учат дека гревот се пренесува од адам и ева наваки, значи сите ваши ќерки се такви?

Сите ќерки и сите синови....
--- надополнето: Jul 12, 2011 7:27 AM ---
Ме интересира дали знаеш зошто Христос морал да умре за нашите гревови?

.

Затоа што Бог Отецот увидел дека нема друг начин за спасение на родот човечки од гревот, па затоа Отецот Го испрати Сина Си лично, да ги земе сите наши гревови на својот грб, а крвта Христова да биде последна крвна жртва и последно покритие за гревот човечки.
--- надополнето: Jul 12, 2011 7:28 AM ---
Што добил човечкиот род со смртта негова?

Скап откуп на сите човекови гревови. минати, сегашни и идни. Влог во тој откуп е лично Христос, Синот Божји Единороден.
--- надополнето: Jul 12, 2011 7:29 AM ---
Дали било неопходно тоа?

Да, било неопходно, оти старозаветниот начи на живеење, се покажал како недоволен за влез во Царството Небесно. Да не дојдеше Христос, сега ќе бевме пагани, незнабожци и идолопоклоници.
 
Затоа што Бог Отецот увидел дека нема друг начин за спасение на родот човечки од гревот, па затоа Отецот Го испрати Сина Си лично, да ги земе сите наши гревови на својот грб, а крвта Христова да биде последна крвна жртва и последно покритие за гревот човечки.

Скап откуп на сите човекови гревови. минати, сегашни и идни. Влог во тој откуп е лично Христос, Синот Божји Единороден.

Да, било неопходно, оти старозаветниот начи на живеење, се покажал како недоволен за влез во Царството Небесно. Да не дојдеше Христос, сега ќе бевме пагани, незнабожци и идолопоклоници.

Хмм, како е можно Отецот Бог да смета дека нема друго решение за гревовите? Не соодветсвува со неговата моќ сето ова.
А ги зема ли Исус сите гревови човекови минати сегашни и идни? Нели се луѓето секој ден се повеќе грешни?

Старозаветниот начин не бил добар оти биле пагани? Сега има многу незнабошци. Мислиш дека сега е поразлично?

И најважно од се зашто Отецот Бог кога ја формирал својата најмила креација Човекот не му дал памет да го осознае гревот и со самото тоа да не постапува грешно? Дали Адам и Ева го имале тоа сознание што е грев, ама откако ги заебала змијата веќе не сме во состојба да препознаеме што е грешно живеење?

И Дали лукавиот е доволно моќен сосема рамноправно д аму се спротивстваи на Бога???? Од се ова може да се заклучи дека дури има и предност на Змејава Лукавиот?
 
Хмм, како е можно Отецот Бог да смета дека нема друго решение за гревовите?

Он најдобро знае што е добро а што е лошо за нас.
--- надополнето: Jul 12, 2011 8:18 AM ---
А ги зема ли Исус сите гревови човекови минати сегашни и идни?

Да, на крстот Голготски, каде Он ја положи душата воја за Своите пријатели.
--- надополнето: Jul 12, 2011 8:19 AM ---
Старозаветниот начин не бил добар оти биле пагани? ?

Не. во Стариот Завет, само јудеите беа одбран народ Божји, а сите други беа „останати„,
--- надополнето: Jul 12, 2011 8:21 AM ---
Сега има многу незнабошци. Мислиш дека сега е поразлично?

Не: и во минатото и денес и во иднината, ќе има незнабожци.
--- надополнето: Jul 12, 2011 8:22 AM ---
И најважно од се зашто Отецот Бог кога ја формирал својата најмила креација Човекот не му дал памет да го осознае гревот и со самото тоа да не постапува грешно? ?

Адам и Ева не биле безумни, туку недоволно духовно пораснати, за да научат да раликуваат добро од зло.
--- надополнето: Jul 12, 2011 8:22 AM ---
Дали Адам и Ева го имале тоа сознание што е грев, а

Не, немале сознание за гревот-биле безгревни.
--- надополнето: Jul 12, 2011 8:23 AM ---
ама откако ги заебала змијата веќе не сме во состојба да препознаеме што е грешно живеење?

Напротив: денес уште полесно можеме да осознаеме што е добро а што е лошо, оти ја имаме Црквата и нејзиното учење.
--- надополнето: Jul 12, 2011 8:24 AM ---
И Дали лукавиот е доволно моќен сосема рамноправно д аму се спротивстваи на Бога????

Не: Бог Е Творец а лукавиот е торение. Не може творението да се натпреварува со својот Творец.
--- надополнето: Jul 12, 2011 8:25 AM ---
Од се ова може да се заклучи дека дури има и предност на Змејава Лукавиот?

Лукавиот има предност се додека му ја оставаме таа можност-да има предност. На крстот, Христос го ослабна силите од лукавиот така да тој (лукавиот) нема уште многу време...
 
Ок Мики, тоа се твоите одговори:) и ги почитувам.

Ќе те прашам ако Христос ги земал на крстот сите гревови врз себе, дали сме ние веќе без гревови, бидејќи нели и идните гревови се споменуваат?
 
Ќе те прашам ако Христос ги земал на крстот сите гревови врз себе, дали сме ние веќе без гревови, бидејќи нели и идните гревови се споменуваат?

Тоа што Христос ги зеде сите човечки гревои на Себе (минати, сегашни и идни), тоа само значи дека Христос ја заврши задачата за која Он беше пратен од Отецот-да не спаси од гревот. Тоа што Христос ги зеде сите човечки гревови на Себе, не значи дека немам(е) гревови: има(е), а тоа се гревовите кои сум ги сторил, кои ги чинам и кои допрва ќе ги чинам. а за кои гревови треба да се покајам на Светата Тајна исповест.

Значи, Христос ги зеде сите гевови, и со тоа, Он учествува 50% во нашето спасение. Останатите 50% (за да бидат 100%), остануваат како можност или должност до и за секого од нас како подинец: дали ќе ја прифатам жртвата и улогата Христова и јас кон Него, оти Он веќе се обрати до мене. Така, ќе се исполни двонасочната релација меѓу Творецот и твореноето: Творецот дојде и ги зеде сите гревои од творението, а на нас како творенија, останува дали ќе ја прифатиме жртвата Христова за нашите гревови или и понатаму ќе се живееме гревовно, премавнувајќи све што Христос строи за нас ( и за мене).
 
Затоа што Бог Отецот увидел дека нема друг начин за спасение на родот човечки од гревот, па затоа Отецот Го испрати Сина Си лично, да ги земе сите наши гревови на својот грб, а крвта Христова да биде последна крвна жртва и последно покритие за гревот човечки.

Семќниот, сеприсутен Јахве, кој створил цел универзум за поладен, увидел дека е немоќен да го спаси родот човечки од гревот?

Што бог ќе беше овој Јахве, значи...
 
Тоа што Христос ги зеде сите човечки гревои на Себе (минати, сегашни и идни), тоа само значи дека Христос ја заврши задачата за која Он беше пратен од Отецот-да не спаси од гревот. Тоа што Христос ги зеде сите човечки гревови на Себе, не значи дека немам(е) гревови: има(е), а тоа се гревовите кои сум ги сторил, кои ги чинам и кои допрва ќе ги чинам. а за кои гревови треба да се покајам на Светата Тајна исповест.

Значи, Христос ги зеде сите гевови, и со тоа, Он учествува 50% во нашето спасение. Останатите 50% (за да бидат 100%), остануваат како можност или должност до и за секого од нас како подинец: дали ќе ја прифатам жртвата и улогата Христова и јас кон Него, оти Он веќе се обрати до мене. Така, ќе се исполни двонасочната релација меѓу Творецот и твореноето: Творецот дојде и ги зеде сите гревои од творението, а на нас како творенија, останува дали ќе ја прифатиме жртвата Христова за нашите гревови или и понатаму ќе се живееме гревовно, премавнувајќи све што Христос строи за нас ( и за мене).

Ај малку да го пјасниме одговорот со болд бива?

Како тоа ги зел гревовите врз себе, а ние сеуште имаме гревови? ТОгаш на кои идни гревови на човештвото се мисли? Ова му доаѓа ги земал , ама не ги земал сите.

Вториот болд е всушност ли одговорот дека он само 50% од идните гревови земал врз себе и сепак оставил уште 50% да сами се справуваме со нив?
--- надополнето: Jul 12, 2011 8:53 AM ---
Семќниот, сеприсутен Јахве, кој створил цел универзум за поладен, увидел дека е немоќен да го спаси родот човечки од гревот?

Што бог ќе беше овој Јахве, значи...

Мислам дека станува збор за многу посуптилна работа тука:) Не е во прашање немоќта на Бог туку неговата склоност да ја искуша неговата креација. и да увиди дали е способна самата да се спаси од калта во која се вовлекла самата со помош на змијата.
 
Како тоа ги зел гревовите врз себе, а ние сеуште имаме гревови?

Така што Он, ради својата сезнајност, ги знае и гревовите кои јас сеуште не сум ги сторил па затоа Он може да ги земе и моите идни гревови, кои допрва ќе ги сторам.
--- надополнето: Jul 12, 2011 9:39 AM ---
ТОгаш на кои идни гревови на човештвото се мисли? .

На оне гревови кои сеуште не сум ги сторил., т.е. кои родот човечки допрва ќе ги стори.
--- надополнето: Jul 12, 2011 9:40 AM ---
А Ова му доаѓа ги земал , ама не ги земал сите.

Погрешно од Тебе: Он ги зеде сите гревови, 100%.
--- надополнето: Jul 12, 2011 9:47 AM ---
Вториот болд е всушност ли одговорот дека он само 50% од идните гревови земал врз себе и сепак оставил уште 50% да сами се справуваме со нив?

Не. Он ги зеде сите гревови, 100% од гревовте од родот човечки. Значи, Христос ја заврши совјата обврска кон нас, така што дојде, и на крстот Голготски ги зеде сите гревови, и со тоа Он ја изврши Неговата половина (50%) од задачата. Другите 50% од задачата (не и 50% од гревовите...) отпаѓа на секого од нас. На пример, Христос ги зеде сите мои гревови, (минати, сегашни и идни) а ако јас ја прифатам жртвата Христова и се покајам, тогаш Бог и јас сме воспоставиле двонасочна релација: Он ги зема моите гревви, а јас со моето покајание, признавам дека сум грешен и признавам дека Он ми ги простува гревовите. Ако јас живеам во неверие, без грам свесност за мојата отревовеност и цел мој живот велам дека не верувам во Бог, тоа би значело дека јас не ја прифаќам жртвата Христова и дека и понатаму ќе си живеам гревовен живот, а со тоа, моите лични гревови не би имале покритие преку жртвата Христова.
 
Така што Он, ради својата сезнајност, ги знае и гревовите кои јас сеуште не сум ги сторил па затоа Он може да ги земе и моите идни гревови, кои допрва ќе ги сторам.

На оне гревови кои сеуште не сум ги сторил., т.е. кои родот човечки допрва ќе ги стори.

Погрешно од Тебе: Он ги зеде сите гревови, 100%.

Малку сум збунет:) Велиш дека он е запознаен со сите грвови што човештвото ќе ги стори и ги превзел 100% сите. Тоа значи дека секако немаме гревови, ако сите мои идни гревови се веќе преземени? Каде грешам тука.

Аха ОК Си дообјаснил во претходниот пост :) Јасно е што сакаш да кажеш.

Ми се допаѓа тоа што на секое прашање без разлика дали е глупо, елементарно или неиздржано гледано од твоја страна, се обидуваш да дадеш одговор (без разлика каков тој ми личи мене или на другите) како тоа го толкува Црквата преку Светото писмо.

Дали можеме да резимираме накратко кажано (нели тргаме од фактот дека Бог постои и Христос е неговиот син пратен да се жртвува за нас): Христос беше пратен од Отецот на Змејата да ги превземе сите човекови гревови минати, сегашни и идни, и тој си ја исполни својата задача, ги превзеде сите наши гревови минати, сегачни и оние што допрва ќе ги сториме. Но за да тоа се биде валидно и да важи превземањето 100% мора искрено да поверуваме во него и неговата жртва, и со само тоа да се покаеме искрено за сите гревови што се сторени од наша страна.
 
Не. Он ги зеде сите гревови, 100% од гревовте од родот човечки. Значи, Христос ја заврши совјата обврска кон нас, така што дојде, и на крстот Голготски ги зеде сите гревови, и со тоа Он ја изврши Неговата половина (50%) од задачата. Другите 50% од задачата (не и 50% од гревовите...) отпаѓа на секого од нас. .

Ове е нешто како кога јас сакам да спијам со некоја жена, а таа не сака или не знае дека јас сакам, но 50% од работата е завршена?
 
Ове е нешто како кога јас сакам да спијам со некоја жена, а таа не сака или не знае дека јас сакам, но 50% од работата е завршена?

Не:) Тоа би одело вака почињате да се пеглате и на пола треба да и кажеш дека е таа вистинската за тебе и дека си ја чекал со години:) и тогаш можеш да идеш до крај, во спротивно ќе треба да си завршиш сам работа:drk:
 
Христос беше пратен од Отецот на Змејата да ги превземе сите човекови гревови минати, сегашни и идни, и тој си ја исполни својата задача, ги превзеде сите наши гревови минати, сегачни и оние што допрва ќе ги сториме. Но за да тоа се биде валидно и да важи превземањето 100% мора искрено да поверуваме во него и неговата жртва, и со само тоа да се покаеме искрено за сите гревови што се сторени од наша страна.

Тоа што го стори Христос е валидно во секој случај, дури и ако јас не Го прифќам Христа за мој Спасител, дури и ако јас не би верувал во Него, а мое е дали ќе го прифатам или нема да го прифатам она кое Христос го стори.

Но ако јас не ја прифатам жртвата Христова, со што ќе ја покријам мојата лична огревовеност?
 
Па да тоа и ми беше поентата дека ако не се прифати Христовата жртва, нема покритие за гревовите и не сум 100% праведен.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom