Ipsissimus
P.I.
Значи бог не го спречува злото за да не ја наруши слободната воља, а казнува и наградува и покрај тоа што дал слободна воља?! Па што мајка бара казната и наградата кога веќе дал слободна воља? Тоа ти е како да му речеш на своето дете имаш слободна воља да ја бојосаш собата како сакаш, ама ако не е портокалова ќе те скршам од ќотек!Стварно мислите дека Бог треба да го спречи сето зло? Тогаш ќе ни ја одземе и слободната волја. Оти Тој ни го даде Писмото, каде што е дадено како да живее човекот за да нема зло, ама ете некои се одлучиле да не Го послушат.
Секој што има основна интелегенција и рационално размислува, ќе свати дека казна и награда се директните последици од нашите директни постапки! На пример производителите на цигари знаат дека пушачите имаат слободна воља, и затоа на опаковките нагласуваат дека пушењето е штетно! "Казната" за пушачот е губењето на здравјето! Казната не е да му дојде производителот дома и да почне да го казнува, тепа и мачи! Вие го тврдите токму тоа! Демек господ ни дал слободна воља, ни дал особини и карактеристики кој ни ги забранил, и после овој живот ќе ни судел за секоја наша постапка?! Зошто тогаш воопшто ни давал такви особини? Зошто ги создавал особините кој ги забранува и поради кој ќе суди и казнува?
Ако некој забранува нешто што тој самиот го создал, со тоа признава дека не е совршен, или во најмала рака дека е суетен! Совршен креатор е оној кај кој се што е создадено има цел зошто е создадено и во никој случај не е погрешно. Казната е признавање дека некој оди спротивно од вољата на казнувачот, што значи дека бог кој казнува не е совршен и не е се според неговата воља.