Зошто Луцифер во христијанството се нарекува "татко на сите лаги"? Може ли да видиме кој се тие лаги?
Види во:
Битие, 3.4; Матеј, 4,3; Матеј, 4,6; Матеј, 4,9.
Другите лаги, можеш лесно да ги најдеш во идолопоклоничките митологии и религии, а донекаде, дури и во науките, философиите и уметностите.
Сите други лаги, лукавиот ни ги дошепнува, секому од нас. Работата е во тоа, дали си свесен за демонските дошепнувања и сопки...
--- надополнето ---
Прашање за христијанството: Што ако сум христијанин? Кои се предностите на вашата партија?
„Христијанин„ стана преширок поим, но од православна гледна точка, да се биде христијанин, значи да се потпираш на вистините кои се од Бога откриени, а не од обични смртници, а воедно, значи дека си член на Црквата, т.е. на новозаветната арка, во и преку која, можеш да постигнеш спасенеие на душата своја, што зчачи и влез во бесконечноста Христова.