Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Јулианскиот календар е формиран пред 46 години од Христос. Така да во времето на Христос се служел тој календар. Во 1578 година тој календар е реформиран од папата Григориј, кој е римокатолик. Римокатолиците се одделиле од Католиците (Православните) во 1053 година. А сите светители што се Православни оделе по тој календар (јулиански).
Грегоријанскиот календар е 14 дена понапред и така да заедничките светители што ги имаме заедно со Римокатолиците до 1053 , односно тие што одат по грегоријански календар ги слават 14 дена понапред одошто кај верниците од јулианскиот календар ги слават точно на денот кога починале светителите.
Ајде те молам, не го гледај грегоријанскиот календар, туку само јулијанскиот и кажи ми на која дата се паѓа Божиќ?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Зошто Луцифер во христијанството се нарекува "татко на сите лаги"? Може ли да видиме кој се тие лаги?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Зошто Луцифер во христијанството се нарекува "татко на сите лаги"? Може ли да видиме кој се тие лаги?

Види во:
Битие, 3.4; Матеј, 4,3; Матеј, 4,6; Матеј, 4,9.

Другите лаги, можеш лесно да ги најдеш во идолопоклоничките митологии и религии, а донекаде, дури и во науките, философиите и уметностите.

Сите други лаги, лукавиот ни ги дошепнува, секому од нас. Работата е во тоа, дали си свесен за демонските дошепнувања и сопки...

--- надополнето ---

Прашање за христијанството: Што ако сум христијанин? Кои се предностите на вашата партија?
„Христијанин„ стана преширок поим, но од православна гледна точка, да се биде христијанин, значи да се потпираш на вистините кои се од Бога откриени, а не од обични смртници, а воедно, значи дека си член на Црквата, т.е. на новозаветната арка, во и преку која, можеш да постигнеш спасенеие на душата своја, што зчачи и влез во бесконечноста Христова.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Зошто Луцифер во христијанството се нарекува "татко на сите лаги"? Може ли да видиме кој се тие лаги?
Уште едно лукаво прашање на еден кој го следи сатаната. Сатаната ја лаже Ева велејки и дали Бог и забранил да јаде од СИТЕ ДРВА во рајот, иако добро знаел дека има забрана само од едно дрво. Поентата е, ако едно нешто е забрането, пример гревот, тогаш се ти е забрането. Така и со ова прашање: „зошто Сатаната во христијанството се нарекува тако на сите лаги“. Не, Сатаната е лажливец од самиот почеток. Тоа се среќава во светите книги на Евреите. Бог тоа им го објаува на Евреите, и тие тоа го знаат. Христијаните, кои најголемата Божја објава ја имаат во Синот Божји, Исус Христос, само ја потврдуваат оваа вистина.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Уште едно лукаво прашање на еден кој го следи сатаната. Сатаната ја лаже Ева велејки и дали Бог и забранил да јаде од СИТЕ ДРВА во рајот, иако добро знаел дека има забрана само од едно дрво.
Каде пишува дека добро знаел? во библијата го пишува следново:
Но змијата беше полукава од сите ѕверови полски што ги создаде господ бог, па и рече на жената: "Вистина ли е дека бог рекол да не јадете од ниедно дрво во рајот?" А жената и рече на змијата: "Ние јадеме род од секое дрво во рајот, само од родот на она дрво среде рајот -рече бог: не јадете од него и не допирајте се до него за да не умрете!" Тогаш змијата и рече на жената: "Не! нема да умрете! Но бог знае дека оној ден кога ќе вкусите од него ќе ви се отворат очите и ќе станете како богови, знаејќи добро и зло!"
Што значи или не знаеш што пишува во библијата, или и ти самиот лажеш! Каде е овде лагата? Кога Адам и Ева пробале од дрвото, еве што констатирал бог:
"Ете Адам стана како еден од нас, знаејќи што е добро а што зло, но сега да не ја испружи раката своја и да земе од дрвото на животот па да заживее вечно!Тогаш Господ Бог го изгони од Едемската градина за да ја обработува земјата од која беше земен.
Сатаната е лажливец од самиот почеток. Тоа се среќава во светите книги на Евреите. Бог тоа им го објаува на Евреите, и тие тоа го знаат.
Кој се тие лаги? кажете ги!!
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Impissimus, добро бе, разликуваш ли Ти лага од вистина?
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Impissimus, добро бе, разликуваш ли Ти лага од вистина?
Мене ми изгледа, од пасусот на Ипсимус, како Сатаната да зборува вистина! Читај внимателно што ти вика твојата Книга.
Од друга страна, пак, не ми се чини, туку СИГУРЕН СУМ дека Јахве безобразно ги лаже Адам и Ева, велејќи им дека ќе умрат ако каснат - што е ноторна лага!!!.

Сатанава ми е ного пофер, тука. Све си кажа ко што е. Оти лаже Јахве?!?!

И за лагата и вистината. Ти, Мики, живееш во една огромна неконзистентна конструкција од квази-реалност. Ти, најмалну имаш капацитет да разграничуваш помеѓу вистина и лага.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ем Си неповикан, ем даваш погрешно толкување...

„....Дупло голо...„, што би рекло лицето. Б.Ц.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ем Си неповикан, ем даваш погрешно толкување...

„....Дупло голо...„, што би рекло лицето. Б.Ц.
Не е толкување. Убаво си пишува.

Толкување е тоа што вие го правите кога ќе се соочите со очигледна контрадикција во библијата. Како на пример: Зошто направил светло првиот ден, а сонце и месечина четвртиот?

...и тука, ти почнуваш да толкуваш.

Ова моево, се вика читање на реченици. Така викаат речениците. Не можеш да се правиш дека не пишува така: Јахве ги лаже да не пробаат, а Ѓаоло убаво им објаснува све што како е, без ниту за момент да излаже. Ниту еднаш.


Кој е тука срамен лажго?!?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Impissimus, добро бе, разликуваш ли Ти лага од вистина?
:pos2: Па каде е лагата? ајде кажи? Јас тука како што гледам а и не само јас, единствен што лаже е вашиов Јахве! Самиот на крај си признава дека станале како него, познавајќи добро и зло, невели јадеа и сега ќе умрат!:toe: Ако Луцифер е лажгото, тогаш која е лагата?
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ова ќе биде „....дилема за денес....„
Мене ми е повеќе од јасно, на некои не им е...
Нема дилеми, све си пишува.

Господ: „Не јадете од него и не допирајте се до него за да не умрете!" - Ноторна лага!
Сатана: „Не! Нема да умрете! Но бог знае дека оној ден кога ќе вкусите од него ќе ви се отворат очите и ќе станете како богови, знаејќи добро и зло!" - Сува вистина!

Кој тука лаже?!?!

Не гледам, Мики, што тука може да ти е повеќе од јасно, освен дека Јахве суши, а Луци збори ко ангелче - све право.

Не навлегувајќи во мотивите кој зошто го кажал тоа што го кажал, објективно, Јахве суши! Луци, не.

Не е никаква дилема.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
:pos2: Па каде е лагата? ајде кажи? Јас тука како што гледам а и не само јас, единствен што лаже е вашиов Јахве! Самиот на крај си признава дека станале како него, познавајќи добро и зло, невели јадеа и сега ќе умрат!:toe: Ако Луцифер е лажгото, тогаш која е лагата?

Види сега, ако навистина не можеш да разликуваш што е лага а што вистина, тогаш, сам Бог нека Ти е на помош...
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Види сега, ако навистина не можеш да разликуваш што е лага а што вистина, тогаш, сам Бог нека Ти е на помош...
Ти можеш? Ај пробај тука:

1. Господ: „Не јадете од него и не допирајте се до него за да не умрете!"

2. Сатана: „Не! Нема да умрете! Но бог знае дека оној ден кога ќе вкусите од него ќе ви се отворат очите и ќе станете како богови, знаејќи добро и зло!"

1 или 2? Кој исказ е лага? Кој говорник лаже?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom