Прашања за Христијанството I

  • Креатор на темата Креатор на темата marcus
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Па кога биле направени Адам и Ева немало проблем од појава на рецесивни гени кај потомството , и затоа немало потреба од закон и прање на мозок за морал од тој тип кој би забранил инцест.
Уствари почнал да се забранува кога тие што ги направиле(Адам и Ева) увиделе дека постои опасност од појава на дегенерици и влегол у божјите заповеди како таков.
 
Монашкиот живот е прилично специфичен и таквиот начин на живеење не е обврска, туку личен избор. Така, „...кој може да носи, нека носи...„, т.е. кој решил да се подвизува и да издржи до крајот од животот, така и нека биде. Монаштвото е подвиг и затоа и наградата за тој подвиг е поголема. Православната Црква благословува два начини на живеење: монаштво и сопружништво/брак. Затоа монаштвото не е едниствениот начин на спасение на душите, оти тоа спасение може да се реализира и преку живеење во благословен и непорочен брак. Црквата допишта и безбрачно живеење во Светот, но тоа е само допупштено, не е благословено. И таквото живеење може да биде спасоносно, но оди малку потешко.

Едноставно кажано, за влез во Рајот, не морам да бидам монах. Но, преку монашкиот подвиг, Рајската награда е поголема.



Монаштвото подвиг (тоа значи еден посебен степен над останатите)во христијанството?!? Бог да чува, не би рекол, тоа пре би рекол дека е чист промашај, кога би се свело човештвото само на монаштво како начело на живот, знаеш што би настанало? Истребување на сите луѓе во рок на тој нивен животен век колку што ќе им трае, за период од 50-60-70 години ќе ги снема сите луѓе. Тоа извини, ама тoa e апсурдно за една универзална вера како што тврдиш.


Единствено добро што кај нив е практикувањето на нивното носење, брадата кај мажите, покриеноста кај жените (чесните сестри) за што посебно ме интересира ради споредба со Исламските начела и би ти поставил прашање за доказ и извор на тоа, што верувам дека го има пошто тие врз основа на нешто тоа го практикуваат и зошто тој воопшто не е применет во нормалниот живот, во другиот начин на христијански живот – во сопружништвото (оти некако драстични се разликите во начините на живот за една вера, едните живеат безбрачен живот и го практикуваат она потребното за брачниот живот, а другите пак живеат брачен живот но без овие прописи на првите) мислам дека ме разбираш, па повели?


ПС, имам некој заклучок дека кога нормалните луѓе кои што ќе си ја почитуваат својата совршена и универзална вера и би ги спровеле тие прописи со брадите и покривањето на жената би наликувале на некој, погоди кој?
 
Ќе ги најдеш одговорите во католицизмот! :pos2:
Пази се само од тет-а-тет ситуации со свештеници, да не го изедеш стапот..... буквално.

Немам гајле...не сум дете...

Самиот грчки поим „католики„, значи „соборен/заеднички„. Православниот Симбол на верата вели дека верувам во „...Една, Света, Соборна (католичка) Црква....„. Така, православната Црква е католичка, оти е соборна/заедничарска, каде нема авторитет во ликот од некој црковен великодостојник. Римокатоличката Црква иста така вели дека е католичка, но таа Црква има свој врховен водач, во ликот од Папата, со седиште во Ватикан, во градот Рим, па затоа се нарекува и „римо-католичка„.

Тоа е најопштата разлика меѓу православната/католичка и Римската римо-католичка Црква. Финесите уште повеќе ги посочуваат меѓусебните разлики меѓу тие две Цркви.

Дали си информиран бидејќи сакам да расчистам со сите дилеми пред да станам католик...

Каков е ставот на римо-католичката црква кон оралниот секс?
 
Сакам да прашам нешто.
Што станува ако некој ненадејно умре и нема шанса да се покае?
Оти сите сме грешни и тој што не се покајал не влегува во рајот.
 
Дали некој од вас лично го спознал оној или она што го нарекувате БОГ па така самоувероно дискутирате за неговото име, неговите намери, неговите совршености и несовршености....или само прераскажувате приказни стари со векови...тоа што приказната е стара и општоприфатена не значи дека е и вистинита...исто како што земјата е рамна и е центар на вселената...
Престанете да се замарате со тоа кој е во право, а кој не....наместо тоа обидете се да бидете подобри од она што сте сега...и доколку навистина верувате во БОГ (како и да го викате) ....бидете мудри и не ја уништувајте неговата креација (светот)
 
Стварно ......

како почна и мавање на гром ќе го споиш со религија ...
само да те предупредам дека нема да дозволам ширење на религиозна омраза на овој подфорум!
 
PHP:
Групно крштевање во водите на реката Бабуна
Владимир Тевчев	Коментари (0)    


17.07.2010 15:57

 
 
По примерот на исусовото крштевање во реката Јордан, шеесетина велешани, но и жители од Кавадарци, Неготино и Гевгелија денеска во водите на Бабуна ја примија христијанската вера.

Повардарската епархија по трет пат организираше групно крштевање на сите кои решиле одново да се родат во Христа.

Се крштеваше од најмало до најстаро. Од оние кои во комунизмот им било забрането, до тие кои не можат да се венчаат без да бидат крстени.

„Јас како мало дете не сум била крстена, мајка ми така ми кажуваше и имам веќе внуци, баба сум, нив ги крстевме па и јас со нив“, изјави Нада Јованова, жителка на Кавадарци.

„Не можевме да се венчаме во црква бидејќи не бевме крштевани, сега сме крштевани и ќе можеме да се венчаме“, вели Марија Тошевска, жителка на Велес.

Според христијанството, со чинот на крштевањето, човекот се прочистува од гревовите, го прима Христос за свој бог, а симболиката на потопувањето во вода го претставува раѓањето на новиот христијанин.

Митрополитот повардарски Агатангел, кој го предводеше денешниот чин, вели дека верниците биле поучени што значи крштевањето.

„Им го објаснуваме значењето на светата тајна, крштение, објаснуваме за значењето на светото миропомазание, потопувањето на водата и така луѓето оние кои сакаат да го примат христијанството, спремни доаѓаат и свесно ја примаат оваа света тајна“, изјави г.г Агатангел, Митрополит Повардарски.

Но, малкумина од оние кои денес се крштеваа, го знаеја неговото вистинско значење.

- Знаете ли што значи чинот на крштевањето?

„Благослов према господ, да веруваш во господ“, додаде Нада Јованова, жителка на Кавадарци.

„Тоа означува дека ние сме вистински верници во господ и сме крстени“, вели Загорка Маневска, жителка на Велес.

Денешното крштевање беше бесплатно. Претходно, владиката Агатангел заедно со свештениците од повардарската епархија ги осветија водите на реката Бабуна.
Дали ова значи дека тие што небилие и не се крстени несе ни Христијани и дали само после крштевањето се станува Христијанин?
 
Дали ова значи дека тие што небилие и не се крстени несе ни Христијани и дали само после крштевањето се станува Христијанин?
"Кој ќе поверува и биде крстен, ќе биде спасен, а кој не ќе поверува, ќе биде осуден.” Марко 16:16.
Ако човек се роди во христијанско семејство тоа не значи дека е христијанин. Христијанството е пат кој може да се одбере дали да се врви или не. Еден од условите за да се биде христијанин е крштевањето. Но, не значи дека ако некој е крстен е Христијанин. За да се биде вистински верник треба многу повеќе од тоа.

Зборот крштевање доаѓа од грчкиот збор баптизо што значи потопување, нурнување. И самиот Исус бил на таков начин крстен во реката Јордан. Денес ваквиот начин на крштевање не се практикува секогаш. Многу често се крштеваат мали бебиња и деца без целосно потопување во вода. Но, тоа не е најбитно. Битно е што тие не го знаат значењето на тоа крштевање.

Крштевањето значи нов почеток, прифаќање на живот со Бог. Човек пред да биде покрстен треба да ги знае основните начела на христијанството и тој чин да го направи од се срце.Пред тоа треба да се покае за сите направени гревови. Крштевањето без тоа нема никакво значење.
 
Сите верници велат дека Исус се жртвувал за нас со тоа што умрел на крстот, но бидејќи тој е Господ како дел од светото тројство а Господ знае се, па дури и пред да се случи би значело дека Исус знаел дека ќе воскресне, односно дека нема да биде мртов, а тоа и не е баш жртвување. И уште нешто ако Исус "умрел" за нашите гревови тоа би требало да значи дека ги искупил гревовите и на психопатите како на пр. Фрицл.
 
Баш би сакал да знам Христијаните како го сметаат Адам, бидејќи тој за разлика од Исус(е создаден само преку еден родител, мајката) бил создаден на уште “почуден начин“ без два родители?
 
Адам?
Адам е првиот што ја зезнал целата работа...
Прво не му идел сексот со Лилит...па се жалел и ја добил Ева...ама пошто Ева е направена од неговото ребро....кога почнале да се множат...имаме ситуација која може да се дефинира како хомоинцест.....

...и после јас се чудам од каде толку дегенерици низ светов
 
Dem;3665840 ПС напиша:
Знам: на Петре Клукајдрвчето, така?

--- надополнето ---

Дали си информиран бидејќи сакам да расчистам со сите дилеми пред да станам католик...

Каков е ставот на римо-католичката црква кон оралниот секс?

Немам поим кој е ставот на римо-католичката Црква, но ставот од православната Црква е јасен: не е дозволен орален и анален секс ни „под разно„!

--- надополнето ---

PHP:
Групно крштевање во водите на реката Бабуна
Владимир Тевчев	Коментари (0)    


17.07.2010 15:57

 
 
По примерот на исусовото крштевање во реката Јордан, шеесетина велешани, но и жители од Кавадарци, Неготино и Гевгелија денеска во водите на Бабуна ја примија христијанската вера.

Повардарската епархија по трет пат организираше групно крштевање на сите кои решиле одново да се родат во Христа.

Се крштеваше од најмало до најстаро. Од оние кои во комунизмот им било забрането, до тие кои не можат да се венчаат без да бидат крстени.

„Јас како мало дете не сум била крстена, мајка ми така ми кажуваше и имам веќе внуци, баба сум, нив ги крстевме па и јас со нив“, изјави Нада Јованова, жителка на Кавадарци.

„Не можевме да се венчаме во црква бидејќи не бевме крштевани, сега сме крштевани и ќе можеме да се венчаме“, вели Марија Тошевска, жителка на Велес.

Според христијанството, со чинот на крштевањето, човекот се прочистува од гревовите, го прима Христос за свој бог, а симболиката на потопувањето во вода го претставува раѓањето на новиот христијанин.

Митрополитот повардарски Агатангел, кој го предводеше денешниот чин, вели дека верниците биле поучени што значи крштевањето.

„Им го објаснуваме значењето на светата тајна, крштение, објаснуваме за значењето на светото миропомазание, потопувањето на водата и така луѓето оние кои сакаат да го примат христијанството, спремни доаѓаат и свесно ја примаат оваа света тајна“, изјави г.г Агатангел, Митрополит Повардарски.

Но, малкумина од оние кои денес се крштеваа, го знаеја неговото вистинско значење.

- Знаете ли што значи чинот на крштевањето?

„Благослов према господ, да веруваш во господ“, додаде Нада Јованова, жителка на Кавадарци.

„Тоа означува дека ние сме вистински верници во господ и сме крстени“, вели Загорка Маневска, жителка на Велес.

Денешното крштевање беше бесплатно. Претходно, владиката Агатангел заедно со свештениците од повардарската епархија ги осветија водите на реката Бабуна.
Дали ова значи дека тие што небилие и не се крстени несе ни Христијани и дали само после крштевањето се станува Христијанин?

Да, тие што не биле и/или не се крстени, не се рисјани по ниеден основ. Да, тие кои се крстени или допрва ќе се крстат, го стекнуват неопхдниот минимум да се наречат рисјани и да станат членови на Црквата/телото Христово.

--- надополнето ---

Баш би сакал да знам Христијаните како го сметаат Адам, бидејќи тој за разлика од Исус(е создаден само преку еден родител, мајката) бил создаден на уште “почуден начин“ без два родители?

Адам не е роден-Адам е створен.

Христос е роден од жена/мајка, без биолошки татко, аналогно на раѓањето на Синот Божји, Кој Е роден од Отецот, без биолошка мајка.
 
Што сакал Исус да каже со следнава изјава?
Евангелие според Матеј (Лк 12.51-53; 14.26-27)
"Немојте да мислите дека дојдов да донесам мир на земјата, недојдов да донесам мир туку меч!
Зашто дојдов да разделам човек од татко си, и ќерка од мајка си, и снаа од свекрвата нејзина. И непријатели на човека ќе бидат неговите домашни."
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom