Мики, може прашање до тебе:
Според тебе дали Христијанството е универзална вера, вера за секој еден човек во светов, кој кога би се однесувал сходно со неа онака вистински, изворно, би завладеал секој ред на земјава?
Колку што сум запознат, најголемо ниво, најголеми верници кај вас се сметаат монасите, дали сите луѓе универзално, за да се спасат треба да бидат монаси, калуѓери и калуѓерки?
Слободно можеш да кажеш дека рисјанската вера е универзална, од неколку суштинки едноставни причини:
- Еден е Бог Творецот на се видливо и невидливо.
- Еден е Синот Божји, отелотворен преку Исуса Христа, Кој дојде да не повика на покајание и да не спаси од гревот и не постои никој друг кој досега сторил такво нешто, а и нема потреба, оти Синот Божји веќе дојде;
- Еден е Духот Свет, преку Кого Христос ја основа Црквата, како новозаветна арка, за спасение на родот човечки;
- Една е Црквата, која не е екслузивитет за одреден народ, како јудеите во Стариот Завет, туку е новозаветен брод за спасение на душите на секој поединец, кој решил да биде незјзин член. Денес, Цркавата, како заедница од личности, е избраниот народ.
Монашкиот живот е прилично специфичен и таквиот начин на живеење не е обврска, туку личен избор. Така, „...кој може да носи, нека носи...„, т.е. кој решил да се подвизува и да издржи до крајот од животот, така и нека биде. Монаштвото е подвиг и затоа и наградата за тој подвиг е поголема. Православната Црква благословува два начини на живеење: монаштво и сопружништво/брак. Затоа монаштвото не е едниствениот начин на спасение на душите, оти тоа спасение може да се реализира и преку живеење во благословен и непорочен брак. Црквата допишта и безбрачно живеење во Светот, но тоа е само допупштено, не е благословено. И таквото живеење може да биде спасоносно, но оди малку потешко.
Едноставно кажано, за влез во Рајот, не морам да бидам монах. Но, преку монашкиот подвиг, Рајската награда е поголема.
--- надополнето ---
Католичката црква има папи уште 4ти век, па сепак до 16ти век никој не ја нарекувал "Римо-Католичка". А и до ден денес Католичката црква не се нарекува "Римо-Католичка", туку си се нарекува едноставно "католичка". Таа етикета "Римо-католичка" е модерен термин кој другите цркви (православната и некои протестантски цркви) и го лепат на Католичката црква.
Од друга страна, православните цркви немаат канонско право да се нарекуваат "католичка црква" затоа што потекнуваат од екскомуницираната Источна (Византиска) Црква при шизмата во 1054 година.
Во мојот пост, го напишав наједноставното објаснување за разликите меѓу источното и западното христијанство. И јас велам дека папи има не само од 4-от век, туку православни извори велат дека папи има уште од 2-от век, во зародишна форма, од кои дел веќе се Свети и никој тоа не го оспорува. Но тоа е времето пред расколот, кога папството ја нема исклучивоста во приматот и наводното Христово намесништво за папите на Земјава. Поимите „католичка„ и „римокатоличка„, служат за појасно одвојување на овие две Цркви, оти неупатените сметаат дека „тоа е исто„, а не е. Симболот од верата го користат и римокатолиците, со мала додавка, па затоа и тие велат дека Црквата им е католичка/соборна.
Токму источната православна Црква сеуште може да се нарече „католичка„, оти само таа Црква е собор/заедница од слободни личности, кои исповедаат ист Бог и иста вера, каде одлуките се носат соборно/заеднички, а не според авторитетот од одредена смртна личност, а во случајот со римокатолиците, тоа е Папата и папството.