- Член од
- 14 мај 2009
- Мислења
- 323
- Поени од реакции
- 7
Се е запишано во Евангелијата зошто и како.каков тоа притисок можело да направи високото еврејско свештенство кај римјаните за да овие зберат војска и се закренат да им тераат ќејф наоколу? и зошто го распнале, кога не се бунтувал против нив?
Фарисеите имале голема политичка и религиско-институционална моќ тогаш. Била тоа имотна, образована свештеничка класа, која имала своја мала приватна војска и доста злато, која управувала со Соломоновиот храм (срцето на јудејската историја и религија), и кои биле највисок религиски авторитет во Јудеја.
Појавувањето на Исуса за нив претставувало голема опасност, бидејќи Исус говорел работи кои воопшто не им се допаѓале, и кои ја засегале нивната власт и неприкосновен религиски авторитет. Затоа со сите сили и со цело свое влијание го наклеветиле Исуса кај Римјаните, кои го осудиле и го распнале како човек кој го терал народот на бунт.
Кој чита, знае како оделе работите. Од тајната вечера се до воскресението нема ништо фантастично ни за денешниот наш рационален ум.
Никој не спори дека Римјаните беа господари во Јудеа тогаш. И не само во Јудеа, знаеме, огромна беше нивната империја, од енормни размери на богатство, моќ, јак систем и воена организација.Каков бре притисок, Рим и римјаните беа господари на Израел, распнуваа на секој чекор, убиваа и казнуваа, на римјаните им се плаќаше данок, римски симболи се вееа низ цел Израел, римски војски и легии господареа над Јудеја....
Постоеа повеќе начини на казнување , каменување (кое можеа да го направат и самите Евреи без да го прашаат рим во верски спорови) отсекување на глава со меч (римскка казна за убијци, криминалци) и распнување на крст за најтешките злосторства против Римската држава, за велепредавство, бунтовништво и неприателство кон Рим. На самиот крст напишаа Римјаните зошто го казнуваат, напишаа Исус Христ цар јудејски. Не за проповеди не за вера. За неприателство кон Рим со казна распнување, предвидена за неприателите на Рим.
Затоа фарисеите мораа да го предадат Исуса на Римјаните, бидејќи политичката ситуација стана деликатна, не можеа едноставно сами да го убијат, па ако настани бунт да сносат одговорност пред кесарот и да си навлечат големи проблеми.
Откако сами го осудиле пред Синедрионот после предавството по Тајната Вечера, го предале на Пилата, го наклеветиле, вложиле се што можеле за да убедат, и потоа Римјаните го распнале, иако јасно е кажано дека Пилат на почетокот негодувал околу тоа, и самиот знаејќи дека од тоа може да настане дестабилизација, од што најмногу се плашел.
На крајот биднало шо биднало, знаеме за понатаму:
На крајот истиот тој Христос, пред да се распадне Римската Империја, 4 века подоцна, самите господари на светот, Римјаните, го прогласија за свој Бог. Е тоа е многу интересен факт, и запрепастувачки. Нели?