Прашања за Христијанството I

  • Креатор на темата Креатор на темата marcus
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Грев е во смисла дека со тоа го онечистуваш телото(и дрогата е порок нели )..Човек кој вели дека го примил Исуса за Спасител..а не се откажал од пушењето..лаже
Светиот Дух порсведочува што е штетно а што здраво за тебе..

мислам дека малку екстремен ти е постот, затоа што дрогата, пушењето, алкохолизмот, се зависности, кои предизвикуваат физичка зависност, која како и да е, со Божја помош ти во секој случај ке ја победиш, ама за некого можеби ке треба време. Не можеш да кажеш дали некој лаже или не. Барем јас така мислам.Не ме сфаќај погрешно. не викам дека е уреду да се пуши или пие или не дај Боже, дрогира...
 
Имам едно прашање на кое сакам да добијам добар и адекватен одговор.

Зошто во евангелието според Матеј глава 1: пасус 11, во Исусовиот родослов во некои Библии е спомнато: "Јосија го роди Јехонија...", а во некои : "Јосија го роди Јоакима,а Јоаким Јехонија...".

Според мене тука станува збор за јасна контрадикција која што не би смеела да се појави во една Божја Книга. :toe:

Поздрав!
Во оргиналот на Евангелието според Матеј кое инаку е напишано на галилејски дијалект(кој го зборувал и самиот Матеј) од арамејскиот јазик стои вака:
[FONT=Geneva, Arial]To Josiah Jechoniah and his brothers, at the time of the Babylonian exile.[/FONT]
Прводот е на англиски оти не верувам дека има овде некој кој зобрува арамејски..
Значи ова е вистината..се друга е намерна или ненамерна грешка во превод..

мислам дека малку екстремен ти е постот, затоа што дрогата, пушењето, алкохолизмот, се зависности, кои предизвикуваат физичка зависност, која како и да е, со Божја помош ти во секој случај ке ја победиш, ама за некого можеби ке треба време. Не можеш да кажеш дали некој лаже или не. Барем јас така мислам.Не ме сфаќај погрешно. не викам дека е уреду да се пуши или пие или не дај Боже, дрогира...
Во Христијанството нема средина или си или не си..млакавите биваат изблувани...
 
Во оргиналот на Евангелието според Матеј кое инаку е напишано на галилејски дијалект(кој го зборувал и самиот Матеј) од арамејскиот јазик стои вака:
[FONT=Geneva, Arial]To Josiah Jechoniah and his brothers, at the time of the Babylonian exile.[/FONT]
Прводот е на англиски оти не верувам дека има овде некој кој зобрува арамејски..
Значи ова е вистината..се друга е намерна или ненамерна грешка во превод..

Во Христијанството нема средина или си или не си..млакавите биваат изблувани...

E и ова ќе те прашував - Има поголем и помал грешник? Пошо и двајцата се исто казнети (за во пеколот), нели? Пошо вака и сериски убиец кој убил 50 луѓе без размислување и пушачот ќе имаат иста казна.
 
на пушачот казната нема да му следи затоа што пушел, туку затоа што не го сакал Бог со цело свое срце, душа и тело :smir: :toe:

1 та Божја заповед е прекршена.
 
Сите ние сме грешници(и праведниот одвај се спасува, во послушноста стануваме праведни)...можам само да ти кажам дека има гревови кои Бог ги опростува и такви кој не ги простува..Хулата против Светиот Дух нема да се прости..
 
Библијата вели да не се опиваме не да не пиеме
Не пиј веќе само вода, туку земај по малку вино, заради твојот желудник и честите боледувања.
- Тимотеј 5-23
И не се пијанете со вино, во кое е разузданоста, туку полнете се со Духот! - Ефесјани 5-18

Библијата вели и да не јадиме свинско да се обрежуваме и да ја почитуваме саботата... или то појќе не важи ?
 
на пушачот казната нема да му следи затоа што пушел, туку затоа што не го сакал Бог со цело свое срце, душа и тело :smir: :toe:

1 та Божја заповед е прекршена.
И тоа не е грев?

Библијата вели и да не јадиме свинско да се обрежуваме и да ја почитуваме саботата... или то појќе не важи ?
Библијата вели да не го правиме тоа што го соблазнува нашиот брат ако е тоа свинското ...одговорот е да уште важи...
 
И тоа не е грев?

не. не. не ме сфакај погрешно. мислев само дека на луѓе зависници треба да им се помогне, а не да се осудат и отфрлат. затоа што за болните е дојден Исус а не за здравите. Јас кажав дека верниците треба да се безпорочни.
 
Мислам дека бев јасен..зборам за Христијани...значи верници не за оние кои не знаат за Бога..
 
И тоа не е грев?

Библијата вели да не го правиме тоа што го соблазнува нашиот брат ако е тоа свинското ...одговорот е да уште важи...

Господ во Библијата јасно и конкретно рекол да не се јади свинско , јасно и конкретно рекол да се обрежуват верниците и јасно и конкретно рекол да се почитува Саботата како ден божји. Тоа е набројано и заведено во Света книга.
 
Тогаш што праиме со ова...

Јадете сè што се продава во месарница, не испитувајќи ништо заради совеста

и ова...

Зашто во Христа Исуса ниту обрезанието има вредност, ниту необрезанието, туку верата, која дејствува преку љубовта.

Мислам дека ова е дискутирано пре-многу ...Со доаѓањето на Исуса важи ова..

бидејќи знаеме дека човекот не се оправдува од делата на Законот, туку само преку верата на Исуса Христа, и ние поверувавме во Христа Исуса, за да се оправдаме од верата во Христа, а не од делата на Законот ; зашто од делата на Законот нема да се оправда ниту еден човек.
 
То твоето го рекол Павле во послание, а она што го кажав јас го рекол Господ. А Саботата ја вметнал и во десетте заповеди. Па ти види дал е Павле Господ или е Господ Господ, дали на страшниот суд Бог или Павле ќе суди.
 
А што ако сам Бог (а кој друг?) одлучи да промени некоја од своите Заповеди? Тогаш, би Му рекол ли ти на Бога, зашто така постапил? Токму таков е случајот и со старозаветната сабота.
 
Опа имаме предомишљање кај бога... некој кој се покајал за минатите заповеди па со амандман ги сменал? а при тоа од страм не можел јавно да каже па рекол, “Еј Павле, јас ја утнав работата на неколку места оди испрај ја ја не можам заради имиџот“

Значи може да се очекува и понатаму да има промени и измени во божјите намисли закони и правила ?? ќе бидеме известени од некој ??
 
Тоа ти велиш....

Не дека Бог се премислил, туку токму спротивното: Бог остана(л) непроменет, оти е Бог, а човекот, си остана и понатаму во гревот. Значи, отпаднатиот човек, терајќи си по свое, беше причината поради која Бог (Синот Божји) се симна од Небесата, за да може лично и непосредно да инервенира за „оправањето„ човеково. Воедно, даоаѓањето Хрсистово е можност за Бога да стане видлив, па оние кои не веруваа во Него, да поверуваат не „на збор„, туку „на видено„.

Новиот Завет сеуште е на сила и ќе трае се до второто Христово пришествие и словото од Заветот нема да биде променето во „меѓувреме„, така да не очекувај дека „некој„ ќе ти/ни јави таква вест.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom