Прашања за Исламот III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Колку од ова е вистина ,не ми е баш логично да е така.Па само колку Албанци муслимани од Косово по добивање на независноста преминаа во протестанти дури и регистрираа таква американска црква во Приштина.
Зборуваме за шеријат, не за косово. Во шеријатот апостазата се казнува со смрт.
 
На Балканот е „полабаво“ - ако може така да се изразам. А и доста од тие кои преминале се дебело платени.
Во Саудиска Арабија, напуштање на Исламот, без понатамошни реперкусии е еквивалентно на Sci-Fi.

За ова, искрено, прв пат од тебе слушам. Ако може да понудиш јасни референци дека тоа се случувало.
 
На кој начин овие избори се опасност? Во државава имаш илјадници парови кои секојдневно си имаат секс а не се во брак, на кој начин тие се опасност? И за кого?
Исто така имаш случаи на луѓе кои преминуваат од една религија во друга, на кој начин тие се опасност и за кого?
Имаш и групи кои проповедаат различни религии и филозофии, истото прашање и за нив?

Циркулирање и тапкање во место.Оваа истава дебата е водена и мислам дека веќе е даден исламскиот поглед страници наназад.Да не се повторуваме исто те исто .
--- надополнето: 23 јули 2013 во 23:51 ---
Зборуваме за шеријат, не за косово. Во шеријатот апостазата се казнува со смрт.

Не е точно.Одговорено е назад.
 
На Балканот е „полабаво“ - ако може така да се изразам. А и доста од тие кои преминале се дебело платени.
Во Саудиска Арабија, напуштање на Исламот е еквивалентно на Sci-Fi. Без понатамошни реперкусии.

За ова, искрено, прв пат од тебе слушам. Ако може да понудиш јасни референци дека тоа се случувало.

http://www.ewtn.com/vnews/getstory.asp?number=2958 И таму не било лесно,бетер е од Арабија,ама се додека се на Косово Американците,тие конвертити од ислам во протестанти се побезбедни сега за сега.
 
Циркулирање и тапкање во место.Оваа истава дебата е водена и мислам дека веќе е даден исламскиот поглед страници наназад.Да не се повторуваме исто те исто .
--- надополнето: 23 јули 2013 во 23:51 ---

Не е точно.Одговорено е назад.
Што не е точно? Според исламските сколари, за да биде убиен потребно е да премине во друга вера и да пропагира против исламот. Еве една таква изјава:
Е сега, дали ако јавно изјави дека одсега натаму е христијанин, тоа не би можело да му се припише како пропагирање? Дали ако рече дека Исус е божји син, тоа нема да му се смета за пропаганда против исламот (припишување на Бог син)?
Дали ако реши да има секс со девојки со кои не е во брак, тоа нема да му се смета за "пропагирање" или изговор да биде убиен?
 
Наивно размислување и избор човек.Може да верува во што сака,никој не го чепка поради тоа.Но да дојдеш и да се дрзнуваш да пропагираш против власта? Тогаш ти си штетен и не го почитуваш туѓото верување и власта истовремено.
Си веруваш дека христијанството е твоја религија,тоа нема проблем со исламот.Но да се дрзнуваш да се бунтуваш против самиот ислам(дирекно преку борба или индиректно-преку говор на омраза и слично) е тогаш богами се казнува.
И тоа е нормално(и го имаш во секоја една држава).
Кодош нели?
Може да смета дека исус е божји син за него,за муслиманот тоа представува навреда(исто како јас да појдам на христијанинот да му кажувам дека “исус е човек“,за него тоа е навреда).Моментот кога ќе се дрзнеш да ги провоцираш муслиманите и нивната религија тоа не е право(со попот можеш да си разговараш на таа тема).Личен избор е религијата никој не смее да ти ја наметнува нити да те повредува поради тоа.Муслиманот ако си заинтересиран ќе ти објасни што е исламот ако не си,нема.
Третото прашање,не.Нема врска тоа со христијанство нити со исламот.Прекршен закон кој се казнува.Цел:Да се намалат вонбрачните сексуални односи.Казната е таква со цел да се отргнат мислите од таква постапка,не бидејќи некој некого сака да казнува.
Дали е праведно,јас би рекол да.
Дали се штетни вонбрачните односи? Кого сакаш прашај го ,ќе го добиеш овој одговор(било кој човек од било која припадност).
 
Си веруваш дека христијанството е твоја религија,тоа нема проблем со исламот.Но да се дрзнуваш да се бунтуваш против самиот ислам(дирекно преку борба или индиректно-преку говор на омраза и слично) е тогаш богами се казнува.
И тоа е нормално(и го имаш во секоја една држава).
Што е нормално во секоја држава? Да бесиш хомосексуалци? Да сечеш глави на гатачи? Да убиваш луѓе за секс затоа што не се во брак?
А каде е дефинирано што е "бунтување против исламот"? Дали ако му припишеш на Бог син, друг бог или било што слично, тоа неможе да се смета за бунтување?
И на кој начин за вас е ок да ширите говор на омраза против морал различен од вашиот, а истото не го дозволувате за себе?
Прекршен закон кој се казнува.Цел:Да се намалат вонбрачните сексуални односи.Казната е таква со цел да се отргнат мислите од таква постапка,не бидејќи некој некого сака да казнува.
Дали е праведно,јас би рекол да.
Дали се штетни вонбрачните односи? Кого сакаш прашај го ,ќе го добиеш овој одговор(било кој човек од било која припадност).
Од сите луѓе што ги знам лично, непознавам ниту еден што немал предбрачен секс....ниту еден! И ти ми велиш дека е праведно да се убијат поради тоа? Ти арен си? Зошто да се намалеле?
Што е штетно тука? На кој начин јас штетам некому ако имам секс со девојка ми?
 
Можеш овде да ми продаваш од твојот разум колку сакаш,но сите сме Аллахови и Нему ќе му се вратиме,сакал или нејќел мора да умреш и јас и ти.
Овде можеш да го викаш како сакаш,со кои сакаш имиња,но ќе бидеш известен за тоа сигурно.
А ти како сакаш.
Ете така пријателе мој занесен,кој со твојата наука не можете мравка да составите. :)
Можам секаде да делам разум, човек сум, го имам и не дозволувам и нема да дозволувам некој верски фанатик од било која религија да го уништува разумот во името на невидлив бог во кој што верува, но не сака и не може да го спознае. Никогаш!

Ц ц ц ц, ти да си алахов... :) Тоа е само верување, сакал ти или не - не знаеш и само се надеваш дека ќе се вратиш во таа апстрактна креација!

Што зборуваш глупости? Ете за ова прашувам јас: КАКО ТИ ВЕЛИШ СЕКОЈ СО СВОЕТО КОГА МИ ТРЕСКАШ ВАКВИ ГЛУПОСТИ? КАКО МОЖЕ ЈАС СО СВОЕТО КОГА ТИ МИ ВЕЛИШ, ХЕПТАГРАМЕ; ТИ СИ АЛАХОВ?
Јас не сум Алахов, Алах е мој и сите тие пустински татковски богови на минатото и слични симболи! :)

Неточно, не сме сите алахови, оној што верува во Исус не е Алахов, тој што верува во пробуденот, не верува во твојот бог, евреинот - воопшто пак не се заморува со твојот бог и пророк!
Во ред е да веруваш така, но да нудиш нешто вакво како апсолутна вистина - не, не така!
Како може така да ги навредуваш луѓето, со вакви изјави дека се алахови? Не сметаш дека тоа е навреда за некој?

Како не разбираш дека твојата религија не е универзална и не може да ја нудиш како на пазар со ценкање?
Колку пати да поставувам прашања кои не можеш да ги одговориш и што запнуваат кај оние што не сакаат да веруваат и неможат во твојот бог? Не ни сакаат богови поточно!

ТИ може да ВЕРУВАШ дека ЌЕ СЕ ВРАТИШ кај АЛАХ! Зошто верувањето се смета за нешто поголемо од знаењето и спознавањето на светот?
Со твојот разум си дошол до сознанија кои ете мене ми ги наметнуваш. Не така.
Кај алах, робовите, на друго место слободните! :) Така велат едни ;)

Не јас како сакам, ами како ми е волја!

Со мојата наука можам алах и твоето свето писмо на колена да го свлечкам (вие пишувате налудничави идеи како коранот од света книга одеднаш станал научно дело и што е најстрашно - како бре верувате дека тоа е вистина?), Секогаш голем проблем е човекот-муслиман и чудното разбирање на светот...
Тука лежи потешкотијата, како што гледаме и од писанијата твои и на другите!

Можам ако ми е волја и да го фалам твојот бог, но за кој? За фанатици потоа да имаат сила да бесат и колат неверници? За да жената во своето незнаење и шовинизам ја држат под куп закони и правила за да не и се открие вистинската моќ?

Ти, како обиечен верник нема никогаш да знаеш кој е вистинскиот обожувач на највисокото бидејќи си роб и гледаш и судиш верници-неверници, бидејќи така еднаш згрешил некој пред тебе. Како така го замислуваш ти тоа да судиш други, кога и ти според писанието си роб со куп закони кои - не се универзални?

И додека го нудиш твојот бог на ваков подмолен начин, нема да биде сметан тој бог за ништо поеќе од другите!

П.С. Повели ти со твоето верување состави пенкало, не мене да ме заморуваш што јас можам со науката! :)
 
Што е нормално во секоја држава? Да бесиш хомосексуалци? Да сечеш глави на гатачи? Да убиваш луѓе за секс затоа што не се во брак?
А каде е дефинирано што е "бунтување против исламот"? Дали ако му припишеш на Бог син, друг бог или било што слично, тоа неможе да се смета за бунтување?
И на кој начин за вас е ок да ширите говор на омраза против морал различен од вашиот, а истото не го дозволувате за себе?

Од сите луѓе што ги знам лично, непознавам ниту еден што немал предбрачен секс....ниту еден! И ти ми велиш дека е праведно да се убијат поради тоа? Ти арен си? Зошто да се намалеле?
Што е штетно тука? На кој начин јас штетам некому ако имам секс со девојка ми?

1)Хомосексуалците-Ме мрази да ти барам статистики и студии за да ја доближам таа слика за хомосекуализмот.Почнувајќи од фактот што до доцна беше сметана за болест(ако не се лажам до 1973 некаде),се до нивните ментални проблеми(нагнатост кон самоубиства,анксиозност,депресии....),Сексуално преносливите заболувања(кој впрочем представува и социлошки проблем)......многу има.
-Сума сумарум хомосексуализмот не е добар нити за поединецот нити за околината.
2)Гатачот-Личност кој дава лажна надеж,го ропа народот,лажач од најголем калибар а не знае за себе кога ќе умре во следните секунди или минути.
-Позитивен учинок од лажго? Поголемо зло од заработка преку лага немаш за луѓето.Социо штетник.
3)Вонбрачните сексуални односи
-Статистички голем медицински проблем(зголемена појава на гравидитет,зголемена појава на абортуси,зголемена појава на сексуално преносливи заболувања,зголемена појава на самоубиства како резултат на психолошкиот стрес,депресии кои се појавуваат секундардно).
4)Бунт-Секое јавно критикување дирекно на муслиманите преку говор или пак војна против нив.
5)Додека си збориш со својот „брат„ по вера нема проблем.Доколку бидеш запрашан и одговориш од христијанска перспектива не е проблем(без разлика од кого си запрашан).Моментот кога се дрзнуваш да го критикуваш исламот и верувањето на муслиманот а не си ни запрашан,нити приморан нити пак некој бара од тебе таква реакција тогаш представува проблем.Тогаш ти имаш проблем со исламот,исламот нема проблем со тебе.

Каде тоа муслиманот шири говор на омраза? Муслиманот доколку е запрашан,ќе ти одговори доколку не е ,не ти одговорува.
Што се тиче моралот,прво посочи каде тоа “арамии,лопови,хомосексуализам се морална особина и добрина за една персона или население“ па тогаш бујрум седни и критикувај го исламскиот морал.Ти го осудуваш исламксиот морал кој при имплементација на шеријатскиот закон се труди да превенира неморал.
За предбрачниот секс ако речиш дека е добар тогаш имаш голем проблем.Единствена позитивна карактеристика е самиот сексуален однос(уживањето при самиот акт).
Исламот заговара стапување во брак(имаш партнер и не шврљаш на околу).Преку тоа стапување во брак ти се врзуваш.Со тоа и гарантираш на женската заштита,верност и слично.Вака(без никаква забрана и лимит) можеш/и таа може да шврљате со еден куп други,гајле ти е.
Мултипартнерство,неверства,развод на бракови,деца одраснати без татко или мајка....

П.С:Провери сам,ете имаш студии и статистики и некако доближи си ја сликата.
 
4)Бунт-Секое јавно критикување дирекно на муслиманите преку говор или пак војна против нив.
.
Ништо не ги оправдува убиствата во името на твојот бог, јасно?
Казнувајте си го својот брат по вера, не оние кои не веруваат!
Како да не се критикува нештото, кога директно ме навредува мене вашата изјава дека јас сум роб на твојот бог? Кој ти го дава тебе тоа право да велиш така?
Алах? Ха :)

Значи дека јас сега се бунтувам и има шанси некој фанатик да ме измава во Македонија или ова важи за шеријатска држава или во држава каде што муслиманите се мнозинство?

Што ако жената или мажот шврља и покрај исламскиот закон кој го забранува тоа? Ги убивате? Детето не расти без мајка и татко така? :facepalm:
Абе, што пишувате вие?

Ниту еден лимит што постои денес во врска со сексот и верувањето на поединецот не е ефикасен! Ни даден од луѓе, ниту даден од богови! Заплашувањето не дава плод, ниту пак казните!
Само повеќе се кријат луѓето од јавно искажување на своите вистински лица... истото го правеше црквата пред 600 години... Истиот пат ќе се оди и од вас?
 
Ништо не ги оправдува убиствата во името на твојот бог, јасно?
Казнувајте си го својот брат по вера, не оние кои не веруваат!
Како да не се критикува нештото, кога директно ме навредува мене вашата изјава дека јас сум роб на твојот бог? Кој ти го дава тебе тоа право да велиш така?
Алах? Ха :)

Значи дека јас сега се бунтувам и има шанси некој фанатик да ме измава во Македонија или ова важи за шеријатска држава или во држава каде што муслиманите се мнозинство?

Јас не ти тврдам дека си ти роб на некого.Ти себеси се сметаш за бог.Немам проблем јас со тоа,твој избор.Нити јас нити исламот има проблем со тебе(бидејќи од проста причина ти не си муслиман т.е не се ослонуваш на божјата воља туку твојот закон е “прави што ти е воља-значи твоја лична воља“.Иако јас не се слагам со тебе , нити ти со мене тоа не е причина да те навредувам нити да ме навредуваш.
Не ми се допаѓа,не одам по тој пат.Не ти се допаѓа,не одиш то пат.

Само шеријатска држава со такво уредување.Кој смее да те гиба тебе во држава каде правата и законите се јасно дефинирани.Да му речиш на муслиманот сега нешто(да го навредуваш или нешто слично,се е можно...не дека би го оправдал таквиот потег од негова страна ама не би ти советувал такво однесување према никого од проста причина што "people are touchy about that thing").
 
Се сложувам дека муслиманинот е осетлив на критики за религијата, но ако тој е осетлив зошто не гледа дека и другите што не се муслимани се осетливи?
Зарем христијанинот не е осетлив на навреда кога некој муслиман не затвора уста зборувајќи како Исус не е бог ами пророк и дури одат до таму што велат и дека христијанскиот триделен бог е глупост?
И замисли, тоа го прават во држава која е христијанска по мнозинство...
Како така? Дали муслиманинот има чувство спрема другите што не се муслимани?
Според ова што јас го читам - муслиманинот само ги искористува демократските закони и проповеда како исламот е најдоброто и највистинското нешто, а копнее по шеријатска држава. Не е тоа политички процес кон дестабилизација на една држава и туркање на демократијата надолу?

И зошто да се биде осетлив за религијата? Тоа ми е прашањето и затоа постојано повторувам едни исти прашања?
Зошто муслиманите велат кога некој ги критикува нивните верувања и пракси, дека исламот е навреден или богот или пророкот?
Како може нешто како религија да е навредено? Како може пророкот да е навреден?
Од друга страна, зошто муслиманинот се навредува ако некој го црта Мухамед во смешни слики или го користи за било што за исмејување на пример? Ако е муслиман, зарем не верува дека богот во кој што верува, секако ќе го фрли тој „проклетник“ во пеколот бидејќи се исмевал на совршената ви религија?
Зошто муслиманинот се навредува, а навредува други што не се муслимани, и смета дека е во право бидејќи тие секако се неверници?

Ти не лично, но ете некои муслимани тврдат дека сите сме алахови чеда, дури и оние кои не се верници, автоматски се неверници и се под јурисдикција на вашиот бог, а со тоа и подложни на казни...

Можеби сега не живееме во таква шеријатска држава, но со ваквото лошо преставување на исламот, како демек дава слобода на избор со која секако ќе бидеш убиен ако си во шеријатска држава и не си според тие закони кои се косат со правата на поединецот за слободно дејствување на земјата, имаме шанси за таква држава! Тоа не смее да се дозволи во држава која има свои закони.
Човек да се подзамисли...

Така да тоа „твој избор“ не постои - штом не си како што вели исламот поединецот е во грешка... Така ги навредувате сите кои не се муслимани!

Не зборев за лично ти што велиш...

П.С.
Прави што ти е волја - е лична волја која е еднаква со божествената. Нешто што те израмнува со богот, што мислам дека не е баш дозволиво во исламот.
Да не беше така, ќе зборувавме - Прави што сакаш :) Има разлика но тоа на друга тема, не тука.
 
Vo ramkite na samoto hristijanstvo ili aj zapadnata kultura e da se potsmevaat so Isus, taka da oni se podigruvaat so Bog so samoto toa sto ne gi praktikuvaat Negovite zapovedi.
 
1)Хомосексуалците-Ме мрази да ти барам статистики и студии за да ја доближам таа слика за хомосекуализмот.Почнувајќи од фактот што до доцна беше сметана за болест(ако не се лажам до 1973 некаде),се до нивните ментални проблеми(нагнатост кон самоубиства,анксиозност,депресии....),Сексуално преносливите заболувања(кој впрочем представува и социлошки проблем)......многу има.
-Сума сумарум хомосексуализмот не е добар нити за поединецот нити за околината.
2)Гатачот-Личност кој дава лажна надеж,го ропа народот,лажач од најголем калибар а не знае за себе кога ќе умре во следните секунди или минути.
-Позитивен учинок од лажго? Поголемо зло од заработка преку лага немаш за луѓето.Социо штетник.
3)Вонбрачните сексуални односи
-Статистички голем медицински проблем(зголемена појава на гравидитет,зголемена појава на абортуси,зголемена појава на сексуално преносливи заболувања,зголемена појава на самоубиства како резултат на психолошкиот стрес,депресии кои се појавуваат секундардно).
4)Бунт-Секое јавно критикување дирекно на муслиманите преку говор или пак војна против нив.
5)Додека си збориш со својот „брат„ по вера нема проблем.Доколку бидеш запрашан и одговориш од христијанска перспектива не е проблем(без разлика од кого си запрашан).Моментот кога се дрзнуваш да го критикуваш исламот и верувањето на муслиманот а не си ни запрашан,нити приморан нити пак некој бара од тебе таква реакција тогаш представува проблем.Тогаш ти имаш проблем со исламот,исламот нема проблем со тебе.

Каде тоа муслиманот шири говор на омраза? Муслиманот доколку е запрашан,ќе ти одговори доколку не е ,не ти одговорува.
Што се тиче моралот,прво посочи каде тоа “арамии,лопови,хомосексуализам се морална особина и добрина за една персона или население“ па тогаш бујрум седни и критикувај го исламскиот морал.Ти го осудуваш исламксиот морал кој при имплементација на шеријатскиот закон се труди да превенира неморал.
За предбрачниот секс ако речиш дека е добар тогаш имаш голем проблем.Единствена позитивна карактеристика е самиот сексуален однос(уживањето при самиот акт).
Исламот заговара стапување во брак(имаш партнер и не шврљаш на околу).Преку тоа стапување во брак ти се врзуваш.Со тоа и гарантираш на женската заштита,верност и слично.Вака(без никаква забрана и лимит) можеш/и таа може да шврљате со еден куп други,гајле ти е.
Мултипартнерство,неверства,развод на бракови,деца одраснати без татко или мајка....

П.С:Провери сам,ете имаш студии и статистики и некако доближи си ја сликата.
1. Штом медицината го отстранила од листа на болести, значи дека имало причина за тоа. Или исламот е можеби поголем авторитет од науката и медицината?
На кој начин околината имала проблем ако две личности од ист пол се во врска? Преносливи болести? Вие во кој век живеете? Сте чуле за кондоми? И според вашава логика и разговорот лице во лице е штетен, може да се пренесе грип, кашлица, туберкулоза. Што велиш шеријатот и тоа да го забрани а?

2. Гатачот давал лажна надеж и затоа било оправдано да се убие?! Аргумент на годината! Па и вие од аспект на останатите религии давате лажна надеж, ајде и вас да ве убиеме? Колку што биле во право гатачите, толку сте и вие! И на кој начин ова не е дискриминација и говор на омраза?

3. Како ќе споредиш статистички податоци за абортус во муслимански и немуслимански земји, кога исламот забранува абортус? Како ќе знаеш дали некоја личност ти одговара или не, ако не поминеш одредено време во врска со неа? Што ако склучиш брак и не ти одговара? Како може да сметате за погрешно нешто кое сиот нормален свет го смета за нешто најнормално?

4. Дали си свесен дека ова е едно од основните човекови права - правото на слободна мисла и изразување! Како може критиката да биде сметана за бунт? Зошто тогаш исламот ги критикува западните земји? Значи и тоа е бунт против нив?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom