Се сложувам дека муслиманинот е осетлив на критики за религијата, но ако тој е осетлив зошто не гледа дека и другите што не се муслимани се осетливи?
Зарем христијанинот не е осетлив на навреда кога некој муслиман не затвора уста зборувајќи како Исус не е бог ами пророк и дури одат до таму што велат и дека христијанскиот триделен бог е глупост?
И замисли, тоа го прават во држава која е христијанска по мнозинство...
Како така? Дали муслиманинот има чувство спрема другите што не се муслимани?
Според ова што јас го читам - муслиманинот само ги искористува демократските закони и проповеда како исламот е најдоброто и највистинското нешто, а копнее по шеријатска држава. Не е тоа политички процес кон дестабилизација на една држава и туркање на демократијата надолу?
И зошто да се биде осетлив за религијата? Тоа ми е прашањето и затоа постојано повторувам едни исти прашања?
Зошто муслиманите велат кога некој ги критикува нивните верувања и пракси, дека исламот е навреден или богот или пророкот?
Како може нешто како религија да е навредено? Како може пророкот да е навреден?
Од друга страна, зошто муслиманинот се навредува ако некој го црта Мухамед во смешни слики или го користи за било што за исмејување на пример? Ако е муслиман, зарем не верува дека богот во кој што верува, секако ќе го фрли тој „проклетник“ во пеколот бидејќи се исмевал на совршената ви религија?
Зошто муслиманинот се навредува, а навредува други што не се муслимани, и смета дека е во право бидејќи тие секако се неверници?
Ти не лично, но ете некои муслимани тврдат дека сите сме алахови чеда, дури и оние кои не се верници, автоматски се неверници и се под јурисдикција на вашиот бог, а со тоа и подложни на казни...
Можеби сега не живееме во таква шеријатска држава, но со ваквото лошо преставување на исламот, како демек дава слобода на избор со која секако ќе бидеш убиен ако си во шеријатска држава и не си според тие закони кои се косат со правата на поединецот за слободно дејствување на земјата, имаме шанси за таква држава! Тоа не смее да се дозволи во држава која има свои закони.
Човек да се подзамисли...
Така да тоа „твој избор“ не постои - штом не си како што вели исламот поединецот е во грешка... Така ги навредувате сите кои не се муслимани!
Не зборев за лично ти што велиш...
П.С.
Прави што ти е волја - е лична волја која е еднаква со божествената. Нешто што те израмнува со богот, што мислам дека не е баш дозволиво во исламот.
Да не беше така, ќе зборувавме - Прави што сакаш

Има разлика но тоа на друга тема, не тука.