Христијанството е религија која има најголем број на припадници. Како факт, 33% од популацијата на светот или 2.1 милијарда луѓе, се сметаат за дел од христијанството. Почнувајќи од својот основач, Исус Христос, и зголемувајќи се под службата на апостолите, христијанската црква прерасна во огромна сила во светот. Но сепак христијанската црква има доживеано многу поделби. Големиот раскол, протестантската реформација, и многу други движења водеа до голем број на цркви кои себеси се нарекуваа христијани. Две илјади години по нејзиното основање, христијанската религија се уште треба да се осврнува на нејзините основи кои биле поставени од Исус Христос и Неговите апостоли.