Прашања за Исламот I

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
За предисламските култови и верувања кај Арапите и нивното влијание врз исламот има различни теории, па веројатно тука се вбројува и таа за богот на месечината.
Сепак, римокатолицизмот својата агресивна форма, од вакви размери (да има толку големо влијание врз светските прилики), ја достигнува во периодот по 9 век. Тоа кулминира во 11 век со крстоносните војни, посебно во времето на папата Инокентиј 3 и трае можеби и до денешно време. Редот на Језуитите, формиран од Игнациј Лојола во 16 век, секако има посебна улога во ширењето на влијанието и моќта на католицизмот, но тој е од подоцнежен период. Како и да е, не може да се каже дека некоја христијанска црква влијаела непосредно и со умисла врз создавањето на исламот. Инаку, постојат и конспиративни теории (соодветни на горниве) дека Евреите биле тие што го создале исламот за да биде противтежа или разорител на христијанството. Тоа секако е уште еден анахронизам, каде што денешните проблеми и судири се пренесуваат во минатото.
Секоја вера си има свој развоен пат, кој не може секогаш да се следи и е сложен исто колку и човечката психа.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Каков е ставот на муслиманите околу крстоносните војни?
 
Abi

Член од
15 март 2010
Мислења
17
Поени од реакции
1
1. како тоа му било ветено на Мухамед дека неговите следбеници ќе го надминат бројот на следбеници на Исус(Иса) кој вие признавате дека постоел и дека бил пратеник од Господ пред Мухамед(6 века)?
Зарем тоа не е малку себично да се потиснува еден пратеник кој е исто од Бог и да се издигнува некој друг? Не мислам дека Бог(Аллах-зошто еден е Бог) сакал да му даде такво ветување на Мухамед, пред се зошто знаел дека ќе има ваква борба меѓу Исламот и Христијанството каква што има денес, во која загинаа толку многу луѓе,чеда на Бог, а тој не би сакал неговите чеда да загинат во борба меѓу двата негови пратеници.

Однапред благодарам на одговорите

Бев со намера да дадам што побрзо одговор на вашите (твоите) прашања, но навистина времето брзо минува и кое според исламското учење се смета дека брзото минување на времето е еден од предзнаците на близината на Судниот Ден.
Пред да дадам одговор на поставените прашања, ги разгледав постирањата на членовите и забележав дека се направил „прекрасен хаос„ на овој дел од форумот. Се поставуваат прашања кои се веќе одговорени а и се поставуваат само со цел да се убие времето без намера да се земе поука од дадените одговори и да се развие еден хармоничен виртуелен „муабет„. Од друга страна, на поставените прашања даваат одговори неадекватни членови кои не се во можност да дадат соодветен одговор, при тоа узурпираеќи ја задачата на членот „Омер Ел Фарук„ да даде одговор, кој јас лично сметам е најадекватно стручно спремен да даде компетентен одговор. Исто така имам забелешка на некои членови кои во нивниот жаргон употребуваат вулгарни зборови (покрај укорот на коректниот модератор) кои би требало и адекватно да се санкционираат. Нејсе.

Драга „радице„ пред се прости ми за доцнењето на одговорите и не е оправдано на припадниците на последната Божја Објава, ветеното да не го исполнат.

1. Тука ќе одпочнам со цитарање на еден хадис (изјава) на Пратеникот Мухаммед (нека е Божјиот мир и спас врз него), кој(хадис) според класификацијата е на степен од веродостојни хадиси и го пренесуваат независно еден од друг(муттефекун алејхи), Бухари и Муслим, а кои представуваат авторитети во собирање на изјави на Пратеникот с.а.в.с.
Се пренесува од Ибн-Абас, р.а., кој вели: Рече Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.: Предочени (прикажани) ми беа народи па видов Пратеници и со нив мала група следбеници (рехт. група од 3-10) и видов Пратеници и со нив еден човек или двајца и Пратеници со кој нема никого. Потоа ми беше прикажана бројна група, па помислив дека е мојот уммет (следбеници). Тогаш ми беше речено: Овој е Муса (Мојсеј) и неговиот народ, но погледај кон тој крај, погледнав и видов огромна група, па ми беше речено: Погледај на другиот крај, тогаш таму повторно голема група и ми беше речено: Овој е твојот уммет и со нив седумдесет илјади, кои ќе влезат во Џеннет (Рај) без полагање сметка и без предходна казна.
Пренесувањето продолжува понатаму, но за нашава расправа е без релеватна содржина.
Принуден сум да изнесам уште еден хадис кој ќе даде појасна слика на твоето прво прашање ИншАллах (ако Бог даде).
Ќе изнесам хадис од Бухариевата збирка хадиси книга 4 стр.532 број на хадис 125, каде стои синџир на пренесувачи до Ибн Омер кој го слушнал Пратеникот с.а.в.с.(р.а.) кој рекол:
„ Рокот на вашиот живот во однос на животниот рок на народите кои биле пред вас е како времето од икиндискиот намаз (попладневната молитва) до заоѓањето на сонцето. Вашиот случај, како случајот на евреите и христијаните,е слично како човек да земе работници под наем и да им рече: „Кој ќе ми работи до пладне за еден кират(вредносна сума) и евреите работеле до пладне за еден кират, а потоа човекот ќе рече: „ Кој ќе ми работи од пладне до икиндиското (попладневно) време за еден кират? „И христијаните работеле за еден кират од пладне до икиндиско време, а потоа човекот ќе рече: „Кој ќе ми работи од икиндиското време до заоѓањето на сонцето за два кирата? Вие (муслиманите) сте тие кои имате двократна награда.
Евреите и христијаните се налутиле и рекле: „Ние повеќе работевме, а помалку добивме„ , а Аллах ќе ги праша: „ Дали нешто ви смалив од вашето право„?
„Не, „ ќе речат тие, а Тој потоа ќе рече:
„Тоа е Моја милост и Јас ја давам кому што сакам.„
Ако внимателно ги проследиме горе наведените хадиси ќе уочиме дека во првиот хадис е фаворизиран Мухаммед а.с. со најбројна група следбеници а муслиманите на прв поглед изгледа дека се фаворизирани со наградата во однос на другите две небески вери?! Зошто е тоа така?
Еве мое лично толкување за кое јас ја снесувам целата одговорност за следниве редици.
Ако чесно и поштено, без предрасуди и стереотипи, да елаборираме кој од трите небески вери најверодостојно и автентично ги следи начелата на верата и се придржува на критериумите на оргиналните непосредни пренесувања на Божјите Пратеници, без примеси на паганизам и новотарии, ќе уочиме веднаш дека тоа денес го прават само муслиманите, кои доследно го следат непосредното упатство на Божјиот Пратеник и до денешницава 1431 год. оригинално сочуваната Книга-Светиот Куран.
Евреите и христијаните ги деградираа Божјите атрибути и ги сведоа на човечки карактеристики при тоа далеку одалечуваеќи се од изворните начела на тогашните Божји Пратеници. Во стариот завет кој им беше доверен на Исраилчаните, а кој денес го нема во оргинална форма, ќе наидеме на пасажи каде стои дека „Бог„ изведува борилачки вештини со еден од неговите пратеници?! Боже простими, каков е тој „Бог„ кој е сведен на толку ниско ниво и кој има ангели за свои ќерки а машките деца им припаѓаат на „одбраниот народ„ и „Бог„ кој е сиромав, како стои во нивниот талмуд?!
Денешните „Христијани„ Божјата трансцеденталност ја отелотворија во стар човечки облик прикажан со бела брада, а Божјиот роб и Божји Миленик Иса(Исус) а.с. го истоветие со Бога и му дадоа божји атрибути и од Еден Единствен Бог, направија троица а за тоа немаат никакви докази.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.731
Поени од реакции
12.162

Тоа го направија извртени умови и стриповите, а не христијаните. Но, не би требало да браниш една религија преку напад или исмевање на друга...тогаш џабе ти се сите зборови за добрина и милозливост.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Пред да дадам одговор на поставените прашања, ги разгледав постирањата на членовите и забележав дека се направил „прекрасен хаос„ на овој дел од форумот. Се поставуваат прашања кои се веќе одговорени а и се поставуваат само со цел да се убие времето без намера да се земе поука од дадените одговори и да се развие еден хармоничен виртуелен „муабет„. Од друга страна, на поставените прашања даваат одговори неадекватни членови кои не се во можност да дадат соодветен одговор, при тоа узурпираеќи ја задачата на членот „Омер Ел Фарук„ да даде одговор, кој јас лично сметам е најадекватно стручно спремен да даде компетентен одговор. Исто така имам забелешка на некои членови кои во нивниот жаргон употребуваат вулгарни зборови (покрај укорот на коректниот модератор) кои би требало и адекватно да се санкционираат. Нејсе.
Навредливите зборови и постови во целост ќе ве замолам да ги пријавувате на „Пријави лошо мислење“ копчето под аватарот на мислењето кое го сметате дека не е соодветно и прекршува правила на однесување.
Јас се што наоѓам дека е навредливо за било која Религија се трудам да го санкционирам, избришам, предупредам членот кој истото го направил ...
сепак нешто може и да ми се провлече .. затоа употребувајте ја таа опција .. сепак подфорумов е Религија и нема да дозволам навреда од било кој член до било која религија ..

Шо се однесува до „прекрасен хаос“ :) и повторувањето на веќе одговорени прашања ... тоа е нешто кое неможе да се забрани ... сепак некои со намера да испровоцираат, но некои и со искрена намера, а има теми со премногу страни за да се пронајде одговорот кој бил даден ... ваше право е (до сите Религии) дали повторно ќе одговорите, дали ќе игнорирате, дали ќе посочите на веќе дадениот одговор итн ...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Abi
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Тоа го направија извртени умови и стриповите, а не христијаните. Но, не би требало да браниш една религија преку напад или исмевање на друга...тогаш џабе ти се сите зборови за добрина и милозливост.
Tocno taka (za boldiranoto)....zatoa sto bilo koja druga religija moze da go napravi istoto - da ismeva za da se uvelici samata sebe.

Inaku, kako Islamot ja gleda prirodata? Dali deka covekot e pobiten i iznad zivotnite i rastenijata ili deka site sme ednakvi?
 
Abi

Член од
15 март 2010
Мислења
17
Поени од реакции
1
Тоа го направија извртени умови и стриповите, а не христијаните. Но, не би требало да браниш една религија преку напад или исмевање на друга...тогаш џабе ти се сите зборови за добрина и милозливост.

Навистина не ми е целта да етаблирам нешта кои немаат исправна позадина.Фактите кои ги наведов не се исмевање на една религија, туку указ на грешките кои ги прават денешните „евреи„ т.е.„христијани„ впрочем Бог (Аллах) во последната Божја Објава, ве нарекува ехлил китабије-следбеници на книгата и во тој контекст треба и да дискутираме.
Тоа го направија извртени умови и стриповите, а не христијаните.
Тука не се согласувам со тебе по втората точка , оти стриповите се изум на денешницава, а фактите кои ги наведов во мојот пост, датираат од далечно минато.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Навистина не ми е целта да етаблирам нешта кои немаат исправна позадина.Фактите кои ги наведов не се исмевање на една религија, туку указ на грешките кои ги прават денешните „евреи„ т.е.„христијани„ впрочем Бог (Аллах) во последната Божја Објава, ве нарекува ехлил китабије-следбеници на книгата и во тој контекст треба и да дискутираме.
.
I toa ne e dobro. Ne ukazuvaj na tugi greski koga sakas da objasnis nesto za svojata religija. Jas, kako pripadnik na sasvim treto veruvanje bi mozela da ukazam na tolku mnogu raboti sto vo moi oci hristijani i muslimani pravat gresno - ali apstiniram.

Inaku, imav i ja prasanje:

kako Islamot ja gleda prirodata? Dali deka covekot e pobiten i iznad zivotnite i rastenijata ili deka site sme ednakvi?
 
Abi

Член од
15 март 2010
Мислења
17
Поени од реакции
1
I toa ne e dobro. Ne ukazuvaj na tugi greski koga sakas da objasnis nesto za svojata religija. Jas, kako pripadnik na sasvim treto veruvanje bi mozela da ukazam na tolku mnogu raboti sto vo moi oci hristijani i muslimani pravat gresno - ali apstiniram.

Inaku, imav i ja prasanje:

kako Islamot ja gleda prirodata? Dali deka covekot e pobiten i iznad zivotnite i rastenijata ili deka site sme ednakvi?
Навистина многу убаво прашање и заслужува адекватен одговор, па се обидов да дадам се од себе „скромно„ да одговорам.
Свеопфатноста и универзалноста на Исламот како вера и концепт на животот, се со сигурност специфики кои стално го прават актуелен и активен соучесник во сите настани низ историјата на човештвото, така да едноставно не постои подрачје ниту област на кое Исламот не дал свој суд и забелешка, често и многу порано од оние кои се сметаат за зачетници на дадената област или идеа.
Тоа природно произлегува од оригиналноста на Куранот како единствена сочувана Божја објава и прецизно забележаниот и пренесен суннет на Божјиот Пратеник с.а.в.с., во кои се општо, а често и детално објаснети сите прописи врзани за овој и идниот свет.
Муслиманот, на се што го опкружува, без обзир дали се работи за живи суштества или нежива материја, гледа како створениа кои се креирани со некоја цел од Божјата мудрост, која човекот некогаш ја сфаќа а некогаш му останува скриена. Во исто време тој е убеден да тие створениа Бог го фалат и величаат, на нас неразбирлив начин како сто стои во ајетот:
„Него го слават и седумте небеса и Земјата, и она што е на нив. И не постои ништо што, со благодарноста своја, не Го слави, но вие не го разбирате славењето нивно! Он навистина е Благ и Простувач.„ (Ел-Исра, 44).
Живите суштества всушност се засебни светови кои егзистираат во човековата близина како што вели Бог во сурето Ел-Енам,38 ајет.
„И животните кои одат по земјата и птиците кои летаат со крилјата вам ви се слични, заедници…„ .
Поради тоа безпотребното убивање и уништување на животните и билките, човекот всушност го уништова засебниот свет кој на Бог стално го слави и кој е повеќе Му е покорен од поголем број луѓе.
„Не знаеш ли дека на Аллах, секако, на сеџде му паѓа се она што е на небесата и на Земјата, и Сонцето и Месечината, и ѕвездите и планините и стеблата и животните и, исто така, многу меѓу луѓето, а многумина и ја заслужуваат казната…„ (Хаџ, 18).
Во една прилика Божјиот Пратеник с.а.в.с. поминувал низ некоја група луѓе кои седеле на своите јавачки (камила, коњ, магаре, итн.) и
разговарале па им рекол: „ Јавајте ги смирено и симнувајте се од нив мирно, и не правете ги фотелји на кои ќе разговарате на патишта и пазари, а можеби јавачката е подобра, и на Аллах повеќе го споменува, од оној кој ја јава.„
Сите створениа на небото и Земјата, го признале Мухаммед с.а.в.с. и неговото пратеништво, освен непокорните луѓе и џинни (за нас невидливи створениа).

Во основа шеријатското право забранува убивање на животни освен доколку се појави реална потреба или се работи за животни кои му нанесуваат штета на човекот. Пратеникот с.а.в.с. забранал убивање на се што има душа, освен ако нанесува штета и непријатност. Дури и ловот, кој е дозволен според консензусот на исламските научници, постанува забранет ако се сведува на забава, вежбање на гаѓање,или собирање сувенири.
Абдуллах ибн Омер р.а. поминувал покрај група луѓе кои поставиле како мета кокошка, па ја гаѓале со стрели. Кога го виделе Ибн Омер се разбегале а тој запрашал:„Кој ова го сторил? Навистина Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. ги проколна оние кои за цел земаат се што има душа„
Од тука гледаме дека Исламот од општите хумани прописи ги претекнал „современите„ закони за повеќе од 1400 години.

За крај еве два хадиса кои се поврзани за оваа тема:
1. Божјиот Пратеник с.а.в.с. рекол:
„Ако во раката држите садница, па погледате дека небескиот свод се кине (т.е. ако погледате настапува потопот)-сепак посадетеја!„
(во смисла: нека барем малку поживи)

2. Божјиот Пратеник с.а.в.с. поминуваеќи со своите другари покрај едно ридче , рекол наглас:
„Ние го сакаме оваа ридче а и тоа не сака нас„
 
Fala Abi za iscrpniot odgovor. Srekna sum da vidam deka vo edna organizirana religija se sledat starite paganski veruvanja za socuvuvanje i respekt kon se okolu nas :smir:
 
Фан на Интер

Rasturac na ZABAVI
Член од
26 јануари 2010
Мислења
612
Поени од реакции
22
Fala Abi za iscrpniot odgovor. Srekna sum da vidam deka vo edna organizirana religija se sledat starite paganski veruvanja za socuvuvanje i respekt kon se okolu nas :smir:
Zosto se se prestavuva kako pagansko pa Islamot ne zapocnuva pred 1400godini Islamot e uste od samoto stvaranje na Svetot i opstojuva dodeka opsojuva svetot zosto toa nekako vi e nesvatlivo, Muhamed a.s ne go izmislil Islamot toj samo go potvrdil ona sto bilo od Porano od samoto stvoruvanje na Adem i Ava a.s Islam=Veruvanje vo Eden i Edinstven Bog i Veruvanje deka se e pod negova mok
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Muhamed a.s ne go izmislil Islamot toj samo go potvrdil ona sto bilo od Porano od samoto stvoruvanje na Adem i Ava a.s Islam=Veruvanje vo Eden i Edinstven Bog i Veruvanje deka se e pod negova mok
Каква беше религијата на арапскиот полуостров пред Мухамед? во што веруваа арапите пред тој да почне да проповеда?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.731
Поени од реакции
12.162
во што веруваа арапите пред тој да почне да проповеда?
И мене ова ме интересира...

и нешто за практичниот живот...Дали на муслиман му е дозволено да носи панталони до над колена и дали му е забрането да се соблече со соодветна облека за капење (бермуди пример) на плажа пред други луѓе? И зошто (неодамна ми беше спомнато) наводно ако сопругот во Турција изневери, му следи казна удари со стап, а сопругата треба да е осудна на смрт? Така ми беше кажано од комшија муслиман кој, иако гледам почнал да го изучува, не знаеше да одговори точно која е причината.
 
Фан на Интер

Rasturac na ZABAVI
Член од
26 јануари 2010
Мислења
612
Поени од реакции
22
Каква беше религијата на арапскиот полуостров пред Мухамед? во што веруваа арапите пред тој да почне да проповеда?
Znaci spored tebe samo Arapskiot poluostrov e reper za Islam ostali svet je druga prica, Islamot peku Muhamed a.s samo im e praten na Arapite i Arapskiot poluostrov posto tie bile najzabegani , a se pojavil na planetata zemja
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom