1. како тоа му било ветено на Мухамед дека неговите следбеници ќе го надминат бројот на следбеници на Исус(Иса) кој вие признавате дека постоел и дека бил пратеник од Господ пред Мухамед(6 века)?
Зарем тоа не е малку себично да се потиснува еден пратеник кој е исто од Бог и да се издигнува некој друг? Не мислам дека Бог(Аллах-зошто еден е Бог) сакал да му даде такво ветување на Мухамед, пред се зошто знаел дека ќе има ваква борба меѓу Исламот и Христијанството каква што има денес, во која загинаа толку многу луѓе,чеда на Бог, а тој не би сакал неговите чеда да загинат во борба меѓу двата негови пратеници.
Однапред благодарам на одговорите
Бев со намера да дадам што побрзо одговор на вашите (твоите) прашања, но навистина времето брзо минува и кое според исламското учење се смета дека брзото минување на времето е еден од предзнаците на близината на Судниот Ден.
Пред да дадам одговор на поставените прашања, ги разгледав постирањата на членовите и забележав дека се направил „прекрасен хаос„ на овој дел од форумот. Се поставуваат прашања кои се веќе одговорени а и се поставуваат само со цел да се убие времето без намера да се земе поука од дадените одговори и да се развие еден хармоничен виртуелен „муабет„. Од друга страна, на поставените прашања даваат одговори неадекватни членови кои не се во можност да дадат соодветен одговор, при тоа узурпираеќи ја задачата на членот „Омер Ел Фарук„ да даде одговор, кој јас лично сметам е најадекватно стручно спремен да даде компетентен одговор. Исто така имам забелешка на некои членови кои во нивниот жаргон употребуваат вулгарни зборови (покрај укорот на коректниот модератор) кои би требало и адекватно да се санкционираат. Нејсе.
Драга „радице„ пред се прости ми за доцнењето на одговорите и не е оправдано на припадниците на последната Божја Објава, ветеното да не го исполнат.
1. Тука ќе одпочнам со цитарање на еден хадис (изјава) на Пратеникот Мухаммед (нека е Божјиот мир и спас врз него), кој(хадис) според класификацијата е на степен од веродостојни хадиси и го пренесуваат независно еден од друг(муттефекун алејхи), Бухари и Муслим, а кои представуваат авторитети во собирање на изјави на Пратеникот с.а.в.с.
Се пренесува од Ибн-Абас, р.а., кој вели:
Рече Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.: Предочени (прикажани)
ми беа народи па видов Пратеници и со нив мала група следбеници (рехт. група од 3-10)
и видов Пратеници и со нив еден човек или двајца и Пратеници со кој нема никого. Потоа ми беше прикажана бројна група, па помислив дека е мојот уммет (следбеници)
. Тогаш ми беше речено: Овој е Муса (Мојсеј)
и неговиот народ, но погледај кон тој крај, погледнав и видов огромна група, па ми беше речено: Погледај на другиот крај, тогаш таму повторно голема група и ми беше речено: Овој е твојот уммет и со нив седумдесет илјади, кои ќе влезат во Џеннет (Рај)
без полагање сметка и без предходна казна.
Пренесувањето продолжува понатаму, но за нашава расправа е без релеватна содржина.
Принуден сум да изнесам уште еден хадис кој ќе даде појасна слика на твоето прво прашање ИншАллах (ако Бог даде).
Ќе изнесам хадис од Бухариевата збирка хадиси книга 4 стр.532 број на хадис 125, каде стои синџир на пренесувачи до Ибн Омер кој го слушнал Пратеникот с.а.в.с.(р.а.) кој рекол:
„ Рокот на вашиот живот во однос на животниот рок на народите кои биле пред вас е како времето од икиндискиот намаз (попладневната молитва)
до заоѓањето на сонцето. Вашиот случај, како случајот на евреите и христијаните,е слично како човек да земе работници под наем и да им рече: „Кој ќе ми работи до пладне за еден кират(вредносна сума)
и евреите работеле до пладне за еден кират, а потоа човекот ќе рече: „ Кој ќе ми работи од пладне до икиндиското (попладневно)
време за еден кират? „И христијаните работеле за еден кират од пладне до икиндиско време, а потоа човекот ќе рече: „Кој ќе ми работи од икиндиското време до заоѓањето на сонцето за два кирата? Вие (муслиманите)
сте тие кои имате двократна награда.
Евреите и христијаните се налутиле и рекле: „Ние повеќе работевме, а помалку добивме„ , а Аллах ќе ги праша: „ Дали нешто ви смалив од вашето право„?
„Не, „ ќе речат тие, а Тој потоа ќе рече:
„Тоа е Моја милост и Јас ја давам кому што сакам.„
Ако внимателно ги проследиме горе наведените хадиси ќе уочиме дека во првиот хадис е фаворизиран Мухаммед а.с. со најбројна група следбеници а муслиманите на прв поглед изгледа дека се фаворизирани со наградата во однос на другите две небески вери?! Зошто е тоа така?
Еве мое лично толкување за кое јас ја снесувам целата одговорност за следниве редици.
Ако чесно и поштено, без предрасуди и стереотипи, да елаборираме кој од трите небески вери најверодостојно и автентично ги следи начелата на верата и се придржува на критериумите на оргиналните непосредни пренесувања на Божјите Пратеници, без примеси на паганизам и новотарии, ќе уочиме веднаш дека тоа денес го прават само муслиманите, кои доследно го следат непосредното упатство на Божјиот Пратеник и до денешницава 1431 год. оригинално сочуваната Книга-Светиот Куран.
Евреите и христијаните ги деградираа Божјите атрибути и ги сведоа на човечки карактеристики при тоа далеку одалечуваеќи се од изворните начела на тогашните Божји Пратеници. Во стариот завет кој им беше доверен на Исраилчаните, а кој денес го нема во оргинална форма, ќе наидеме на пасажи каде стои дека „Бог„ изведува борилачки вештини со еден од неговите пратеници?! Боже простими, каков е тој „Бог„ кој е сведен на толку ниско ниво и кој има ангели за свои ќерки а машките деца им припаѓаат на „одбраниот народ„ и „Бог„ кој е сиромав, како стои во нивниот талмуд?!
Денешните „Христијани„ Божјата трансцеденталност ја отелотворија во стар човечки облик прикажан со бела брада, а Божјиот роб и Божји Миленик Иса(Исус) а.с. го истоветие со Бога и му дадоа божји атрибути и од
Еден Единствен Бог, направија троица а за тоа немаат никакви докази.